Што научивте од последната врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Ket.Rin, 29 мај 2011.

  1. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    968
    Ако ништо друго, од секој крај на некоја врска може да произлезе нешто добро - поуката.

    Епа феминки, што научивте од вашата последна врска?
    Јас на пример од мојата последна, а воедно и прва врска научив многу работи. Сепак би издвоила дека не секогаш треба да се возврати на зборовите "Те сакам". Прво треба чесно да се заслужат, па после да се кажат на партнерот.
     
    На sajmoni и Blacky им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    17.874
    Пол:
    Женски
    го научив то шо не треба да вервам на секој,да не простувам толку често..оти испаднав будала .. сакам да ми изчезни од мојот живот еднаш засекогаш!
     
    На in.love.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.870
    Секогаш со себе носи ладно оружје. Не знаеш кога и совршеното одбранбено средство - нокти, ќе престане да функционира.
    :|

    Наравоучение: кога боксовите ќе проработат, возвратете го ударот. Ако не можете веднаш, нека биде и после некое време.
     
    На Agatha, stanojovskam, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Boys are Jerks! :@
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.442
    Пол:
    Машки
    Секако, а девојките се сите до една да ги грабнеш и да бегаш. ;)

    Инаку, научив дека довербата е многу поважна и од самата љубов. Љубовта по некое време почнува да варира, и може и да се намали, но довербата е таа која секогаш треба да е присутна на исто, завидно ниво, во спротивно крајот е само прашање на време.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, kristince51, La.Reina.Del.Sur и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.533
    Јас научив дека не е на арно кога повеќе сака асид него тебе. Додуша, може ме сакаше зошто сигурно ме гледал како пони што повраќа виножито и кака гумени бомбони.

    Шала на страна, научив дека понекогаш можам и да се опуштам, да се отворам и да не бидам толкав параноик дека некој ќе ме повреди.
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.215
    Да не верувам на мажи, да не попуштам, да ги држам конците враце уште од почеток и добро да водам љубов :lol:
     
  8. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    Да не се приврзувам толку многу. И да си пазам шо зборам :D
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    61.153
    Пол:
    Женски
    Да не се вложувам целосно, да бидам посебична, да не дозволам никој да ми ја намали самодовербата...
     
    На Voskresija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    425
    Со помал од мене да си немам работа,детиште недозреано... друго,да не се внесувам целосно во врската и да не се трудам секогаш само јас,и тотална доверба никогаш,ВЕРУВАЈ НО ПРОВЕРУВАЈ! :!:
     
    На Kelly.21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.596
    научив дека довербата е многу важна за една врска да успее... и дека сум била многу посесивна и љубоморна во таа врска а со самото тоа и он бил таков.. погрешно сме размислувале дека ако се пазиме и бидеме нон стоп заедно дека ке трае.баш напротив.. сега многу се трудам да не ги направам истите грешки во новата врска :)
     
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Trust no man, fear no bitch! :angel:
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.360
    меѓу другото, да не вложувам се од себе ... зашто страшно боли кога ќе сфатиш дека се е џабе, а си дал се од себе, па и повеќе.
     
    На DenaM, TeddyGrey и Anastasia94 им се допаѓа ова.
  14. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    не верувај на секому :)
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.492
    Дека никогаш, колку и да се обидуваш не можеш да смениш некого.
    Љубомората е болест. Опасна по живот и нерви.
     
    На DenaM, Marence.D, spanko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    754
    слободата е најдрагоценото нешто ;)
     
    На girl.23, gotivna и zaljubenaaa.aa им се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.558
    Дека ни љубовта ни сексот во големи количини и екстра квалитет не се секогаш доволно добра причина за опстанок. Се јавуваат и други потреби кои го анулираат претходното како кула од карти.
    И дека и после долги години се разоткрива правото лице во кое сум се сомневала ама во недостиг на докази во спротивното сум се убедувала дека е плод на мојата пребујна фантазија ама се виде дека сум била во право и колку и да се претставувал некако во поидеална амбалажа спакуван и дека во овој случај сфатив дека никој не станува повеќе туѓ од човекот кој некогаш си го сакала премногу.
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    92.615
    Пол:
    Женски
    Дека најголемата љубов во животот секогаш можело да се замени со друга, само никогаш не сум ни помислила дека постои и дека е возможно или просто не налетала во некој момент од минатото.
    Дека можам да сакам доволно силно до толку да повеќе мислам да тој некој не биде повреден, по сметка на мојата среќа, по сметка на мојата пропаст.
    Дека секогаш треба да барам повеќе одошто имам и ако не го добијам да исчезнам и да не барам изговори за другиот со кои ќе го оправдам.
    Дека очите се отвараат за се што ти недостигало, а не си добил, што да не си ја кривам душата не сум го ни побарала де, не сум знаела дека постои.... штом налеташ на својата најголема љубов, која секако не е таа претходната.
    Всушност премногу работи.
    Но најважното е да имате мир во главата и во срцето со таа личност.
    Да независно од тоа колку многу ве повредила и предала, во себе и посакате се најдобро, дури и повеќе одошто себе си.
    Ветојатно само тогаш сте во мир со неа и во мир со себе си. И тој мир е доволен за да некој друг стане најголема љубов. Или просто тоа важи само за луѓе како мене со ех-врска како мојата.
     
    На i.am.me и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  19. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Дека само јас сум се што имам. Дека јас сама на себе сум си доволна за да бидам среќна и дека мојата среќа зависи само, и исклучиво само од мене, а не од некој друг човек. Ако јас сум среќна со самата себе, ќе бидам среќна и со другите.
    Да не мислам на минатото, и да не се плашам од иднината. Да го живеам моментот.
    И најбитното - да не ми биде приоритет некој, на кого јас сум му само опција.
     
    На Kelly.21, TeddyGrey и girl.23 им се допаѓа ова.
  20. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Многу и ништо.
    Дека колку и да има љубов- ако нема доверба, се е џабе. Научив и дека многу е важно да разговараш и дека не треба да оставаш проблеми на страна. А кога ќе сфатиш дека не оди, подобро стави крај отколку на сила да туркаш напред.

    .. и биди силен, зошто на крајот сите маски паѓаат и тогаш го гледаш вистинското лице на личноста со која си бил.
    .. и исплачи се.
    ..и ако немаш со кој да разговараш - најди форум. Или форуми. ;)