Научив дека * постои љубов на прв поглед * само еднаш се сака со целото срце * само еднаш ја даруваш душата * само еднаш не се препознаваш себе правејќи работи кои не се карактеристични за тебе а некоја личност ги буди во тебе * само еднаш ги собираш сметките од сите места на кои сте биле за спомен * ...и дека е вредно да се почувствува љубовта без разлика на крајниот исход..
Да не бидам инает на инаетите, и да знам некогаш дека не треба толку да се правам горделива па макар и по цена да го изгубам тоа што го сакам. Всушност, научив како да се борам за љубовта
Научив дека и совршениот принц од познатата бајка може да се претвори со лажен принц со маска. Научив дека вредам повеќе за разлика од него. Научив дека лажењето е лошата негативна страна на машките и дека не треба да бидеме заслепени.
Никогаш не треба да веруваш на машко и да не му се предаваш целосно затоа што сите машки се исти дегени!!!!!!
дека не треба да се верува на машките.. треба повеке да размислувам пред да кажам (да).. да му направам целосна анализа пред да го прифатам за дечко
Научив дека не треба да чекам работите да се случат, туку да ги превземам конците во свои раце. Исто така самодовербата ми скокна на многу повисоко ниво. И станав посреќна. На сите им посакувам такво пост-љубовно искуство
Дека заплетите во шпанските серии се инспирирани од вистински настан. Границата меѓу љубовта и омразата е тенка, но има простор измеѓу наречен СЕЕДНО и е крајно непријатен за престој. Личноста во која сте се заљубилe на почетокот не е онаа со која сте сега во врска. Недовербата е трага оставена од сомневање на стаклени нозе кое ако се скрши веќе никогаш нема да се залепи. Молчењето е најдобар пријател на трпението. Не научив да протолкувам дали вреди да се даде уште една шанса. Но најбитно и никако да не се заборави е - Те сакам, но се сакам себеси повеќе.
На никој да не му се верува 100% и на секој да му се пристапи со одредена резерва. Од тие што најмалку очекуваме не повредуваат. Изгледот понекогаш лаже.
Од последната врска научив дека не треба многу да им верувам на машките,да паднеш на нивните лажни ветувања и целосно да им се предадеш, дека колку и да е голема некоја љубов во одреден момент ќе згасне,дека луѓето не се такви како што се претставуваат и дека на крај секој го покажува вистинското лице,дека не треба да се вљубуваш,а уште полошо,веднаш да ги искажуваш своите чувства. Што поладно се однесуваш,тоа подобро!
Да не му веруваме уште од почеток на ниедно момче бидејќи сега дури видов колку многу и како да лаже.
Јас научив дека не сум доволно созреана да сакам,а секогаш сум сакана ама по некое непишано правило уништувам се што е добро за мене
Научив дека не треба да бидам толку напорна. Да не се залетувам многу брзо, прво да дознаам за него некој работи па после другото. Да бидам потрпелива и дека не треба да се моли машко! Кога е завршено, навистина е завршено! Нема враќање назад, треба да си стојам на зборот.
Јас од мојата последна врска научив дека треба во животот да си ги намалиме очекувањата за се следно,а воедно убаво што ќе ни се случува само да не изненадува позитивно.Се друго е залудно,ни љубовта ни почитта ни работите што ќе ги направиш за личноста која ја сакаш нема да бидат вредни. Се додека му ги откриваш чувствата на партнерот,тој ќе се осеќа сигурно, го има в раце пленот и дека доаѓа моментот кога игрите и изживувањата можат да започнат!