Од претходната врска научив дека ако е женкар и неможеш да го скротиш бегај од него и не верувај му.А од врската што сум сеа научив,учам а и уште многу ќе учам можам да кажам дека од сегашната врска научив само добри работи најважното е тоа како е да си вистински сакан и како е да сакаш вистински,научив и како е секое утро да се будиш и секоја вечер да си легнуваш со зборовите ТЕ САКАМ од личноста која икрено ти го кажува тоа
Научив да не верувам никому,да не сум толку искрена и дека никој не е поважен од себе и ке бидам лошо чупе (по нашки ние така си велиме кај нас во битола,чупе )
Научив дека не сум предмет на туѓо искористување. Научив дека животот оди понатаму и покрај се. Научив дека од љубов не се живее, се` уште го сакам но тоа не ми пречи нормално да живеам. Научив дека понекогаш само љубовта не е доволна, потребно е разбирање и доверба. Научив никогаш повеќе да не дозволам некој да ме третира како отпад. Научив никогаш повеќе да не дозволам некој да ми го контролира животот и да биде љубоморен во врската. Секој таков што во иднина ќе ми се најде на патот ќе го ликвидирам од мојот живот. Научив да бидам поладна од вообичаено. Научив дека не требало да верувам премногу, затоа што денес во никој не смееш да си сигурен. На крај...Научив да сакам, искрено и малку повеќе болно. Штета што не ни одеше...Голема штета.
Научив да не верувам во секој збор што ќе го слушнам и да не не преминувам преку некои работи во стил “ ај ништо не е, еднаш се десило, нема пак“.
nauciv deka kolku pozestoko se boris tolku poladno ke si otkacen,retko koj denes ceni sakanost i naklonestos. Najbitnoto od se sto go svativ e deka samo ljubovta ne e dovolna i deka zaludno e da se zalagas 200 % vo edna vrska dokolku drugata strana ne se trudi da mrdne so prst,da ne se davaat novi sansi koga starite se prokockani i da se stegne zabi za da se prodolzi ponatamu. Najbitnoto od se koga ke svati odrugata strana deka ve nema i ve bara ne mu krevajte slusalka.
Научив...дека од тие машки шо ја слушат мајка му да бегам....научив дека не треба кога ќе сум во врска толку да се давам и да сакам....научив дека нема потреба од запознавање роднини родители се додека не биди тој вистинскиот
Ништо не научив. Бебе супер и го снема. Ништо не знам. Изгледа и кога е супер, викај си сам на себе. Ма не е толку супер, за да не трескаш глава. Значи, со дигање рачна.
Дека најважна сум јас и никој друг. Мојата среќа и здравјето ми се на прво место, нема да си ја дрецкам главата за некој што не вреди, никогаш повеќе!
Најпрво да кажам дека текстот не е мој, но го најдов на кајгана и ми се допадна многу, па верувам дека вреди да го споделам со вас. Нели сите научивме нешто слично на ова ? Спојлер Научив дека женските се курви. Дека и ние машките сме курви. Дека женските не знаат што сакаат. Дека и машките не знаат што сакаат. Всушност, најголемиот дел од луѓето не знаат што сакаат, а останатите често забораваат. Научив дека животот не е фер. Дека секад добрите го добиваат џганот, а џганот добрите. Среќни лубовни приказни има само таму, во приказните. Научив дека заради гореспоменатите курви + малограѓанштина, сплеткари, завидливци и секакви други паразити, довербата во денешно време е апстрактен поим, па ја нема ни каде што е заслужена. Научив дека најголемиот дел од луѓето не знаат да препознаат лојален карактер, бидејќи и самите тоа не се. Зашто да се биде таков, лојален, значи свесно да ризикуваш да ти биде зариен нож во срцето. Треба многу ХРАБРОСТ. Научив дека "Amores Perros". Може да те сјебе до максимум. Дека не сум толку силен колку што мислев. Дека сум пак долу. Дека немам друг мотив за живот освен љубовта. И нема да имам. Научив дека не постојат "грешки" кога постапуваш од срце, од душа. Но, можеби грешам. Научив дека сум способен во секоја да го најдам она макар и скриено парче добро и во него да се заљубам. А можеби сум само наивен и затоа ќе го јадам и во иднина. Научив дека не постои ни такво нешто како "преболување". Љубовта е давање, а не земање. Секој крај отцепува дел од тебе, неповратно. Нема назад. И сега знам, дека да сакаш некого искрено и вистински, е како слободен пад од висина која нема да те убие, но ќе ти ги скрши сите коски. Ќе боли страшно многу, ама чувството додека паѓаш е неописливо прекрасно и неповторливо. Еднаш го направив. И ќе го направам пак. Свесно. И токму тоа ме прави ГОЛЕМ.
научив дека љубовта е прекрасно чувство на милина,нежност,страст,копнеж,среќа,насмевка.. научив и дека не е љубовта таа што повредува и боли туку луѓето се тие што го можат тоа... не се каам за ништо свесно влегов во таа врска и свесно излегов на време... болката и лагите ми ги нанесе тој,ама јас верувам во љубов и повторно би сакала и љубела.
Nauciv deka treba da lazes,da odis so 5 devojki istovremeno,da ne im se javuvas koga ke se dogovorite,da bides bad boy,ljubomoren i da ne gi pocituvas,ako si dobar,skromen i fin poubavo stani si monah,zatoa sto na niedna nema da si i interesen,toest ke im bides dosaden-glup.
Научив дека друштвото е поважно од врската Кога сакаш да излегуваш со дечко ти,ако колата му е дефект,нема да излезете,ама со другарите може да излезе Кога тој ќе ти забрани нешто е во право,а обратно,нема шанси Кога ќе те сретне познаник во град и те поздрави -одма следува прашањето кој ти е тој-потенцијален бивш ебач,мувач или било што
Јас научив многу работи.Прво да не дозволувам да се зафркава секој со мене,да ме гледа како играчка да сум.Да не дозволувам едноставно да манипулира некој со мене.Треба да си имаме свое "ЈАС".Треба ние самите да научиме што е добро за нас а што не,а не другите да ни кажуваат што и како . Сите ние сме луѓе и сите ние за жал мораме да поминеме низ "лошото".Но за се што се случува постои причина и кога тогаш ќе ја дознаеме
Научив дека ако му веруваш во целост ќе ти забие нож во грб, ќе те издаде и ќе те повреди на најлошиот можен начин, а тоа боли, и тоа многу. Ете така.