јас од последната врска научив дека има луге кои навистина нас не сакаат но не може ние нив да ги засакаме
Многу работи научив... Довербата никогаш не е загарантирана. Денес ја има, утре ја нема... И не можеме да го смениме тоа, можеме само да пазиме ние да не го разочараме партнерот и да се надеваме дека и тој нема. Убавите зборови, па значат, ама не се доволни. Убавите дела, се безначајни доколку нема убави зборови. Всушност, ништо е не е загарантирано во животот. Научив дека не треба да се разочарувам, а претходно не треба ни целосно да се препуштам. Научив дека втора шанса не е паметно да се дава на дечко, попаметно е да дадеш втора шанса на пријател отколку на дечко. Научив дека животот колку и да е суров спрема некого, не значи дека таа особа нема да биде сурова спрема тебе. Научив дека треба да се држи одредена дистанца со момчето се додека не ти стави прстен на рака, па и тогаш не е загарантирано. Најбитно од се`, научив малце повеќе да се ценам себе, научив дека сум силна и издржлива, научив дека не треба да се навраќаме на стара љубов. Научив дека, втората шанса ја заслужувам јас, а не тој!
Научив дека љубовта не е секогаш доволна... Дека еден кога сака малку е... И најважното: ако нема почит, нема љубов!
Дека не треба да верувам целосно. Дека не треба да се вложувам максимално. Дека не треба по секоја цена да останам во врска која ме прави несреќна. Дека не треба да дозволам некој да ми ја разниша самодовербата. Дека треба да бидам посебична и моите желби и потреби да ми се приоритет.
Колку ми е мизерно кога после секоја завршена врска, правиме да изгледа како да е крај на свето. Животот е еден, и колку да сме биле повредени и очајни не треба да се плука на минатото. Не заборавајте на убавите моменти, и колку било магично дури траело, без правила и прописи. Се се случва со причина, наше е да се цениме и да го спакуваме најдоброто од нас од претходната врска во пакетче, кое ќе му го поклониме на некој нов кој ќе ве заслужува Затоа не очајувајте за минатото, бидете будни за нови предизвици Ете неколку работи, кога гледаме од позитивна страна 1.Научив да сакам 2.Научив да живеам за двајца 3.Научив да гледам на светот од друг агол 4.Научив да бидам добар пријател 5.Научив да летам 6.Научив да ценам, да простувам, да жртвувам 7.Научив да се будам со цел 8.Научив да се надевам 9.Научив да се смеам 10.Научив да се СЕЌАВАМ НА УБАВИТЕ работи после крајот.... јбг
Научив дека не сум јас за врска И дека слободата многу ми е важна, а кога ќе почувствувам дека некој сака да ми ја одземе, се губи љубовта. Иии научив дека и да сум во врска, за почеток сакам да одиме полека, а не во вториот ден да добивам 30 јавувања за да ме слушне само Толку сум научила, прва врска шта чеш
Ех.. кога би го вратила времето... За да се има добра и цврста врска потребно е познавање пред да се склопи и самата, јас имав прилично долга врска, но пред тоа цврста пријателска врска. Главно врската ни се темелеше врз пријателство. Математички гледано еве лично моја гледна точка на врските: пријателство +огромна љубов +доверба +толеранција +почит +разбирање +страст +многу други работи кои заборавив да ги напишам ________________ = рајот на љубовта И со тоа што заминав малце од топикот би се надоврзала.. секогаш размисли дали и што би имала од некаква постапка.. Всушност за да распадне оваа врска од бајките јас не размислив и го изневерив.. молчеше 6 месеци и поради силно убедување на другарите тој ми раскина. Нешто за кое никогаш не би си простила.. Како и да е сега имам ново момче со кое не можам да се пожалам, но.. поголемата половина од моето срце е на друго место
Да не чекам работите сами да се случат, туку да направам да се случат, да влошувам во врската исто колку што очекувам и од него и дека вреди да се ризикува за она што навистина го сакаш
Ако сакаш да се потпреш целосно на некој, провери прво колку е тој стабилен. Исто, ако сакаш некој целосно да се потпре на тебе, размисли прво дали ти можеш да ја издржеш таа тежина, заедно со твојата. Љубовта може да биде многу опасна, за некој чии чувства се толку хаотични и брзи. Ако некој е огорчен од животот, голема е веројатноста и ти таков да станеш, ако твојата душа покрај целиот тој хаос успее да апсорбира нечиј неуспех. Ако започнеш нешто, оди до крај!
