1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што најмногу ви боде очи кај некои членки/ови во одредени теми?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Daleron, 3 ноември 2014.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема, ако има канта се знае.
    Бев поттикната од темата „Опиши се“ за да ја отворам и темава.
    Навистина читајќи им го описот на одредени членки, повеќе ми заличе темата да се вика:
    Оглас „Барам дечко за озбилно„
    Верувам дека и помеѓу вас постојат членки/ови на кои што нешто им забодело очи во одредни теми.
     
    На LUCERKA, anina, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Не станува збор за конкретни членови туку повеќе за начинот во кој се движат определени теми

    1. Не ми се допаѓаат реакциите кога некоја членка ќе постави прашање поврзано со абортус. Сметам дека не е фер ние да почнеме да коментираме околу тоа дали таа треба да абортира или не кога прашањето е колку се плаќа или кој документи се потребни.

    2.Темата дали сум бремена. Да, 95% од прашањата се трагикомични, да, сите превртуваме со очи кога ги читаме ама па таму највеќе пишуваат девојчиња кои очигледно прерано почнале со сексуалниот живот, без да имаат врска од репродуктивен систем, заштита или здрав памет. Читајќи ја темата да те фати параноја дали сегашнава младина е толку изгубена или ова се само исклучоци ама како и да е, од х причини почнале со секс и сега ги јаде јанза, немаат кого да прашаат па затоа не прашуваат нас. Да не се лажеме, и ние кога сме биле помлади сме прашуваме слични наивни глупости или нас другарки не прашувале и затоа ми е жал кога ќе видам ептен дрзок одговор. Знам дека на девојчињата кои очекуваат одговор од нас навистина им значи кога ќе го прочитаат `Нема шанси да си трудна`

    А ако размислам околу тоа кој член ми има оставено навистина лош впечаток, без разлика на тема, тоа мислам дека тоа би бил резидентниот женомрзец (или мразач на Македонки, сеедно) Др. Стрејнџлав. Среќа што постои опцијата игнорирај.
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На AL.MA.EL, galapce, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa Токму и на тоа мислев.
    Пример темата „Врска со Грк“ се измешаа баби, жаби, политики, црнци, палестинци и потполно ќе се сложам дека ДР е најбезобразниот (во секој смисол) лик во сите теми.
    Можеме да ја насочиме темава и во таа насока како ѕид на јавно истакнување. Секој за некого си има свое мислење, никој не е совршен.
    Можам да напоменам уште еден ужас во темата „Политички настани“ ( ми се чини се )запрепастив кога се напаѓаат членките/овите и се изнесуваат во јавност податоци кои што лично се знаат.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Темава ви е многу глупа искрено, ко да официјално отварате чешма на сред село за оговарање. Ако ми смета нешто кај одредена членка во одредена тема имам слобода да и кажам во тој момент, на таа тема и крај. Дискутирај ако сметаш дека некој бесмислици зборува и пробај да го убедиш го во спротивното, а ако не знаеш како тогаш игнорирај и оди си во теми во кои имаш што да кажеш. Или најлесно ќе е тука да дојдеш во темата и да си олесниш. Далерон ти па што се замислуваш кој фактор си на форумот за ѕид на јавно истакнување да предлагаш?
     
    На galapce, Minnie 1, Boleyn.7 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    А зошто пак ти делиш памет насекаде и да се препукуваат низ темите со лични пресметки.
    Еве овде, ако модераторите мислат дека е глупава темата нека ја избришат и не туку насекаде да се правиш најпаметна. Јас не се замислувам дека сум некој си фактор.
    Еве ти тема за расправање и лични преасметки не туку мудрувај.
    Еве пример јас ти бодам очи и си кажа што имаше, сега продолжи не ми пречи.
     
    Последна измена: 4 ноември 2014
    На alexa_dimoska, Vik'Toriah, breanne и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Лични пресметки низ темите (треба да) се бришат. Исто и тука. Ти сакаш да отвориш тема каде тоа ќе е дозволено не за нас да ни направиш услуга или на форумот туку дека си пукната за сеир. Еве со тебе ќе почнам да ти ја разработам темата пошто толку сакаш.
    Те имам приметено кога се дискутира во некоја тема, ќе цитираш некој кој на широко си го објаснил својот став, (каков таков негов си е и има некаква поента без разлика дали на некој му се допаѓа или не) и под цитираното коментари од тебе во стилот Бог да чува, секаков народ, простотилок, што ли држи земјава, не ми се верува што читам и сл. Како падобранец улетуваш без нешто паметно да кажеш, чисто само колку да те има и колку да знаеме дека си запрепастена од нечие мислење. Ко да нас гајле ни е.Или изјасни се добро или воопшто не се вклучувај.
    Докторот Стрејнџлов колку што го имам читано понекогаш интересен ми е. Не значи дека се согласувам со него, ама фино си разложува, си верува во тоа што го збори и тоа е тоа. Пробај објасни се со него ако ти држи газ, ако не игнорирај. Ако мислиш дека претерува пријави го.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав да го чујам, а можеби кога некој друг ќе ти укаже на грешките ќе ги воочиш.
    Секогаш е добродојдено да чуеш друго мислење за себе отколку да мислиш дека си најпамтен.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Оф топик
    Постои слична тема на оваа http://forum.femina.mk/threads/Членка-за-која-сте-имале-погрешно-мислење.9585/

