Единствениот збор кој што го научив од турските серии е зборот МЕРАБА (добарден) .. Едноставно ништо не можам да ги разберам што зборуваат..А ќе заборавев и научив дека мажот е оној кој што треба да се почитува во семејството.. Амммммм ова некако не ми штима.. Треба да има рамноправност
Само научив дека: * на прашањето: Како си? се одговара со Благодарам. * во било кое време и да се јавиш на телефон, или на врата да чукнеш. Па макар и да го замолиш за чаша вода, мора да му речеш: Извини што те вознемирувам во ова време. И тој ќе ти одговори со Какви се тие зборови? * дури и да одиш на погреб, треба да кажеш: Со помин нека е. Не ми текнува ништо друго во моментов, лаву мој.
Ништо не научив.. Барем да не ги синхронизираат поубави ќе беа.. Вака, кај им е за нигде синхронизацијата па уште ни турски не можам да си научам..
Од турските серии научив никогаш да не се расправаш со слугинката затоа што таа на крај ќе излезе дека ти е мајка Од јазикот единствено што научив е чок, сени севијорум, ајне, кзм
Научив дека коа јас пукам сите ги убивам , а коа 100 души пукаат во мене на еден метар никој неможе да ме погоди ... Хахахаа
1. Ако некој исчезне или умре немој да плачите, да очајувате тој сигурно е жив. Кај и да е ќе се појави. 2. Во секоја серија ќе се најде некој да живее на јахта. 3. Маживе се невидени папучари( да се разбереме само оние кои се во главна улога) 4. Обавезно главните ликови се лигават меѓу себе демек многу се сакаат а се караат и се разведуваат по сто пати. 5. Секогаш богат маж се заљубува во некоја без пари ама некоја која воопшто не го сака заради парите туку заради тоа што е лав и е мил.
А научивте како проверуваат дали си бремена или не?? Ти пикаат рака таму доле и ти буричкаат... Јас никако тоа да го научам :/ *Ова за во Величествениот прашувам хх
Научив дека јака страна им е гракањето.И за нешто што треба и за нешто што не треба само се дерат,плачат ли плачат,страв ми е сител и канал 5 да пуштам измеѓу 20.00 и 23.00, може стан да ми поплават од толку плачки
Стварно ај некоја ако знае нека каже откај знаат дека е бремена, оти ни мене не ми е јасно тоа Прашањето не ми е за тука, али ако некоја знае, чисто информативно нека сподели
Пааа.. ги научив нивните обичаи и дека ако се омажиш и ти умре мажот, автоматски маж ти е неговиот брат, научив дека има крвна одмазда, (љубов и казна) бљак. научив неколку зборови, научив дека сигурно нешто лошо се случува ако ги нема сите на маса, научив дека битните ствари ги кажуваат токму на маса, научив дека кога ќе те прашаат како си? одговараш со благодарам, а не со добро/лошо. научив дека на секои 5 мин. пијат чај и кафе итн.
Да ви кажам право, ова синхронизираниот превод многу може да ви го подобри сексуалниот живот - Оххххххххххххххххх во хоооооооооолдингот! Аххххххххх дуууушооо! И еден куп други сексуални воздишки, несакам да бидам вулгарна. Мајка Шахнур кога запаѓа во шок, прави такви гримаси, што си помислувам бре на ова старкава и сечи ли секирата, или па звуците, срам ми е да помислам. Иначе турците се многу добар народ, дотерани, културни, со некој посебен редослед во фамилијата, луѓе кои многу добро знаат да почитуваат, ама нашиве со синхронизација направија невидени порничи. Уаааааааааааа синхронизација!!! Искрено па и ме нервираја кај АлиРиза со масата, собери - спушти, ја испокршија... а миленцето на телефонот мислам хелоуууу.
Тајм-аут на менструацијата + зголемување и омекнување на матката + зголемување на дојките и појава на првото млеко + губење на слузницата во вагината и во грлото на матката = Султан Сулејман Јуниор
А, да. Ќе заборавев. Што научивте од турските серии? Научив, уствари и не научив, туку сакам да научам.. Како тоа им се позлатуваат рацете?
Дека одмаздата постои у секоја можна серија. Секад постои еден изгорен у минатото кој сеа им се свети на сите. Изгледа се држат до онаа од Бејкон: Revenge is a kind of wild justice.
Научив дека мајка ми е способна 3 саати да ми раскажува Ферхудне-Мерхунде, Онур, тие сестрите, Полат, султанот-мултанот, а јас од чисто поштовашње да климам со главчето. Научив дека турските серии можат сериозно да ги нарушат добрососедските односи, особено кога ќе настане некоја сочна дебата во врска со некоја епизода пред зграда, во која буквално никој со никој не се слуша, а битно се караат и очи си вадат. Научив дека сме имале прилично прост народ, што не плачи поради фактот дека децата не можат да му најдат работа, дека треба да ги цепка парите до крај на месец, но кога ќе умре некој од ликовите или се разведува па тоа е фамилијарна трагедија и се лијат солзи како за најблискиот да се работи. Уствари едвај чека народот наш било каква занимација за да избега од реалноста. Поточно кажано не гледам воопшто турски серии. Присилно имам изгледано 3-4 епизоди од рандом серии. Пола епизода плачат, а пола е забавена снимка од некој си "многу емотивен" момент.