Од шпанските серии научив дека пред да стапам со некој во брак, или пак само врска прво треба ДНК да направам зошто можеби ми е брат или татко...
Можеме да извлечеме и поука, ако видиш мртов на земјата БЕГАЈ! -ако не најдат доволно докази ти ќе бидеш крив и ќе лежиш ќинсе ањос а ла карсел Барем шпански научивме .
Дека докторот во сеијата е доктор од сите области и се разбира во се, кардиолог, стоматолог, гинеколог, невролог, ортопед, уролог, педијатар ................. ги реша сите операции, и да докторот доаѓа дома за да не се мачиш да одиш до болница!
дека газдата на куќата имал тајна врска со некоја од слугинките и е многу заљубен во неа ама секогаш постои неговата лоша мајка која не дозволува да се гледаат и одеднаш девојката останува трудна и нормално прво мајка му дознава и ја прогонува од куќата тој ја бара неможе да ја најде едно дваесетина години и по некоја случајност се запознава со своето дете и ја пронаоѓа старата љубов.
Толку многу... Секогаш запишувај си ги поважните работи може да испадне да си бремена ама да го имаш заборавено тоа. Секогаш распрашувај се за своите семејни корени бидејќи може да испадне дека татко ти ти е брат,а мајка ти дедо,а пак сестра ти мајка,а тетка ти ти е тетин (го сменал полот) Секогаш внимавај кој те мерка бидејќи може да испадне некој мафијаш да те сака па да те вработи како слугинка. Секогаш биди храбра и враќај им на богатите бидејќи кога ќе ти се запали куќата ќе те засакаат. Нучив дека никогаш да не се откажувам од соништата и да не престанам да се надевам бидејќи на крајот ќе испадне да живеам во куќа како оваа Ќе имам приватен авион, ќе имам згоден маж како овој ,но ќе ме мерка и неговиот брат
Од шпанскиве сауници верувам дека најпрво научивме како да се караме и како да се дереме, а ако некој не дај Боже умира тогаш треба да се увериме дека секој ја осеќа нашата болка па во хор сите да се дереме НО ДИОС МИО НОООООО Ако случајно сте погати тогаш обавезно имате злобна мајка, или немате мајка туку имате злобна маќеа, татко ви секогаш ве сака али он е глуп и наивен и ништо не сфаќа, освен тоа секогаш умира. А кога ќе се заљубите, тоа мора да биде во некое забрането суштество, во кое се заљубени и милион други, па све ќе се сведува на карамо се, тепамо се, е*амо се .... Некој обавезно ви остава наследство околу кое се тепаат сите, али на крај мора вие да го добиете пошто сте главна улога и нели светица-светец во серијата И после сите пресврти и препреки кои се наоѓаат на вашиот пат, вие успевате да ги пребродите сите, па дури и 3-4 пати успешно да побегнете од работ на смртта и сеа мора да си живеете нели среќно до крајот на животот. Бурата пројде и сеа више нема да имате никакви проблеми пошто е нели крај на серијата а вие си се сакате нај ФИН
Млада убава девојка се вљубува во исто млад и згоден маж.. и се е во ред додека неговата маќеа не се здружи со неговата бивша и и го загорчуваат животот на девојката. понатаму братот на нејзиниот дечко станува нејзин маж а таткото ја свиѓа..кон средината како колуминација таа дознава дека си е мајка сама на себе си и решава да се самоубие.. одкако ќе умре нејзиниот бивш ќе открие дека всушност таа е жива ама има амнезија. и така на крајот сите се живи и здрави и си живеат среќно до крајот на животот.
Се разденува над прекрасниот ранч.50-тина работници претрчуваат ваму таму и ги седлаат коњите.Готвачката на имотот мора да е 200 кила и сите во куќата да ги сака како да им е мајка.Го спрема појадокот а пак онаа мрзеливата Фернанда ја држи крпата и прислушкува на вратата.Влегува добриот газда Хулио Перез Гомез и седнува да појадува.А ете ја таа негова злобна жена Јоланда.Ама пред него е ангел.Се караат и кажува дека не ја сака а таа фатена како пијан за плот те амо но ме дехес порфавор.и по 100 години брак овој е несреќен оти мајка му не го оставила да ја земе слугинката во која се заљубил и како секогаш починала веднаш откако го родила нивното дете.Тоа дете е обавезно убава девојка по име Марианхел нели по тоа дека личела на ангел.и оттука таа е израстена од некоја кутра баба која ја вика абуелита и нон стоп се моли Ај вирхенсита де гвадаљупе порфавор џо сој муј буена порке ме асес есто??? и ете го попот ја средува ситуацијата.воглавно нема тајна што не ја знае ама ќе ја открие тек на крајот на серијата.Но те прокупес иха диос еста кон тиго.И ете го момчето од нејзините соништа Мануел и обавезно се заљубуваат на прв поглед.Ама таа ќерката на еден богаташ го сака овој и цел филм си прави сплетки.Марианхел нема работа и случајно оди на ранчот и татко му ја препознава оти е иста како нејзината почината мајка.и таа наеднаш богаташка е ама не го прифаќа богатството оти е многу чесна.е сега жена му на Хулио Перез Гомез е злобна нели а има иста таква злобна ќерка па сака богатството да и припадни нејзе па прават триста планови за да ја убијат,и и ставаат отров на Марианхел во тортата.ама на крај кога Мануел ќе му дојде на кавга и ќе плачи но ме ља китес ља амо диос мио там там там се разбудува.А пак таа вљубената во Мануел е богата нели па си наоѓа едно сиромашно момче кое воопшто не ја сака заради парите и си се земаат.Маќеата и полусестрата на Марианхел се во затвор..там там там..Последна епизода...свадба обавезно во дворот на ранчот и сите среќни насмеани....ФИН
