од последната врска научив да не верувам на секој , да внимавам што зборувам и на кого му дозволувам да ми се доблизи и да не показувам емоции без да сум сигурна дека другата страна го чуствува истото.
Дека sometimes love just ain't enough. Дека не е доволно да го гледаш целиот свет во очите негови. Дека ТРЕБА да добиваш за возврат грижа и убави зборови. Дека треба да бидеш чувана и љубена онака како што ТРЕБА, а не како што тој те убедува дека ТРЕБА. Дека некои луѓе едноставно не заслужуваат да не‘ имаат во своите животи. И за крај, научив дека сепак се врти.
... оо,убав мој Пане ... Еве ти живот. Нема да ми текне на тебе година време, и ќе видам случајно некаде нешто вакво и ќе ми се вратат нашите 4 години како да беа вчера. Не научив јас од врската. Научив од него. Не знам дали сето тоа може да го искажам со зборови,но после се, сепак вреди да потрошам некои десетина минути барем да се обидам. За него. Научив дека љубовта не бира ништо. Никого. Ниту изглед,ниту вера,ништо брате. Исто како што беше и со мене. Не ми изгледаше воопшто за некој кој успеа да ме задржи добри 4 години покрај себе. Научив дека секогаш е подобро да го запознаеш човек. Не суди веднаш, на секој дај му шанса. Запознај го, можеби ќе ти се допадне, можеби ќе има нешто во него што ќе го прави неодолив.. Можеби пак воопшто нема да ти се допаѓа,но и од тоа можеш нешто да научиш. Да го знаеш она што не го сакаш. Ако веќе не знаеш што сакаш, барем знаеш што не сакаш. Научив што е најбитно во една врска. Љубовта, да, но таа кога тогаш некогаш ќе избледне. Како молив на бела хартија. Ќе стои напишаното,но со текот на времето ќе избледне. Затоа што има многу други работи кои се побитни во врската. Довербата,почитта,другарот што го имаш во твојот партнер, тоа се бесценети работи. Научив да си го ценам моето Те Сакам. И да бидам скржава со истото. Да, воопшто не сум скржава како личност, но ова е едниственото нешто кое многу ретко и претпазливо го давам. После него. Научив дека не се сите мажи исти. Не се секирајте,ако мислите сега така,ќе дојде еден,ќе ве разубеди во спротивното. Научив да бидам пострпилива. Многу созреав. И дека носам со мене некое проклетство,сите бивши ми се оженија и имаат деца! Мала шала.. И научив дека имам уште многу за учење. Кога заврши таа врска, си реков, е дури сега почнува се. Научив дека животот е пред мене, дека ќе имам уште многу такви ситуации и дека мора да се биде силен за да се издржи, инаку веднаш ќе бидеш жртва. Па и не бевме толку лоши,нели Пане?
Колку и да мислиш дека некој е искрен,не му верувај ни под разно,на некои личности глумата им е јака страна!
Апсолутно ништо.Се е кажано векови пред нас.Онака само ми поминуваат мисли низ глава,за тоа што би мењал,и на крајот идам до заклучок дека ништо не би мењал Да се биде потактичен,да се биде позатворен,да се биде понеискрен,да се играат игрици во врска,и бла,бла,бла а во исто време да бараш искрена,отворена и интелигентна личност која не игра игрици,ми е тотално безвезна комбинација. Не можам,тоа не би бил јас.Нема да им го дадам задоволството да се сменам, само за да бидам во беспрекорна хармонија со оние кои немаат ни грам човечност.
Научив дека не треба да ја сокривам љубовта, дека не треба да бидам инает и да дозволам гордоста да ми уништува се Научив дека и машките можат многу да сакаат, всушност он ме научи мене да сакам и кога научив прекинавме... Имам среќа што тие лекции секогаш си ги носам со себе, и многу ми помагаат во сегашнава врска.
Научиив дека не секогаш се работите такви како што изгледаат и не се сите толко добри искрени можаат да те осипуваат со толку слатки и нежни зборови кои не се искрени... Научив да не верувам многу и да престанам да бида наивно мало девојче
Не научив ништо посебно, немаше потенцијал во него.Освен можеби, како навистина изгледа некој да те сака и цени, ама тоа не го научив од самата врската, туку во споредба со сегашната
научив дека не е се така црно во љубовта само треба да се има вистинскиот покрај себе дека нема ништо поубаво од чувството да се разбудиш и да знаеш дека си сакана ! дека нема ништо поубаво да бидеш пред се почитувана од него ! научив дека љубовта била сосема подруга од онаа што ја знаев ! го научив она чувство со гордост да те претстави пред сите ! и дека нај важно е да се има трпение
Од премногу стегање на конците поради лошото искуство од претходните врски и неверување во зборовите што се искажани од се срце поради белезите што бившиот ги оставил се рушат многу врски. Бар мојата заврши така. Што да сторам што да чинам, сум станала ајс квин xD
Научив дека не треба толку да им верувам на луѓето, научив дека секој си гледа прво за себе и за своите интереси... И уште нешто многу важно-научив дека премногу нервирање и избувливост не носи ништо добро, научив дека треба да реагирам посмирено.
Од него научив дека животот е едноставен а ние го правиме комплициран. Научив дека понекогаш е подобро срцето да го чувам затворено. Од врската научив дека е време да уживам во убавината на моите години, дека има време за сериозни врски и дека љубовта може да почека барем извесно време.