Логиката во турските серии : Имам една лоша вест ! Ај на арно нека е ... Инаку научив дека после секој телефонски разговор милјето на телефонот шлак...
Научив дека ако било која личност од филмот се онесвести, бремена е! (затоа мажите во турските серии никогаш не се онесвестуваат... сигурно нема да забременат)
Замена за секоја псовка е - Господ да те казни ! Без разлика кому и колку си лут . Во случај да станува збор за моментален револт - По ѓаволите! - би одговарало.
Јас не ги гледам зошто поголема мизерија од нив нема. Немам намера да слушам глупости и само глупости. Во минатото исто беше со шпанските и мексиканските серии, денес истото се случува со турските ефтини серии и приказни. Ништо паметно, ништо реално и достојно за гледање. Да не беше синхронизацијата мислам подобро и покултурно ќе беше. Со помин нека е
Научив дека : -Ако некоја повраќа,бремена е. -Мора учтиво да зборуваме. -По некое песниче (особено онаа кога прават моминска вечер ) -Мора да родат машко дете за да има кој да им ја продолжи лозата. -Парите во ци**и ги чуваат -Колонската вода мора да ја имаат дома,скраја да е некој да не припадне.. -По некое зборче (да де можам состав да ти напраам ) -Во секоја серија мора да има по една добра,лоша,озборувачка,маѓепсница,чукната,чесна-а од мажите..мора да има по некој папучар,султан,шверцер,сопственик на холдинг,некој шо лиже г** на мајка му итн. -И најВАЖНОтое дека има повторна инвазија,но сега во поинаква верзија-електронски..современи шо сакаш
Прво и најважно: Не треба да се гледаат! Спојлер До пред една година бев како баба ми заразена со нив ама сега ми се повраќа кога ќе ги видам. -Кога некој ќе ви дојде на гости првото изговорено е: На арно нека е. -Кога некоја е трудна повраќа само додека не дознаат дека е трудна а после арно и е. -„Срам да ти е, тоа не доликува на нашето семејство, ни го рушиш угледот“ -Се зборува со цвеќиња во тип: „Само ти ме разбираш“. -Истото за цвеќињата важи и за сликите на некои личности. -Скалите се опасни за животот на бебето. -Кога купуваат тест за бременост велат дека им е за слугинката. -Турците се најдобри прислушкувачи преку врата. -Колонската вода е прва работа што се дава кога ќе му се слоши на некој, да мирисне. -Миленцето е задолжително врз телефонот. -Во чеизот има определено еднаков број работи за сите ќерки.
Секаде исто се повторува т.е.Жената е сиромашна мажот е богат и ајде многу се сакаат.Сите имаат:коли,ајфони,деца,девојки и скептични мајки.Ако прво жената се налуте после ќе се смират па мажот ќе се налуте и се е исто.Важно сите се НОВИ ХИТ СЕРИИ (како имитација на животот ако е таа најгледана јас ќе се фрлам од 17-ти спрат ).
Дека свекрвата да те засака поише ти врши работа одошто мажот да те сака. Ако она те засака, и мажот повторно ќе те засака за 50ина епизоди.
Да, ама ако у таков кључен момент, свеки доживее епифанија за тоа колку си ти фина, за едно 50ина епизоди и швалерката ќе биде оставена, омразена од сите ликови и важи за растурачка на фамилии којашто го нашла тој мажот којшто, од пуста добрина наивничок дури е и го излажала. Тука све е тоа процес.