Хехех не дека е кој знае колкава маана, ама кога ќе влезе со мене во продавница за козметика нека биде малку пострплив и друштвен , а не на секои 2 минути да ми вели е што читаш сега, ајде побрзо , па не можам туку така да влезам и да излезам
ме нервир што коа ке треба да стане од спиење и да идеме негде он чека ја да се облечам па он тек ондак станува е мн ме нервира тоа.
Исто и мене ме нервира ова ме нервира и кога му кажувам нешто долго по телефон, некоја случка или било што, зборам 15мин и на крајот ми вели: ај повтори не те слушнав убаво
Значи најмногу ме нервира кога ќе почнам нешто да кажувам и тој ќе ме прекине. Колку и да било значајно тоа што сакам да го кажам, после ја губам желбата да го повторам. Најчесто и не ни имам можност, се убацува тој и менува тема
Ме нервира кога доцни, језда јас задоцнив на првиот дејт. Ама, не бива да ми враќа на рати со камати.
Ме нервира што знае да биде ладен, тоа што тешко се отвара и зближува Се надевам на поубави работи наскоро.
Кога треба да стане наутро , му требаат 2 саати да се " освести " . Многу верува на луѓето , па секогаш е разочаран кога некој не испаднал онаков за каков што го сметал . Секогаш е во право ( и кога не е ) . Чека јас да се облечам , па потоа станува и се тушира , а јас дремам ко гуска спремна за излегување
Ме нервира кога се лути некогаш за ситници и глупости, секогаш му се спие не верувам дека има некој поголем спанко од него.