Тоа што е многу затворен. Зборовите со клешти морам да му ги вадам, се осеќам некогаш како инспектор. Тоа што знае да избувне за ситница. Тоа што не се замара да запамети работи (ситници) кои мене ми се важни. Тоа што секогаш мисли дека е најпаметен, најубав и секогаш во право.
Ме нервира тоа што е мн затворен тип , не комуницира и никогаш не започнува некоја тема.Секогаш јас сум иницијатор за се ...
Тоа што незнае да се кара. Колку и да звучи смешно,најсериозно ме вади од такт тоа што кога и да сме во ред расправање он незнае што да каже или ќе тресне некоја глупост со што ќе ја влоши ситуацијата. Или тоа неговото добро срце добро И одма утредента се треба да е во ред. Епа неможе !
Тоа што е ужасно ама буквално затворен , треба да се молиме и да не разговараме за да каже некое зборче. Како вулкан е , избувнува кога ќе му текне.
Инаетот и тоа што секогаш мисли дека е во право за се, и што пуши цигари. А да, ме нервира и тоа што тој секогаш е прв да помогне било каде, иако ако би била обратна ситуацијата, малкумина се тие што би му возвратиле...
Инает, љутко се љути за најмали ситници, како што рече makedonkamak кога ке каже ке ти се јавам за 2 мин а ми се јавува за 15, кога ке го му кажам да се шетаме а тој не сака... Но сепак го сакам и не би го менувала за никој.
Секогаш сака да биде во право,логично Лав Ама веќе одамна не му се замарам за тоа, само скролам очи и го оставам да мисли дека е во право
Тоа што е многу затворен,што не пропуште ден да не замрчи за нешто и тоа што за да се одлучи да одиме некаде му треба 10 години.
Најмногу ме нервиреа тоа што во последно време е мрза светска и очекува се да му принесувам под нос и да одам по него како по мало дете.Се чувствувам понекогаш како покрај моите две мали деца да си имам уште едно трето-мојот маж.