1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што научивте од турските серии?

Дискусија во 'Насмевка' започната од angel92, 3 февруари 2012.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    4.298
    Единствено нешто што научив од турските серии е дека машкото доминира во фамилијата а жените глумат робинки и домакинки, што и кај нас се гледа. Што вие научивте?
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Дека не важи фразата „Грд си ко Турчин“, затоа што стварно имало убави Турци..
     
    На Almedina88, DamnGirl98, Elena..T и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ако ништо друго, барем два три збора турски да научевме |(
    Нема да ни се на одмет.
    Апел до Сител и канал 5, укинете синхронизација.
     
    На Someonespecial, N1ky, Ecii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    3.079
    Оти кај нив нема хепи енд ... Се е трагика бре! :tmi:
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Оти се недефинирани и ликовите и приказните
     
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Потпис.

    И дека од затвор се излегува исто толку лесно како што си влегол.
     
    На mileystar и CharlizeTheron им се допаѓа ова.
  7. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Научив како се прават проблеми :/
     
  8. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Дека е можно да не спиеш со вереникот поради ветување кон татко ти дека нема да спиеш се до свадбата а после од инат што те изневерил да го прекршиш ветувањето и да спиеш со првиот што ќе го сретнеш.Уште полошо сфатив дека ако личноста е во главна улога народот ја смета за светица и таа треба да заврши среќно, без оглед на тоа што сопственото дете го дала на непознати луѓе.Мајка што го прави тоа не заслужува да го види тоа дете никогаш повеќе.
     
  9. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    зар има да се научи нешто паметно од нискобуџетна серија???каде главниот лик обавезно е некој наивен плачко на кој животот му е пекол ама на крај обавезно сите се среќни? земете ја пример Шехерезад....што научивте од неа??Дека ако недај боже детето се разболи треба да легнам со шефот за да дојдам до пари за лекување и после тоа истиот тој шеф во целава серија е као добар лик невероватно хуман :D ма немој молимте...а у позадина моралниот Онур се разведува од жена му и се зема со глумицава :D ...што да научам од Али Риза од оној моралниот и добар Али Риза на кој бабите плачат а тој додека се снима серијата се пердаши со Ферхунде ?????
    Ма дајте ве молам...ништо не може да се научи освен да се пополнува време со нив..ја не гледам ниедна друга освен Султанот зашто единствено од тој филм бар ако не друго ќе научиме за историјата нешто
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јазикот дефинитивно не го научивме... :D
    Останатото го препишувам од шпанските.
     
  11. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Дека во Турција се живее во луксуз, се возат џипови, слуги и шофери се нормална работа..
    Главните хероини се најубави, најпаметни и без образование прават успешна кариера.. Уште поважно секогаш се во право. :!:
    Затворот е место за одмор со платени трошоци..
    Научивме да кажуваме: Со помин нека е! Со лесно! Добро сте направиле! ...
    Патетики, досега невидени.. |(
     
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Да не го вклучувам телевизорот во период од 19 часот па се до кај 23 навечер :)

    Не ги гледам, не ги можам ама ич ..ИЧ :x
     
    На Vik'Toriah, mileystar, QueenN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    32.792
    Пол:
    Женски
    Дека треба да им се поклонуваме на постарите во фамилијата,да не ги погледнуваме во очи постарите браќа,и дека на нашите родители треба да им се обраќаме со Величенствен/а и Ваше Височество... :) :) :)
     
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    32.792
    Пол:
    Женски
    пред да ја напушти Македонија убави си рекло Турчето ,,Ќе се вратам јас пак,,.Еве како се манифестира неговиот кам-бек.И му успеа. :rofl: :rofl:
     
    На Sara123 и BelieberSwag им се допаѓа ова.
  15. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Eпа научив дека лошите си го добиваат лошото а нормалните - добрите победуваат , и се е подобро .
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    дека секое влакно од косата може да биде бакнато

    дека со свшеникот не се плескаш со години, а со странец од прва вечер

    дека лисјата моѓат да паѓаат со години

    дека можеш да си ја шитнеш дундата на некој богаташ, кој после тоа магично ќе се заљуби у тебе

    дека крвната одмазда е крајно застапена, и дека се живее во 2 век!

    за жал турски, за разлика од шпански, не научивме, зашто тотално не утепаа со синхронизацијата
     
    На Valerin, Hipster, Fleur-De-Lis и 4 други им се допаѓа ова.
  17. edno4ype

    edno4ype Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    ништо!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Дека дете наше треба да го даваме нонстоп кај бабаму да го гледа и да го расти а ние само онака да си поиграме со него
    (многу поучно)
    Дека едниот брат ако умри другиот треба да ја земи сната за жена :P
     
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Да рикаме како животни кога ќе ни отиде синот во затвор и тоа за ништо, тој само убил неколкумина..

    Значи:

    Ништо паметно. :)
     
  20. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Дека Сител, Канал5 и претходно А1 прават невиден финансиски профит од емотивноста на македонскиот народ.
     
    На sadangel му/ѝ се допаѓа ова.