Никогаш не можеш да бидеш сигурен во никого и во ништо. Посебно во сериозноста и цврстината на врската. Ветувања, планови ... не. Дека треба да се даваш себе со резерва. И дека еден од многуте фактори кои влијаат на врската е битен многу, среќата да ви е наклонета. Ако ви е наклонета и да се трудите и да не се трудите многу, таа ќе опстои. И обратно.
дека не треба да му се вервува на секој збор што ќе го каже,дека не е се како што изгледа,дека сите машки се исти и многу други работи ама ми е мака сега да пишам
Научив дека кога ќе видиш нешто што сакаш, тогаш не смееш да се колебаш или да чекаш. Тоа на крај нема да ти донесе ништо добро. Ризикувај, тргни во напад, не стој настрана однапред прогласувајќи се како губитник, бидејќи на крај тоа и ќе бидеш. Никогаш повеќе нема да стојам настрана поради некои самонаметнати виши етички вредности. Научив дека не е важно колку даваш и уште колку си спремен да дадеш. Не е важно тоа што си искрен и се посветуваш. Не е важно ни тоа што за тебе нема преголема жртва...кога личноста би те прескокнала и да и умреш пред нозете, ништо не ти вреди... Научив и дека треба да се биде по ладнокрвен, и ова не е само мојата огорченост што пишува. Научив дека во моментот кога ќе се загубат чувствата, и машките и женските забораваат на сите дадени ветувања и романтични изливи претходно. Нема подобри или полоши. Кога ќе дојде до таа точка, другата половина станува касап. Научив и дека нема ништо помило и поубаво од заљубена девојка која те гушка силно, те бакнува...и ништо побрутално од истата таа девојка кога ќе се олади.... Научив доста од последната врска. Или можеби ова ми беше само уште едно повторување? Не знам, но во секој случај се чувствувам помудар.
Дека не треба да се заљубувам толку лесно и да го давам срцето како да е се наога на тезга. Дека не вреди секогаш да се бориме ако не заслужува. Дека не треба да си ја погазувам повеке гордоста за некој што не би помрднал прст за мене. И така...
Научив дека не треба дасе обидувам да променам некој само за да сум јас среќна, научив дека после бура доаѓа сонце , научив дека треба да се живее за моментот... Пред се научив да го живеам животот без да се плашам дека ке завши туку да сум среќна дека траело ..... хаха личи на толку поетски ама долгата мачна врска што ја имав мислам дека ми е стварно ПОУКА за цел живот !
- Дека има секакви будали и психопати на светот . - За никој не вреди и не треба да се трудиш да се промениш, до тој степен што би се загубила самата себе. - Ако некој ми наметнува мислења, начини на живот ,тој не ме сака, ниту пак би ме прифатил таква каква што сум, напротив сака да ме направи своја креација(демек ние сме парче мебел “по мерка“). - Љубомората е болест, сама зависи кај кого до кој степен е развиена, па ако осетиш љубомора кај партнерот БЕГАЈ, може да биде навистина опасно, не се залажувај дека е од преголемата љубов, да тоа е можеби љубов, ама нема да биде среќна милион посто, ќе премине во психичка тортура.
Дека сум доволно вредна некој да ме сака со цело свое срце. И после тоа...никако не се задоволувам само со трошки. Дека можеби искреноста боли, ама барем никого не залажуваш. Дека ако сакаш некој вистински, себеси се ставаш во заден план и правиш се само да не ја повредиш саканата личност. Дека колку и да боли, ако некој има искрени чувства, ќе се бори за тебе, ќе биде упорен и покрај твоето константно одбивање. Што би сакала другата страна да научи од нашата врска? Дека некогаш, љубовта не е доволна. Треба да го вклучиш разумот и да се запрашаш што заслужуваш, а не што сакаш. Дека кога некој е искрен со тебе, не треба да одиш со глава во зид, туку да го прифатиш го советот. Дека ако не ти е возвратена љубовта, не треба да ја кривиш другата личност, туку сам себеси, поради изборот да не се откажуваш. Дека љубовта има силина да те вивне во облаците, но со ист интензитет и да те тресне од земјата. Најголема поука од врската ми беше да научам да давам шанса на луѓе што на прв поглед не ми одговараат, луѓе со кои не ја гледам иднината. Сепак никогаш не знаеш како може да излезе на крај. Може со тој човек да поминеш низ толку работи и да извлечеш толку лекции, лекции за цел живот, само ако не пресудиш однапред.
Научив дека не значи ако јас целосно се внесам во врската, дека и он ќе го стори истото научив да не им верувам во целост на машките научив дека ако еднаш направиш пропуст за било што никогаш повеќе нема да имаш свој став
Мене мајка ми не ме контролира тој ќе ме контролирал... така дома на мачката можиш само Значи не може мене едно напудрено ма*ле да ми кажува што да правам јас и како да правам
Од последната врска научив .... *да престанам да се убедувам за нешто што не е вистина (како на пример, дека сакам некој, пффф.. за тоа не треба да се убедуваш, тоа треба да го чувствуваш) *да не залетувам со паметот и фамилии такви чуда упознавање, не иде бреј, мала сум уште...(понекогаш со мојава глава ништо не размислувам) *и да размислувам цик-цак, а не праволиниски со глава у ѕид... Се ова зошто очајно сакав да имам дечко... Али ако памет ми е!
Да не верувам многу на машките зборови...да си посветувам повеќе време за себе, да си попуштам (мали слатки задоволства) и да не дозволам веќе никој да ме контролира ...........