Чекај што научив дека ги ИМА ВО ГОЛЕМ БРОЈ И ОД МОИТЕ НЕМОЖАМ НА РЕД ДА ДОЈДАМ НА УБАВ АСАЛЕН ГОЛЕМ ТВ ДА СИ ЈА ГЛЕДАМ СЕРИЈАТА -.- ЗАМИСЛЕТЕ ТУРСКИТЕ СЕРИИ ДА ТРАЕА КО ИНДИСКИТЕ ЌЕ ЗАБОРАВЕВ КАКО СЕ РАКУВА ДАЛИНСКО НИТУ ПАК ДНЕВНА КЕ ЗНАЕВ КАКО ИЗГЛЕДА ФАЛА МН.ЧАО ЧАО. ПРИЈАТНО.
Сите кавги , тајни , дешавки , се се дознава за време на вечера , појадок .. И онака сите шокирани од сознанието , тамн седнале , веднаш стануваат , им се одјадува као и кога и да им треба такси , во секое време , као случајно поминува слободно такси , баш на таа улица , т.е таксистот се појавува во следната секунда како нарачан
А јас да имам толку убави јадења на маса , и кровот на глава да ми падне јас ке си јадам ( ке ме убие аутокоректов )
Декa зa секoјa незгoдa или тaјнa нa еднo бoгaтo семејствo се дoзнaвa вo весник или нa телевизијa. Акo гo немa oвa не е турскa серијa. Декa нa сите телевизии сите се мегaхитoви. Wooow. Мoре мaрш.
Нема што да научиш живи глупости губење време не можам да поднесам дома мојте кога ги гледаат све едното исто се тепаат се убиваат.А највише ме нервира кога овие нашиве што ги глумат ке почнат да ги глумат како плачат рикаат вриштат на цел глас.Мислам WTF дајте бе нешто попаметно стајте да гледаме нешто од што стварно човек може да научи.
Во еден пост сумирано дејството на турските серии врз мозокот Повеќе за плачење е отколку за смеење. Страшно...
Од турските серии научивме дека кога ќе дојде гостин дома и ќе си ги соблече чевлите, одма треба да му се принесат папучи Кога синот е разочаран, мајка му го теши со ,,мантии,,
Не ги сакам многу турскиве серии може некој период да загледам некоја ама после ретко ја гурам до крај.
Рацете да ти се позлатат, со господ напред и наместо добар сум само БЛАГОДАРАМ и демек се подразбира дека сакаш да кажеш дека и си добар и балгодарам на прашањето. Се е убаво, само уште турциве навистина да беа толку љубезни и супер ке беше. И никој ништо не работи , а сите имаат се и богати се, не си ги знаат парите, со слугинки ваму-таму, шофери, шта да ти причам.
Покрај се, научив дека океј е да се растураат бракови и поимот за чест е малку испрертен. Секогаш лоши се оние кои патат, чесни се оние „невините“ кои не „знаат“ што се случило, ама шта чеш главни ликови се. Секогаш има една машка горила и еден џентлмен и има една жена која е изневерена ама таа е нечесничка зошто го сака мажот и една чесна девојка, сиромашна и добра шо ... растура брак. Меѓудругото: „Рацете да ти се позлатат“ „Како си? - Благодарам“ „Јас сум маж во куќата“ Мајката секогаш има швалер или е стара вештерка Таткото секогаш има некоја тешка болест или забораено дете или неверство или некоја тешка тајна Ќерката не ја гледаат за жива, битно ја омажија Синот е срце, ќе го школуваат и фирмата ќе му остани него Една добра слугинка Една лоша слугинка Болеста - леукемија, во секоја серија значи, во секоја После болеста се помирват страните, а пред то се помирват откако жената ќе затрудни со негово дете Секогаш има една/еден во ментална установа Сите кои работат во фирми и не се главниот лик имаат шварка, а главниот лик го монтираат со шварка Мора да се биди на маса за оброците Мора да се носат папучи дома Дозволен излез за девојка од 25 години - до пред да се стемни Кога девојката ќе се изнервира и ќе раскини на дечкото он плачи пред најдобриот другар и пие Има многу ама не ми текнуваат и ова ми е целосно искуство од три месеци престој со моите во дневната соба зимскиот период. Тупат со турски и да неќиш ќе му научиш шемата.