Незнам дали имам пишано на темата ама колку повеќе оздравувам толку повеќе работи сваќам... Нема да дозволам повеќе јас да бидам на 2ро место ТОЈ на прво... Нема да дозволам повеќе да се запоставам заради некој(во секоја смисла на зборот) Нема повеќе да дозволам некој да ми биди центар на внимание И нема да дозволам да си ги кочам моите планови и да престанам да работам на моите соништа... И најважно нема повеќе да прпстувам лаги,никогаш тоа ми беше најголемата грешка што ја направив...
Научив дека требало ко пијавица да бидам,сок да цедам од него и душа да му вадам во кревет, ај во другава врска здравје!
Od ovaa vrska nauciv deka ne treba da gradime zidovi okolu nas, treba da im dademe sansa na nekoj koj ne saka da ni se doblizi. Cuvstvoto deka nekoj neizmerno ve saka I deka necij svet se vrti okolu vas e besceneto. Sto I da bilo vo minatoto, kolku I da bila golema I ubava ljibovta koja sme ja doziveale, toa zaminalo I poveke ne se vraka. Mnogu e vazno da si dademe sansa povtorno da bideme srekni. Sekoj go zasluzuva toa.
Ако некој е претерано фин и добар на почеток нешто не е во ред. Научив дека јас немам никаква вина, дека не сум виновна за ниту една караница и дека сите караници произлегле од тоа што тој не знаеше како да се однесува. Пупи ако си ти сериозна, не значи дека и некој друг ќе е.
Спојлер Што и да направам залудно е посекако никој не ме сака, пишано било просјак за љубов да бидам.И душава да ја дадам џабе е.
Научив дека не е се во парите. Тоа што она беше богата и ми плаќаше пијачки, вечери, одмори, не ме направи целосно среќен и исполнет. Значи луѓе џабе ќе трчате по богати женски, ако немаат карактер, нема иднина таа врска. Запомнете: не е се во парите. Има нешто и во дијамантите, златото.
Научив колку и да се трудиш да бидеш добар, девојките секогаш си ја тераат ("водата да тече накај нив") по нивно.
Научив дека на никој не му се верува и невреди секој кретен да се сака.Колку да си добар,и се да правиш некои луѓе не знаат да го ценат тоа.
Дека не треба да се верува многу многу на машки... Цели шест месеци ме лажел бе.. Не знам како успеал.. идиот.. А јас ден за ден се повеќе се вљубував во него. Добро е што не беше подолго па дознав на време. И тоа замислете тој не ми кажа, туку негови другари. И на крај си призна. А го мислев за нешто најмило, изгледаше како прав господин. Идиот. А јас поверував во таа игра. И браво за мене.
Општо онака загубив верба дека некогаш би успеал да имам личност (soulmate), за жал. Досега сум имал 3 врски и веројатно тука ќе застанам, на најсреќниот број.
Стварно постојат токсични врски. Има разлика од љубомора и посесивност. Не е здрава врска ако си себичен и егото ти е пред се. Подалеку од такви луѓе не можеш да ги смениш.