Од последнава врска (брак) научив што всушност сакам од една врска. За тоа сум премногу благодарна на моето (не толку богато) љубовно минато кое ме подготви за оваа со лекцијата таканаречена „Што не сакам (т.е. мислам дека сакам но всушност не ми одговара) во една врска“. Со други зборови.... 1. Од лекцијата „Што не сакам во една врска“ научив дека не сакам вртоглави авантури како на филм, ураган од силни емоции а ла паѓање у несвест или било што кое би ме довело до страдање. Не сакам недостижни работи, не сакам возбуда и најмногу од се` можеби - мразам неизвесност затоа што не сакам да страдам. Не сакам игри, стратегии, тактики и слични на нив трнчиња кои би ме оставиле будна цела ноќ. Претпочитам да го поминам времето попродуктивно. 2. Од лекцијата „Што сакам во една врска“ научив дека претпочитам едноставен и смирен човек кој не се стреми да биде главен у друштво, дека претпочитам мирен живот со човек за кого во секоја минута можам да гарантирам каде е и со кого е. Сакам човек кој знае подобро и од мене самата што ме прави среќна и прави се` за да се чувствувам убаво. Исто така, сакам човек кој секогаш ги цени сите мои обиди да го направам најсреќен човек на светот. Имав голема среќа и сите особини од 2. успеав да ги пронајдам во еден човек - мојот маж. Тој ми е најдобриот пријател, најискрената и најдлабока љубов што некогаш ја имам доживеано, човекот без кого не можам ни минутка. I love him. И така теси празнично се разлигави... aj доста беше...
Научив дека убавината не го прави човекот, дека интригата не е ништо повеќе од прикривање на лагата, дека човек чиј инает е поголем и поистраен од љубовта кон мене едноставно не ме заслужува... Фала му за идиотизмот кој го поседуваше, токму поради него го најдов my special one
Добро го осетив на своја кожа она дека, голема љубов може да ти го помати разумот. Носев несвојствени одлуки за мене, кажав најдлабоки тајни што не мислев дека некогаш ќе ги изустам, имав преголема доверба што ми се мавна на крај по нос, го тргнав оној штит што толку добро го градев со години и на крај не знаев што ме снајде После извесно време одкога прекина врската сфатив дека е најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Големо искуство што ме натера да се освестам малку и да размислувам со поладна глава и да се вратам во колосек. И најважно да научам да сакам без да се изгубам некаде по пат.... : ))))
Нучив дека не е убаво да се влезе во врска без претходно макар малце да се познава човекот. Дека не е секој за врска, посебно не оние кои ни сами неможат да си се додржат на нозе а не пак да бидат со некој...зборувам за емотивно..така некако...недосозреани личности, луѓе кои не знаат ни од себе што сакаат. Дека треба да им веруваш, довербата е една од основните работи за врска, но дека не треба целосно да се доверуваш. Дека треба да се надеваш на подобро секогаш, но да не забегаш со надежите и очекувањата зошто после може да доживееш разочарување. Дека треба да сакаш, да нема љубомора, треба да бидеш искрен, да нема изневерувања, треба да бидеш сигурен во себе и своите чуства пред да официјализираш било што... и уште мноооогу треба и не-треба. Најважно е никогаш себеси да не се изневериш за секогаш да можеш да се вратиш во колосек.
Научив дека секогаш треба да си останеш свој без разлика колку и да те убедува тој шо е со тебе во спротивното. Научив дека не треба никогаш да напуштиш пријател заради тој шо е со тебе (впрочем ако тој те сака и разбира нема да му сметаат твоите пријатели). Научив дека има моменти кога си најсреќен на светот со него, но за жал сфатив и дека секој секогаш на некој начин е сам. Научив дека некогаш ни на најблискиот не треба да му ги кажеш најдлабоките тајни и најголемите кошмари. Научив дека никој нема да те сака повеќе тебе одколку себе