Не се однесувај лошо со твојата куќна помошничка,бидејќи на крајот ќе дознаеш дека таа е твојата мајка.(мислам...во секоја шпанска серија е така)
Млада и убава девојка со ангелски изглед се вика Мучачита Чикита Хуанита Флоресита, продава цвеќиња, јаболки, јајца на улица. Одеднаш проаѓа јако џипче и ја удира. Од џипчето искача згоден висок тип Омбресито Бонито Мигел ја носи у болница, а после кај него дома ( у огромна палата ) да мирува, а слугинката кога ќе дознае која е покажува посебна наклонетост кон неа. Тогаш кажуваат на нејзините каде е и они се извадени од памет пошо уствари има тајна која само они ја знаат. Пробуваат да ја извадат од куќата али Мучачита Чикита Хуанита Флоресита е заљубена у Омбресито Бонито Мигел и нејќе да си иде...Се открива тајната дека уствари нејзе ја родила слугинката, а татко и е газдата. И кога се дистанцираат еден од друг пошо нели љубовта им е забранета, се дознава дека мајка му на Омбресито Бонито Мигел уствари го варала татко му и татко му не му е татко Таткото откако ќе дознае доживува инфаркт и остава тестамент во кој признава дека Мучачита Чикита Хуанита Флоресита му е ќерка и се и остава на неа, а Флоресита као неверува и увредена е што е наследничка и не го сака богатството. Кога жена му ќе дознае иако до сега ја мрзела, одеднаш станува фина со неа и многу ја сака, а единствена цел и е да ја одвои од Мигел. Тука се појавува стара познаничка на Флоресита, Марсија со која ужасно се мразеле и од некоја икс причина се доселува во куќата. После као Флоресита и Мигел ќе се скараат за ситница и Мигел се опијанува до даска. Кога се враќа дома Марсија го сретнува во ходникот и му помага да стигне до креветот, каде легнува со него и демек ја поминуваат ноќта заедно. За после некое време кога Мигел и Флоресита ќе се смират, оваа да објави дека е трудна и дека детето е на Мигел, а пошо мигел не се сеќава што правел таа ноќ толку е сигурен дека детето е негово што не му треба ДНК. Флоресита пошо е многу фина се откажува од љубовта на Мигел за добро на детето и си иде. Иако несреќен Мигел се спрема за венчавка со Марсија, и на денот на венчавката ја слуша Марсија како си збори сама со себе дека успеала во намерите и ја дознава вистината. Ја наоѓа Флоресита меѓу гостите на свадбата како тагува во прегратките на друг. Се кара со него и и ја кажува вистината. Флоресита одма се подава и го замолува другиов да ја разбере, а пошо ја сака он ја разбира и ја носи до олтарот каде се мажи со Мигел. А Марсија или завршува во лудница, или во затвор, или без рака, око, нога. И сите се среќни на крајот
Побогу ме подготвија за највечата ми криза у живота ми, кога и да е! И ме натераа да пресечам е баш вака: http://www.youtube.com/watch?v=W4AU8N12JNQ
Најполезно е тоа што го научивме шпанскиот Инаку, знаеме дека ако умреш може да те замрзнат и кога ќе најдат лек да те одмрзнат и да си живееш нормално! Знаеме дека ако си во кома 20 години, ти сепак ќе оживееш и тоа токму во моментот кога некој ти зборува. Знаеме дека се се случува пред и после венте ањос! Ако треба да работиш како сирвјента, но те прокупес, 100% работиш кај татко ти! Ел падресито ги знае сите тајни и на крај ги издава (совет: не се исповедувај) Ако си згодна, млада, убава, сиромашна/богата-ти си главен лик! Со тоа што, ако си сиромашна си добра, а ако си богата си лоша. Умрената ти мајка е жива и ќе се врати по венте ањос! Со амнезија. Сакај си ја маќеата, постои голема веројатност дека била во затвор(се знае колку години), а сега се премажила за татко ти, за да биде блиску до тебе! Секако дека те напуштила кога ти си била мала, но татко ти не ти ја кажал вистината за да не се срамиш! Такси има секогаш кога ти треба! Врни само ако си дома и немаш потреба за надвор. Или си можеби со дечко ти, па уживате заедно. Гитвачката е стара жена, дебела бабачко, ги сака сите како да им е мајка, а тебе посебно и ја викаш нана. Дури и да ослепи можеш се без помош да правиш. Вујна ти, стрина ти, тетка ти која е инвалид, лаже! Не е инвалид, туку се преправа! Ако мажот ти умре, ти можеш да се вселиш кај девер ти и притоа ќе се заљубиш во него. а тој има луда жена, која не ја сака, па штом дојдеш ти тој се разведува од неа! Целото твое семејство работи во фирмата и или ви оди најдобро или сте пред банкрот! Накратко, се што научивме е научна фанстатика!