Инаетот. Дефинитивно најмногу. Тоа што купува секакви ситници што после само фаќаат прашина, и шминката. Ако не е нашминкана никако нема искачање. И после ми вика ама само коректор и маскара ставииивв. Ама со инает неможеш на крај да излезеш
Инаетот... Обично секогаш ,,женското е во право", кај нас секогаш на крај се сведува на ,,тој е во право". Доколку не попуштам и не речам океј, спремен е и врската да ни ја растури од инает. Ужаснооо!
Премногу е посветен на работата и кариерата. Премногу е амбициозен, претерано. Убаво ми е што е толку вреден, само не знае да си даде пауза и одмор, се преморува.
Добра вечер на сите. Се надевам сте добро. Потребен ми е совет, се гледам со еден тип, на почетокот ми симнуваше ѕвезди, уште се запознававме, се прифаќавме со сите предности и маани. Се додека не отиде во Литванија, на еден месец да работи и му дадов поддршка. Не сум љубоморна постојано ми праќаше слики од неа како се излезени, таа сака само да шета и одеше со женет маж поради пари, но не навлегувам нејзино право си е и го барала секој ден од досада и употребувала сарказам за мене, и на крајот сфати дека го барала од корист. Понатаму сестра му сакаше да ме запознае, отидов на гости културно и однесов подароци за неа и нејзиното бебе, постојано ме провоцираше и сакаше да се меша, помеѓу мене и брат и имаат некоја презависна врска и наместо да ме одбрани дека е директен се извади дека не слушнал не барам да се расправаат ама некој став иако бев културна со неа претеруваше. Исто и ме вртеше мајка му против баба му ама на игноре ги ставив дистанца и културно. Во сексот комунициравме што сакаме, јас сите желби му ги исполнив, тој секогаш се уморуваше брзо, колку и да имавме немаше кондиција, иако му е мал јас не го земав тоа при срце но не сум задоволна. Имам емоции колку и да е добар не знам дали да продолжам кога и да има конфликт се е во право и спушта слушалка, наредниот ден топло ладно и кога е физички до мене помалку се расправа и секаде сака да го има. Ве молам за совет.
@little123 Ми се чини дека од ниту еден аспект не те исполнува овој однос, ниту психички, ниту физички. И онака рече дека се гледате, не сте во официјална врска. Па штом при едно гледање имаш куп проблеми, незадоволства и тој да дозволува мешање на неговите, не би рекла да очекуваш светла иднина за понатаму во врска или брак. Мој совет, стави си се себе на прво место. Не се мачи и не си го троши времето штом од повеќе аспекти не иде. П.с И извини, ме пресмеа со тоа "Иако му е мал, јас не го земав тоа при срце"
Кога ке му кажам нешто да направи или да правиме никогаш не го прави тоа одма кога ке му кажам него после неколку минути.. на пример ке му кажам да стане да се спреми за да не задоцниме некаде и тој уште ке листа на тел и потоа ке треба да го чекам, а се спрема подолго и од женските..
Што очекува да и платам се живо и диво, а студент сум (апсолвент), имам само примања од оброк и ДДВ. Разбирам на почетокот, првите dates итн... Заедно сме 2 и пол месеци, ама ако не се поправи тоа нема да дочекаме 3.
Глупости! Кај нас е обратно: јас сум студентка, а тој работи. Никогаш не сум очекувала тој да ми плаќа се'. Се менуваме, еднаш јас еднаш тој. Не сум ни собирала кој плаќа повеќе, ни ништо. Ама не сакам стално тој да ми плаќа. Се случило тој да нема пари, па јас како студентка сум плаќала. Се случило и обратно. Отворено зборуваме на оваа тема. Како што спомна членката погоре, треба и ти да зборуваш со девојката. 21 век сме, мразам спонзоруши... нека си најде sugar daddy ако има такви очекувања.
Пробувам да и кажам директно, но таа секогаш почнува да се жали дека родителите и се на минималец, газдите ги злоупотребувале, како едвај врзувале крај со крај ( и други приватни работи што нема да ги напишам тука, веќе кажав многу), јас сум требал да сум среќен дека сум растен во добри услови, а не да и се жалам срамота било. И така се чувствував виновно и платив цела вечера и плус и ме наговори да ја носам на викенд за Бугарија. Е сега прво се чувствував виновно и ја жалев ама со тек на време сфатив дека си ја злоуптребува нејзината финансиската состојба за нејзина лична корист, а плус случајно дознав од одредени извори дека и состојбата не и толку лоша колку што се прави дека и е, а информацијата е од сигурни извори. Ме фати паника кога си ја видов состојбата на сметката, сите пари што ми беа планирани за до јуни ми се при крај. Има уште работи што не можам да ги кажам но во главно тоа е.
тешко на родители со ова девојче. Тебе уште потешко. Прво. Секој родител гледа за детето да обезбеди колку може повеќе ама за жал има толку неблагодарни деца... Јас стварно не знам што сака оваа. Јас во моите 34 год од Охрид подалеку не су.м пошла па жива сум. И што должен ми е некој рандом дечко да ме носи надвор од границите? Не ќе можам да преживеам ако не појдам? Не знам што сакаа оваа. Нека работи нека си исполнува сама желби. Никој не и е должен
Никој не е должен на никого ништо да плаќа. Прекини си со време, 21 век е, има многу девојки што не се вакви и нема да те искористуваат за пари. Бог да чува, не ми е јасно како некоја очекува дечкото да и биде подвижен банкомат и да и исполнува музички желби. Викенд да и платиш по 2 месеци врска? Не се будали, не биди нечива играчка за искористување.