Немам друга работа од турски серии да гледам да учам бе! Турски серии се за оние бабине у пензија, а не за 10-30 годишни. Си имате вие други работи, шо ве интересират турски серии...
Секад од прв пат остануваат бремени и имаат спонтан абортус. Коа си у невоља само непријателот може да ти помогне. На секоја 1,5 епизода се караат со саканиот а,после 20 се смируваат. Цел ден се на чај. И да мора овие заљубените да се разведени али снаата и свекрвата се one love. Се на се ништо корисно не се учи од серииве.
Да не ги синхронизираа ќе го научевме јазикот -позитивна работа А вака неможиш ништо корисно да научиш, а гледам само колку почит имат кон постарите ,ама то е само на филм. Taka NISHTO
Ау,па многу „корисни“ работи имаме научено. Научивме дека барем еден лик од серијата е тешко болен и во последен момент ке се спаси и нема да умре.После научивме дека го рушат рекордот на курдашијан која беше во брак 72 дена,а овдека жената дознава дека мажот има дете со друга и оп развод на 2 дена после свадбата.Потоа дека 99% од постарите госпожи во сериите се страшно нападни и пајак створења.Исто така научивме дека бабите кријат пари во прслук,пошо таму е најсигурно нели И тако даље и тако даље..
Jaс од турските серии научив дека кога и да припаѓаш во несвест или да се изнервираш за нешто,сите комшивки и домашните трчаат со колонската вода в раце и те "капат" со неа,сите домаќинки се запустени и личат на стари жени,се затроваа више од чај пиење,научив дека треба да се приплакува за се и сешто итн итн...се шалам де...покрај ова,прво и основно научив и дека животот може да ти се смени многу брзо и од сив да стане розов(и обратно) и научив дека не треба да се има доверба во секого...толку.
Кога има расправии дома, секогаш тој што сака да попушти оди да си ги измие рацете кога на некој му се лоши веднаш го мачкаат со колонска вода
- Мора некој да е во болница - Главните ликови се караат секои 2-3 епизоди - Колонската вода е лек кога си тажен - Се фрла бокал вода кога некој оди на некое патување - Мора некој да е болен од некоја неизлечлива болест, па да треба сите да испитаат кој ќе донира нешто и на крај е жив - Пијан вози кола и прави собраќајка и одма во болница - Секогаш има некоја фамилија богата која има фирма и голем број од вработените се членови на семејството - Цел ден се пие чај - Бизнисмени насекаде - Главната личност најчето е некоја утепана сиромашна селанка, која се мажи за богат човек и се дотерува - И 8948264538474 небитни чуда Најважно:Јазикот не го научивме, и сихронизацијата си нема врска со отварањето на устата
Освен тоа што жените се робинки,научивме дека треба 24/7 треба да се биде в кујна,обавезно по 2-3тепсии бурек неделно,чајот со нив секаде-ни користењето на мобилните не се споредува со употребава на чајон,се затроваа веќе...научивме дека дури и да се гребнеш сите од фамилијата со колонската вода трчаат како стампедо да ги брка и туку гледаш половина час:Ох Господе помагај лелееее што и се случи на мојата ќерка/син/внука/внук/прабаба по тетка на стрико ми...има уште многу,ако застанам да пишувам уште ќе дојде следниот милениум...
За вас незнам ама мене турските серии ми се преубави. Имам гледано, гледам и ќе продолжам да ги гледам. А и турски јазик знам и зборувам прилично добро, од причина што сум опкружена со турци. Инаку турскиот јазик што го зборуваат тука во Македонија и таму во Турција не е ист. 50 % е различен. Во Турција зборуваат литературно а тука не баш литературно туку на некој подруг дијалект да кажам. И не само во филмовите туку и овде во Македонија кога си болен турците викаат со помин, кога јадеш викаат на здравје и слично.
Искрено,не се толку лоши(ова доаѓа од поранешен хејтер ) Јас научив да ја вреднувам фамилијата повеќе и да ги поправам односите.Научив дека убавиот збор навистина железни врати отвара.Начинот на кој се изразуваат во сериите(несихронизирани) е посебен,Турците се навистина речити луѓе. Не ми пречи драмата,бидејќи тоа е целта на една серија,ама овие се далеку пореални од обичните сапуници. Научив дека обичаите им влијаат премногу на карактерот и ставовите и дека честа е многу важна карактеристика. Оние деталите со колонската вода и чајот им се дел од културата,барем научивме дека чајот лечи се
Зависи во кој дел од Турција, не секаде зборуваат литературно, има и во Турција дијалекти и е многу различен од литературниот јазик, литературно зборуваат во Истанбул, Измир, Бурса... А од сериите научив дека многу си ги почитуваат обичаите и постарите лица, и се секоша подготвени да помогнат на некого.
Ова го научив индиректно, од внука ми, често знае да и каже на мајка ми, бабо што убаво си ги направила еклериве, да ти се позлатат рацете. Или Ах, јас би изгласала закон за трајно укинување на давање турски серии и палење на сите досегашни копии.
Таткото е главен, не смее да противречи никој, посебно децата, кога е лут таткото и бесен сите наведнуваат глава а тој вика молчии кога ти велам, другите деца нели таткото има по 5-6 деца го смируваат немој татенце , жената нема право да се расправа па оди во соба, става ладни облоги на глава и кука како и е тешко како цел товар е на неа