Дека најсигурен начин да го изгубиш бебето е да паднеш по скали ! И веќе е клише, али еве и јас да споменам, научив и шпански ) Али да бидеме реални, шпанските глумци се и поубави и подобро глумат од овие турскиве и индискиве, не?!
Дефинитивно да зборуваме шпански (тарзански иако сите мислат дека одлично го владеат),и дека според нив во животот на крај се завршува совршено и на место! е да бе..
Малце офтопик. Се завршува со среќен крај па нормално коа е приказна. Затоа и постојат тие шански серии, да не занимаваат, не за ние морално да научиме нешто од нив или да ги зимаме за пример. Разбираш што сакам да кажам ? И колку и да знаеш дека има среќен крај и да знаеш дека и како секогаш главни се Хуаните и Алехандро, сепак има нешто во нив што сепак ќе те натера да седнеш и да ги глеаш. За тоа се тие, за да уживаме и да се опуштиме, макар и за момент.
10 корисни совети ако се најдете во шпанска сапуница : 1. и златно - Чувај ја невиноста за во брак! Не му давај на никој! Тоа ќе ти ги отвори сите врати.Е сеа ако во таа серија е Фернандо Колунга или Вилијам Леви незнам што да ти кажам.Нив ќе им дадеш како и да се свртиш. 2.Најди дебела другарка! Ако најдеш некоја слаба, убава таа ќе се дружи со тебе само да ти го земе дечкото. Спонзоруша една ! 3.Не му верувај на најдобриот пријател. Тој редовно те замислува во најразлични пози а ти вика дека е геј. 4.Ако си злобна немој никако да се заљубуваш во главниот лик и да се обидеш да го освоиш.Ќе се зафркнеш во секој случај.И на крај секако ќе умреш или пак ќе останеш инвалид. 5.Вработи се како слуѓинка кај некои богаташи .Подоцна ќе откриеш дека всушност газдата ти е одамна изгубениот татко.Потоа плачи и мотај го демек не сакаш пари ова-она . На крај земи му се - па така му треба кога еб*л се наоколу. 6.Ако си баба ќе умреш ! 7.Ако украдеш некои големи пари немој да бегаш со авион! Ќе се сруши. Всушност немој ни да бегаш воопшто ќе те фатат како и да се свртиш. 8.Кога се сомневаш во нешто прашај ја Девицата од Гвадалупе.Попрецизна е и од Баба Ванѓа. 9.Ако некој ти остави бебе на прагот земи го и одгледај го! Сигурно е дете на некој богаташ и по 20 години ќе добие големо наследство а ти ќе заработиш пари 100 %. 10. Ако заглавиш во затвор само кулирај си . Невина си ќе испаднеш многу брзо. Најдов на нет
Сиромашните штом ќе се преселат од селото во главниот град Сјиудад де Мехико..веднаш наоѓаат работа.. и тоа на крај излегува дека газдата уствари и е татко.Од неписмена веднаш се запишува на факултет и го завршува во рекордно време - скоро за година дека и обавезно таму е најдобар студент . И веднаш после првата земена плата купуваат куќа, па компјутер, па кола..се со само една плата .
Јазикот Побрзо преведувам и разбирам шпански,отколку англиски,за кој посетував 10 години курсеви и сум дала златни пари,а ова со едно телевизорче и сум ѕвер!
- О Есперандо, колку само те сакам, а не можам да те имам. Разведи се со твојата жена проклета и дојди кај мене. - Многу сакам , Марија-Хосе, но неможам. Таа има власт над мен и ако разбере за нас, ќе ни убие! - Но ние треба да сме заедно, јас сум бременна од теб! - - Ќе го задржам детето, иако од тоа ќе зависи животот мој. - Немој Марија-Хосе, те молам. Јас те љубам тебе, но ако имаме дете, ќе пукниме и двајца. - Ако, мојот брат - Алехандро е ловец и ќе го викнам да живее кај нас, да ни чува од нејзе. Во вашето имение има многу луѓе, кои работат за вас. Пола се чувари на козите, али брат ми има митролез и ќе ги испука сите... Тоа научив од шпанските серии
Јас од старите олд скул шпански серии научив шпански. Не знам да враќам,ама сега да гледам нешто на шпански без превод, разбирам едно добри 80%.
Нема некој што не гледал шпанска серија, благодарение на нив го разбираме јазикот, а мојот живот прерасна во шпанска серија ме остави и замина во странство па пак се врати ( детаљи во ЛП хаха ) добро е што играа Me gust Femina
Искрено од шпанските серии го научив јазикот. Ја засакав Шпанија и Шпанскиот јазик. Имам само 13 години а сепак се разбирам Шпански т.е знам да преведам но незнам да ти дадам одговор на некое прашање
за темава.... еххх кога сите ми велеа не гледај сапуници, не гледај тие цигани бла блааа јас се смешкав го науЧив јазикот перфект