Никогаш, ама НИКОГАШ повторно со женкар, кој се врти на секоја женска што носи длабоко деколте. И научив дека треба да цениш нешто кога имаш, исто како тој што не ме ценеше мене па после ме бараше. И да, кога сакам нешто, да не викам дека ми е сеедно и слично.
Јас едноставно научив дека некои луѓе остануваат деца и покрај годините што ги имаат. Истотака сфатив дека имам прекрасни луѓе околу мене кои секогаш биле тука кога сум се жалела од истата врска.
Да се сакам самата себе пред се, да се ценам, затоа што ако тоа јас не го направам, нема кој. 1. Тој да ги исполнува моите очекувања и да биде на мое ниво. Значи, да внимавам со кого сакам да бидам. Значи, да бидеме на чисто. Не барам совршен. 2. Да не избрзувам со ДА, да чекам прво да се запознаеме поубаво. 3. Да не бидам љубоморна. 4. Да не водам инат. 5. Да не држам се под контрола. 6. Да имам своја слобода и своја приватност. Има уште многу работи, следен пат ќе допишам.
Никогаш повеќе нема да си дозволам да имам расправии од типот зошто се слика со онаа, која е таа што си кометирате и сл. Најтешко е кога партнерот мора да замине и заради тоа најмногу да пропадне врската. Мене најлошото ми се случи ме остави и ми рече дека ќе се жениш, па добро со среќа, фала што ме направи посилна и што ме сакаше на некој начин
Научив дека никого не можеш целосно да познаваш, колку време и да поминуваш со него секогаш се крие нешто што не го знаеш кај него и ќе те изненади. Научив дека тие што многу ветуваат, најмалку даваат и само се јаки на зборови. Научив дека луѓето колку и да ветуваат не можат да се сменат, можеби ќе сменат по некоја навика на кратко но пак ќе си останат исти како и претходно. Научив дека џабе е лубовта ако ја нема довербата и најважно од се научив да бегам од болно-љубоморни луѓе како од оган, оти тоа е болест што за жал не се лечи.
дека повеќе со персони кои имаат психички проблеми како опседнатост и љубомора зачинети со неиживеаност и алкохолизам и другари (дегени) НИКАКО подобро стара мома него со вакви луѓе
Од предходната ништо,но од оваа сега научив многу работи.Работи со кои пораснав,и сватив како функционира светот.како функционираат машките пред се.Доколку раскинам некогаш со сегашниов,и во следната врска дефинитвно ќе знам како да се поставам од почеток,каде да не правам грешки и слично
Проклет да е денот коа го запознав... Научив да не бидам со некој шо е претерано љубоморен, и шо на секое ми префрла за грешките во минатото....
Научив дека како ќе ја третира мајка му така и мене.Он се глупираше со неа...шо не и викаше в лице, а после и со мене..ама кај мене друга песна се пее
После последната врска сум рпоменета за 360 и назад, Значи најучив да не го слушам срцето но и разумот, научив дека немора секогаш да е по мое и дека љубомората е добра но само во умерени дози : )
Сватив дека кога контактите оладуваа се ближи крај научив дека кога еднаш ќе тргнам да не се враќам назад аа да и научив дека се се случува со причина.Се уриваат старите работи за да се изградат нови и подобри!
дека треба да се бориш за љубовта,не треба да очекуваш се да ти дадат на тавта и дека не се сите мама и тато
од предходната врска научив дека само во филмовите може да опстојат long distance relationship... додека сте заедно се е супер ама после следат многу љубомора, нервози за глупости...
Никако работа имање со само навидум возрасни личности кои не знаат што сакаат во нивниот живот и кои знаејќи дека вие имате безрезервна љубов за нив ве цицаат, ве трујат со лажни надежи и прилики, се до денот кога вие ќе се свестите и речете ДОСТА! А мојот ден малце се одложи,ама сепак дојде