научив дека жените не се битни мажот е тој кој доминира и е најбитен да го покривам телефонот со чарчавче да употребувам премногу често СО ГОСПОД НАПРЕД на постарите да им бакнувам рака и дека сите се исти (ДОСАДНИ)
Или тешуќур - благодарам и гјун ајден - добро утро.Само тоа имам слушнато.Тоа со помин нека е, гледам им е често или без помин нека е добро последново го додав, не дека го викаат За главната улога, за разлика од американски или какви и да било серии, тука е обратно, комотно си продолжува серијата без главната улога.
научив дека имаме многу турски зборови во нашиот македонски јазик,(на нет ги гледам,со српски превод,а не синхронизирани)сите тие смешни зборови што ги употребува баба ми,дури сега сватив дека се турски а не селски хахаха друго научив уствари турците се бели луѓе со плави очи и плави коси,и дека има многу убави турци а не само турчинки
Уствари исклучително ретки се тие Турци во Турција со светол тен, светли очи и коса, тоа таму е 'егзотично', затоа многу од таквите се и телевизиски фаци. Исто како во Латинска Америка. А иначе најголемиот дел од народот таму стварно си се калеши. ЈБГ, јас ваква бела, да се родев таму некаде, ќе бев добро-платена селебрити
Дека 90% од турциве се а ла гангстери; Секој втор има пиштол и шета со него; Негативниот лик е стално некоја стара "вештерка" со 3пати повеќе креон него што треба; Нема серија со среќен крај; ако не се случило убиство или самоубиство во 3 епизоди едно по друго - серијата е осудена на пропаст; Жениве имаат многу квалитетна шминка
Дека турските мајки не знаат како да се справат со висока температура! Аман, значиии нема серија кај што го нема ова. И одма плачење, викање по телефон, таткото на работа, па додека ќе стигне, па ова, па она...
Јас научив да викам „со помин нека е“ и „со лесно нека е“ Научив дека обично турските серии се мнооогуу долги..Бар тие јас што сум ги гледала и гледам.. Научив дека пијат многу чај како ние кафе што пиеме. Научив интересни ситници,некои поговорки,мудри мисли..И слично..
Главно ништо не научив. Само го потврдив она што веќе го знам! - Ако се држат децата премногу строго после ќе бидат како кучиња пуштени од ланец! - Дека среќата и спокојот не се купуваат со пари. - Некои турски обичаи и по некој збор, кога ги гледам на интернет нели пошто нашите синхронизираат. Итн. Меѓу другото, - да се даваат влечки на гостите телефонот да се покрива со миљенце, и покрај тоа што се немаат пари трпезата мора да е полна зашто е срамота синко (кога лисјата паѓаат) - научив дека дечко ми може да убие за влакно од мојата коса (љубов и казна) - братот може да си ја вика сестрата ќерко (Неџип и Рејхан од "Лале") и др.
Од турските серии научивме дека доколку некој те праша "Како си?" треба да му одговориш со "Благодарам !" Спојлер многу ме нервира кога ќе слушнам ваков разговор во било која серија
Јас научив да викам „со помин нека е“ и „со лесно нека е дека на фиксиот телефон треба да има некоја ткаенина и дека се могу традиционални.
Ако си еден од главните личности, живеете ептен сиромашно во сиромашен кварт, не сте образовани одеднаш ви се насмевнува среќата станувате одговорни на голема фирма, без проблем зборувате најмалку 3 јазика, а предходно едвај турки зборувавте, одма се препуштате на луксузан живот