Научив дека не треба да се купува турска шминка зашто не е квалитетна и ти се растечува додека плачеш
Треба да се чека таткото да дојде за да јадете, без тоа никкако не се седнува на маса, па ако сакаш да станеш да го прашаш тато дали може
Дека мора да соблечеш чевли кога влегуваш во било која куќа, и со тоа автоматски ти се следуваат папучи Дека има миленце на телефонот, и обавезно после завршувањето на разговорот миленцето се враќа на место. И дека на секоја домаќинка. што и да зготвила и се позлатуваат рацете
Научив дека на султаните во отоманската империја сите граѓани и поданици кога ќе ги прашал султанот како си тие одговарале се молиме за вашето здравје да се живи серииве, немаше да знам
Јас и индискиве ќе ги помешам во муабетов, предвреме се извинувам. На турска серија ако жената повраќа, обавезно е трудна, додека на индиските серии ако е бремена паѓа во несвест. Сигурно до климата е
Ние научивме и англиски и шпански од серии и филмови. Како што тргнале овие со синхронизацијава, новиве генерации само македонски ќе знаат... Така да ништо корисно од серииве, барем јазикот да го научеа тие што гледаат, голем ќар ќе имаше.
Ако со некој прв пат имате сексуални односи веднаш се забременува, а од втор пат и секој нареден ништо. Само од прва.
Кога некоја е бремена и е срамота да го роди детето оди на воздух на прошетка, ги гледа децата во паркот како си играат, и решава да роди. Единствено твојот непријател ја има истата ретка крвна група како и ти. Наеднаш имаш мноооогу проблеми, одиш од проблем до проблем, а после ќе се смириш со саканиот, ќе се земете по втор пат, ќе си го гледате детето и така до крајот на животот немате проблеми ама никакви.
Научив дека серијата е уште подепресивна ако насловот и е поврзан со времето... (Кога лисјата паѓаат, Солзи на есента, Бурни времиња..)