Јас од турските серии научив дека веќе во животов мој не треба да погледнаm уште една турска серија!!!
1.Дома мора да имаш 2525238 пара влечки во сите можни форми и големини за секој што ќе ти дојде на гости да му дадеш да облече од тие влечки 2.Што и да се случи треба да речеш СО ПОМИН НЕКА Е 3.Секогаш се случува некоја голема љубов и на неа се противи се живо ама таа љубов ќе победи или во краен случај умира главната улога 4.Секогаш се наоѓа по некоја скромна девојка која носи партали кои ни баба ми не би ги облекла ама па затоа кога ќе се дотера сите ќе попаѓаат во несвест (затоа секогаш при рака имаат колонска вода) 5.Сите серии до една се најгледани на Балканот.
ништо. уствари дека секој турчин има брада или мустаки или и двете. уствари и не ги гледам за да имам нешто научено, ама колку и да несакаш мораш нешто да знеш што се дешава зашто сите за тоа зборат...
Со лесно нека,за арно нека е ,со помин нека е,господ да те чува од уроци,господ да ве усреќи и што уште не...........
Дека коа ќе зборам на телефон и ќе ми спуштат од таа страна,треба уште 3 пати да кажам "АЛО!ТУКА СИ?"(иако знам дека не е)
Дека никако не можат да се опуштат кога се дома...мора да седат пристојно,да зборуваат пристојно и бла бла.Ааа да и цело време сите плачат, а се чудам што кога зборуваат на телефон на крај не си викаат чао или пријатно одма гасат
1. Секој има минимун по 3 пари влечки. 2. Дома мора да има колонска вода. 3. Што и да е, мора да речат `Со помин нека е`. 4. На секој телефон, телевизор, под вазна, над вазна миљенце има.
Покрај тоа што сфатив што е средство за масовна хипноза, научив дека во Турција како и да се свртиш, кај и да одиш, што и да правиш, многу е веројатно дека ќе налеташ на член од мафијата. Исто така научив и дека во Македонија што и да излезе, колку и да е кич и шунд, многу е веројатно по кратко време да го видиш во комбинација со Драган Вучиќ.