    За разлика од `Членка за која сте имале погрешно мислење`, чиј наслов доволно објаснува, темава повеќе ја сватив како конструктивна критика во однос на насоката во која се развиваат дискусии во определени теми. Со тоа кажано не би ми сметало да прочитам критика за мене (Наусика многу рипа во таа и таа тема, Наусика е премногу дрска/ саркастична/ безобразна, Наусика се прави паметна итн). Не викам дека егото нема да ми се повреди ама подобро да знам дека на останатите форумџии им оставам таков негативен впечаток и тоа да го средам отколку да си продолжам по старо.
     
    На daylight, makedonkamak и Daleron им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека темата си е на место. Што најмногу ви пречи? Не осудуваме никого, само кажуваме.
    Мене лично, се знае, правописот, кај сите, без исклучок.
     
    На LUCERKA, AL.MA.EL, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Совети од 15/16 годиншни во темите во кои сеуште немаат никакво искуство како брак, врски, снаи свекрви, секс итн, со цел да имаат поголем број на мислења (што е многу очигледно). Обично го читаат советот од членот на нив и го прераскажуваат. Повеќе ми е смешно, од што да ми боде во очи :)
     
    На LUCERKA, zuto, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.629
    Пол:
    Женски
    Никој конкретно пошто секој си има свој став и мислење на одредена тема и нормално слобода да го искаже истиот на јавно место како што е форумот.Но, често ме нервира осудата и потценувањето од типот-не си мажена што се мешаш во Сани и Свекрви,Немаш дечко-што се мешаш во Врски и љубов,Немаш дете што се мешаш во темите за деца,Немаш маж-што се мешаш во темата Брак и сл. Мислам у реду е некој може да нема ни дете,ни маж, ни свекрва,ни дечко па тоа не го праи личност со намален степен на интелигенција да не може да сподели мислење или искуство ако не негово лично и на своја кожа осетено барем индиректно на некој близок.

    Исто ужасно иритантни ми се ликови кои се жустрат на секоја реплика упатена кон нив ко у најмања рука у око со виљушка да си им бркнал,па тука почнуваат со попување за култура и воспитание. Се прашувам ако на анонимен форум така се жестат на секој негативен збор упатен кон нив или кон некој нивен став, како се справуваат во реалниот живот кога ке наидат на дебата и отворен вербален напад. Ваљда не вадат одма секира од гепек и да се колат со соговорникот. :^):^)

    И за крај убедливо најиритантни се оние кои упорно и упорно пишуваат мислења без точка и запирка , па читањето на нивното мислење е изедначено со научно дешифрирање на хиероглифското писмо.8-|8-|
     
    На AL.MA.EL, Zorica76, 3m43 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Се согласувам. Тука може да си кажеме која и што мисли без да се препукуваме на теми.
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Мене ми боде очи и навистина не знам како некои членови пишуваат на теми за кои немаат никакво конкретно искуство за истата. Пример: во темите за бременост пишуваат и делат совети девојки кој никогаш не ни биле бремени и немале такво искуство, во темите за брак пишат лица кои немаат врска никаква со брачни односи, брачни неверства, проблеми во бракот , во темите за деца пишат лица кои немаат деца итн. Во ред е да пишеш мислење, но треба секој да сфати дека не е сезнаен. Едноставно некои теми бараат искрени совети од некој кој навистина може да помогне, а не да одмогне. Мислам се разбираме, немам ништо против никого. Треба малку осет да се има за се, а не кај ќе стигнеш пиши што ќе ти текне на умот.
     
    На LUCERKA, koritsaki, Goticarka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Пред се мислам дека темава е ОК инаку досега никој не почнал да ми боде очи но не велам не има некои членови кои веднаш после твоето мислење пишуваат за тоа дека не си во право и како тие биле во право и сл.
     
