-Гарант некој од ликовите ќе биде болен, најчесто леукемија. -Лошото свекрвиште на крај сите ги сака и сите ја сакаат нејзе. -Корнат коси ако не им се роди машко. -Лошиот кој цело време им прави проблеми, на крај завршува болен, сакат, во затвор, мртов.... -Имаат по литар колонска, за секој случај. -Барем еден/а има швалер/ка. -Барем една е трудна. -Или имаат тон пари, ништо не работат, не носат исти алишта по двапати..или се мн сиромашни, живеат во колиба, евентуално во некое куќиче. -Гарант некоја сиромашна се мажи во богато семејство и сите што не ја сакале и лижат г*з после. Има уште мн ама не ми текнуваат сега. И криво ми е што се синхронизирани, ништо од учењето турски.
Научив дека кога не им е по кејф кршат се околу себе, ама па нели им е жал бе? Јас ќе си умрам од плачење за предметиве во мојата соба, премногу си ги сакам.
Точно е се.Ама уште нешто ќе кажам.Еден другар од мојот клас(поранешен) го научил изразот крвна одмазда,бидејќи нели во Турција крвната одмазда е традиција и на сите од класот,меѓу кои и на мене ни прати порака на фејсбук со израз "крвно ќе ви се одмаздам!". А да,и еднаш една ако преспие со еден одма забременува.
Дека ако свекрвата не те сака, ќе успее, ќе ти го растури бракот/врската, па што сака нека биде. Затоа зближете се со свекрвите викајте ги мамо, мамо и ќе ве сакаат и животот ќе ви биде ко мед и млеко.
Хахахахха тоа обавезно, ако си турска невеста. Иначе гитла патот под нозе. Сега ме потсети на една слика. Ама не можам да ја најдам.
* Кога ќе умре некој треба да кажеш "Нека се живи пријателите" * Ако ти врзе некој силен шамар со гаранција нема да имаш ни најмал белег како на серииве * Дека се препија чај п.с. Кога си оделе турците од Македонија ,рекле:" Ќе се вратиме во серии".
Не е Ишиклерем туку е тешеќур едерим или тешеќурлер. Не е лјутфем туку лутфен што во буквален превод значи ве молам. Јок е нема, хајир е не. Мехраба (или како во Македонија шо викаат Мераба) е здраво. Другите се добри. Инаку кажаа девојките се пред мене да не се повторувам тоа со папучите, милето на телефонот, чаевите, зборот на таткото е главен, повраќање ако си бремена и такви работи во скоро секој филм го има. Единствено во Притраени страсти не го гледав многу ама не приметив во другите сите филмови го има.
дека кога некој е болен, треба да му речеш: “Нека е со помин“, а и од Полат се заразив и сите шеќер ги викав, али ќјути се одвикнав некако одвај! абее кога ќе видиш ништо паметно.
Шо научив? Хма-хма-хм.... па то дека ако некој ме послужи кафе треба да најдам злато и да му ги позлатам рацете...Па нели викаат: Да ти се позлатат рацете!Море злато ќе вреди кој и да е!Побаран,од Сноу-моу како и да се вика тој агентот со ден шо е....,ќе е!
Научив дека: -крвната одмазда е нормална работа, -во секоја серија има некој влијателен кој ќе се заљуби во обична девојка, -и кога ќе ти вперат пиштол во глава,ќе дојде некој да те спаси,односно ќе останеш жив, -оној што исчезнал или што мислеле дека е мртов се појавува, -оној кој е тешко болен се излекува, -двајца браќа сакаат иста девојка, -на таткото не треба да се противиме, -свекрвите да ги почитуваме,иако мажот не не почитува, -мажите или не ги сакаат жените или ги третираат како принцези, -дека е битно сепак што ќе речат другите да не се извалка честа, -дека сите серии имаат среќен крај.
научив дека кај нив колонската вода МОРА да има во случај некој да припадне и дека на секое се вика: НА АРНО НЕКА Е па дури и кога е лошо на пример:Мамо имам лоша вест и мајкава леле керко на арно нека е ајде кажи!!! и многу многу други работи кои видов дека се напишани погоре а и ке заборавев голема е веројатноста ти да си заменет со друго бебе или можеби си посвоен