Pues mis senoritas asi: -Aprendi la idioma, se escribir, leer y hablar... -Mi padre no es mi padre porque yo soy hija de un detective de policia y nasi 7 mes despues de la boda de mis padres. Mi hermano me odia, porque el ni siquiera es mi hermano (es hijo de mi supuesto padre y de su amante)... y eso es eso... Ај сеа превод (за оние кои не разбраа се) -Го научив јазикот, знам да пишувам, читам и зборувам... -Татко ми не ми е татко, затоа што сум ќерка на полициски детектив и сум се родила 7 месеци после венчавката на моите. Брат ми ме мрази, затоа што он не ми е брат (син е на мојот наводен татко и неговата љубовница)....и тоа е тоа
И уште нешто: знајте дека ако несакано останете бремена, само паднете по скали. Бебето ќе го изгубите, а вие ќе останете подтполно здрави!!
Погребот трае 20 епизоди, таткото или мајката секогаш доживуваат инфаркт когаќе ја видат ќерката со љувникот. En el padre, ijo y espirito santo!
Amin Кога главната личност ќе се омажи за лошиот, нејзиниот сакан сака да ја прекине венчавката, но за жал стигнува тогаш кога таа ќе рече ’Si asepto’, тогаш тој оди во кафана со своите браќа и другари и се пијанчи, и така пијан оди во куќата на својата сакана и на нејзиниот маж му вели таа е моја и засекогаш ќе биде моја, и така тие се тапаат, а таа вика порфавор деха љо.
(Првите дваесет епизоди) Дебелата готвачка(ќе биде важна) спрема појадок и доаѓаат сите. Една од слугинките е тажна и ја теши газдата по што таа ја губи невиноста. Нервозна е и тажна и тие епизоди постојано се слуша фразата: „Ке паса мучачита?“ „Нада, де вердар нада...“ (Што е малечка? Ништо, навистина ништо) Се открива како Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса со ангелски лик (слугинката) му кажува на газдата дека е бремена, тоа се случува во соба и додека му го кажува тоа стојат свртени со грб на вратата и Јоланда неговата злобна ќерка го слуша сето тоа. (драматична музика бум, бум,бум, машки и женски гласови ооооо, зумирање во фацата на газдата педесет пати) Потоа Јоланда глуми дека е мртва,а го сменува полот и станува прекрасен згоден млад дечко кој ја освојува Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса со неговиот шармантен поглед,но случајно така што на аеродром се судруваат и ѝ ја истурува воата на Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса и се вљубуваат и одам во апртманот на Јоланда (тогашен Мучачо Фернандо Родригез) имаат тежок секс (преку чаршав се разбира) и забременува... Но овој пат не забременува само Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса туку и Мучачо Фернандо Родригез бидејќи заборавил да си ги испие апчињата за машкост. После тие умираат децата растат се вљубуваат се земаат и одеднаш драматичниот момент, Јоланда е жива! Со сите сили пробува да им ја уништи љубовта,но тука е и Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса е таму да ги спаси и ги спасува од злобната Јоланда која се претвора во Мучачо Фернандо Родригез,но тогаш се замешува готвачката (ви реков дека ќе биде важна) која ја открила тајната на Мучачо Фернандо Родригез и ѝ кажува на Мучачита Хуанита Вирхенсија Флоренса и таа се жртвува за љубовта на децата и умира заедно со Јоланда... (драматична музика плачат сите гледачи)
Секогаш постојат две сестри. Едната е МариАнхел и е вредната во куќата, работи и се грижи за својот татко или мајка (едниот родител е умрен или ќе умре за кратко време) и секогаш МариАнхел на пазар го запознава згодниот младич Хуан Хозе кој е многу богат и се заљубуваат ама мајка му не го пушта нормално. Другата сестра (од МариАнхел сестра и) учи факултет, лоша е, себична, ништо не помага дома, менува дечковци и не се грижи за родителите. Тешка спонзоруша е и и љубомори на сестра и зошто она го фатила Хуан Хозе и им ја расипува врската.
Исто научивме и дека богатите ликови по дома секогаш одат во штикли,свечени фустани,фризури ко за на бал и обавезно хеви мејк ап додека па посиромашните се секогаш во некои партали а во косата имаат обавезно по некоја шнолка или цвекенце и нормално сите ги сакаат.Исто така научивме дека негативниот женски лик Викторија за да ги раздели главните ликови Флоресита Роса дел Кампо и Фернандо Луис Мигел Монтгомери измислува дека е бремена и така 9 месеци става перница на стомакот и кога ќе дојде време за породување го краде бебето на главната хероина Флоресита Роса дел Кампо(која по некоја фамозна случајност останала бремена во исто време)и нормално пред саканиот Фернандо Луис Мигел Монтгамери се прави дека го сака а кога тој ќе излезе од собата го плаши и му прави лигави фацки.Додека во меѓувреме Флоресита Роса дел Кампо дознава дека бебето и е божем мртво и тогаш почнува кишната година која трае отприлика 20-30 епизоди се додека го здогледува детете на Фернандо Луис Мигел Монтгамери и веднаш во нејзиното срце чувствува дека го сака како мајка.И така следуваат повеќе заплети вклучувајки го и тоа дека Флоресита Роса дел Кампо е ќерка на таткото на Фернандо Луис Мигел Монтгамери со некоја слугинка што ја е*ел пред многу години и така таа станува богата наследничка и љубовта со саканиот и е забранета пошто нели се брат и сестра.Арно ама се дознава дека Фернандо Луис Мигел Монтгамери не е син на неговио татко туку бил оставен во кошница пред вратата на семејството Монтгомери кои нели како добродушни и хумани луѓе ги зедоле како свој син а тој уствари бил син на некоа сиромашна жена која немала пари да го одгледа па една кишна вечер го оставила а сега се кае нормално.И така работите во последната епизода 1245 по ред почнуваат да се решаваат и Флоресита Роса дел Кампо Монтгомери е конечно среќна со својот љубен и нивното дете додека двата злобни лика се убиваат меѓу себе и така добрите си живеат среќно до крајот на животот Фин.
Дека мистеријата секогаш се решава на крај со помош на медалјонот со Вирхенсите де Гвадолупе кој обавезно мора да постои во секоја шпанска серија
ако сакаш некој да те земе за жена остани трудна од него или договори се со мајка му да го лажете дека си бремена од него хахахххахаха
Дека дури и да сте сиромаштија, можете да го фатите синот на директорот(или него лично) на некоја опасно јака фирма продавајќи кромид на пазар!
Ако напраиш сообраќајка или некоја друга несреќа во шума, не паници, обавезно ќе те најде некој планински врачар кој ќе те излекува со тревки
хахахах освен што посакав да живеам во љубовна бајка ( како на крајот од секоја серија ) научив само малку од јазикот
Па се учат многу работи искрено но она што најмногу ми се допадна што го научив скрос јазикот го зборувам многу течно(браво за мене xD)
Со оној што ќе го засакате,после тешки,тешки патешествија и бродоломи ОБАВЕЗНО на крај ќе си останете заедно и така ќе си живеете среќно до крајот на животот