Научив на километри да бегам од болно љубоморни луѓе! Буквално беше љубоморен на сонцето што ме грее, а да не зборам за некое поздравување со другар! Не дека траеше долго, но штом не успеав да се прилагодам за 2-3 месеци не видов никаква индина со таков тежок карактер!
Да бидам љубоморна на партнерот и да се плашам да не го изгубам! Ее така бившиот ми партнер беше поставен спрема мене и сето тоа јас го попримив, несвесно ! ЗА ЖАЛ, ама ништо паметно не научив од тој мрсулко кој несакам да го смислам!
Научив дека љубомората(преголема)не е плод на голема љубов,како што тој се оправдуваше и ме убедуваше.Дека ако има премногу љубов и страст во врската не е баш на арно.И тоа да не верувам безрезервно,затоа што сега се покажа правото лице-испадна како јас да сум трофеј,и кога виде дека нема шанси веќе да ме врати назад почна да ми спречува пријателства и врска,и да фрчат закани Ако некого искрено сакаш му посакуваш се најубаво,а не гледаш да му го загорчиш животот,и по секоја цена да сметаш дека ти припаѓа тебе.Научив да бидам многу повнимателна на кому ќе му овозможам да ја има честа да биде со мене,и да знае да се носи со тоа во секоја ситуација.
Размисли добро пред да почнеш нешто со некој кој штотуку излегол од подолга врска. Тие муабети дека нема веќе ништо, не се секогаш најискрени.
Спојлер некако, малку е ова... Научив дека ако љубовта не е возвратена, нема врска, не бил за мене, и толку. Дека не треба да им дадеме моќ на другите да не газат. И дека болката исчезнува...
Врска на даличина со емотивно незрела личност, која има проблеми со дефинирање на нејзината сексуалност, веќе не, никогаш. И научив дека е време да престанам да се правам психијатар и да ги лечам сите негови комплакси, проблеми. Дека колку и да е зафатен секогаш може да најде време барем за една порака. Дека тоталната нељубомора не мора да значи дека си го нашла совршениот за тебе, може да значи и дека не е заинтересиран. и за крај, најважното: научив колку е прекрасно чувството да знаеш дека по толку размислувања и двоумења не си ја дала невиноста за некој што не вреди, дека си ја сочувала за некој што вистински ќе те сака и почитува и ќе биде покрај тебе и со тебе заедно во сé. Затоа им советувам на сите девојки: Ако се двоумиш-не прави го.
Од последната врска јас научив многу работи.Имав многи лошо искуство со бившиот и фала му на Бога раскинавме.Беше многу љубоморен, страшно и болно љубоморен, не ме оставаше да одам со другарките да шетам, кафе да пијам, да излегувам навечер, кај родниите да одам, ми го земаше мобилниот кај него да ми стои да не ме барал некој, ми забрануваше да се шминкам, несакаше да носам блузи со деколте, здолништа, аааааааааааххх и ред други работи што до утре ќе неможам да ги напишам.А поука од таа "врска" извлеков многу, значи пред се сега имам поголема самодоверба во себе, и се поставив друго со мојот сегашен дечко и ми е многу убаво, преубаво со него значи имало луѓе кои можело да ме сакаат и почитуваат и разбираат.Научив дека болната љубомора е многу лоша работа, недовербата во партнерот.И ми е мило што се освестив сама после 3 години.
Научив дека ако повеќе го ’’миткарам’’ повеќе ке ми се качува на глава и ќе си зема поголема слобода, а ако го ставам на игнор повеќе се интересира и е добар со мене
1. Да не му наредувам што да прави, како што прави секоја друга девојка со секој друг дечко. 2. Да не му дозволам да стане свесен за секој детаљ од мојот живот, независно од тоа колку е силен поривот да му раскажам се! 3. Да не му ја изјавам својата љубов пред да ми ја изјави тој прв мене. 4. Да не воспоставувам прва контакт никогаш и да не одговарам на премногу негови повици. 5. Да не очекувам тој да се промени заради мене и нема да се обидувам да го променам. Ако не ми се допаѓа со сите свои мани, тогаш нема добра причина да останеме заедно.
Научив дека треба целосно да си му препуштен на партнерот и да му веруваш .. Пвде прочитав мислења од типот : не му верувај премногу , не приврзувај се.. А како очекуваш врската да опстане ако не си приврзана за него и ако не му веруваш? Довербата е најбитна работа и темелот на една врска .
Дека треба да почекам времето да си го стори своето а не да форсирам идеална врска или да правам се како сто треба и сето тоа е толку вестачко,со сила убавина не бидува,трпение само трпение и времето ке показе дали сме еден за друг,научив да бидам своја и да не се трудам да му се допаднам некому токму тогас ке има љубов ке се заљуби во мене а не во таа сто тој сака да бидам
Научив дека љубовта сама по себе не е доволна... Научив дека светот не е розов и дека постојат многу нешта што можат дате повредат... И научив дека некои разлики едноставно се непремостливи... браво за мене, многу сум научила.
Научив дека слатки зборови не значат ништо. Научив дека кога некој ви ветува љубов до гроб, ги брза работите од самиот почеток и вртоглаво се препушта на сериозноста на врската од самиот старт - не е нормален, што би се рекло - му фали некое даскиче. Научив дека сум проклето женско бидејќи сето тоа што сакав да го чујам можеби малку подоцна, ми го скокоткаше егото и во тој налив на емоции изумив да го притиснам копчето ON на мозокот. Научив да се сомневам, научив да не верувам безрезервно, едно време научив да не си верувам ниту на себеси, научив дека и три тома психолошка анализа да направам, нема да го фатам крајот на некои луѓе. Научив да бидам посилна, попаметна, да велам не, и кога најмногу сакам да рипнам и да кажам да. Научив да се дерам, да викам, и да го извадам последниот атом на гнев од дното на душата, и научив да мавнам со раката после се. Научив многу нешта, а камо да не ги научев...затоа што многу од нив, ми го скратија животот за неколку дена покрај сите тие навистина неубави мигови исполнети со стрес и нервоза.