    На AL.MA.EL, MademoiselleB, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Е да, и да те надополнам анонимни сме. Не треба се при срце да си земеш.

    Инаку, во многу теми се мешаат баби и жаби, треба да се приземјите малку и да научите да ги прифатите туѓите мислења,вие сакате вашиот став да го наметнете и да сте во право и кога не сте и поради тоа се влетува во кавга.
     
    На lovemme, Lella, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ivence69

    ivence69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да кажам една замерка што искрено ми смета, еве јас на пример сум нов член нема ни месец како сум зачленета (претходно редовно ги читав темите кои ме интересираа) ама имам заприметено дека некои членови на секој нов што ќе постави прашање (за кое тие мислат дека е смешно или они се знаат) ќе одговорат ироничо или со потсмев за одредени теми,сепак форумов е овде да се споделат мислења и совети а не некој да постојано да изиграва сезнајко и се тој да знае и е најпаметен другите ништо не знаат.:)
    А исто така сум приметила дека има некои кои немаат ни грам искуство а се дрзнуваат да делат совети и да етикетираат некого без причина
     
    На Цвет88, Zorica76, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Mи пречи тоа што веднаш по отварањево на темава се срчкавте.
    Аман бе луѓе, као олабавете, форум е. :) Не сфаќајте се толку трагично, нит ве знаат нит познаваат што автоматски значи дека освен мислењата кои ги споделувате на некои сосем кежуал теми, не би можело ништо да се афектира врз вашиот личен приватен живот, освен ако сами не одлучите да зборите за себе па после Цацко да ви е крив што ве нашле.

    Да се навратам на темата, и да кажам дека не ми пречи никој, се додека не почнам да приметувам дека го преминува мојот праг на толеранција во смисол да почне да ме вреѓа или да ми реплицира по 10 000 пати на некоја толку ебено банална тема само поради фактот што имаме спротиставени мислења.
    У главно, немам лошо мислење за било кој од вас освен за ADOKI. Трн у очи ми е фраерот и не ми срам да кажам пошто не ми се допаѓаат неговите мислења и се чудам што досега не му е избришан профилот бидејќи го злоупотребува правото да биде член. Башка вреѓа, има едно брдо нереални, неиздржани аргументи.. Другите сте засега океј, некој ми се поише драги некои не што не значи дека ве мразам или сакам да исчезнете од форумот. И онака со светот не би било нешто во ред доколку сите се согласуваме за исти ствари.
     
    На tessie, Zorica76, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Никој конкретно не ми пречи, нит па нечие мислење мене лично ме погодило.

    Мене нешто што најмногу ми смета општо на форумов е што на теми каде што може да се води издржана дискусија се одговара само со "да" или "не". На тема каде што може да се напише цел реферат тие пишале еден збор. И страшно ме нервира кога ќе видам дека има некој нов одговор во некоја таква покомплексна тема, ќе се израдувам дека ете може некој започнал дискусија, сакам да го прочитам мислењето на членот, можеби ќе имам нешто да реплицирам, додадам, поинтересно ќе биде, отварам и гледам само "не знам". И баш ваква сум |( (facepalm) .

    Мислам ок, секој си има право на мислење, и на тоа како ќе го напише, ама јас имам друга слика за еден форум, барем за посложените теми. Секако дека во темата "Што јадете во моментов?" не очекувам којзнае каков одговор, таму и онака не ни отварам, ама има теми каде навистина може да има квалитетни мислења, а нема. Се губи смислата за еден форум.

    Само одреден број на членови пишуваат убави, долги постови. Веќе ги знам на памет тие членови и искрено да ви кажам почнувам само нивните мислења да ги читам.

    Отворете ги првите страни на некои постари теми и видете какви дискусии има. Никој нема напишано помалку од пет реченици, на било која тема.
     
    Последна измена: 5 ноември 2014
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Кога се ставаат лажни слики пр. Фемина Инстаграм и сличните теми за постирање на лични фотографии, што е банално. Ако имаш стави, ако немаш не се труди слики од Интернет да постираш, бидејќи чичко Гугл одма наоѓа :D
     
    На LUCERKA, Dust, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски

    И јас имам примертено дека мора да има некој кој ќе се потсмева на нечие пашање, и тоа многу ме иритира.Па добро бре луѓе зар не можете како човек да одговорите?
    Како и што на сите им боде во очи така и мене многу ми боде во очи што во темата за врски и како да се вика се мешаат членки што појма немаат од љубовен живот.Јас не дека имам искуство но некогаш ете сакам да читнам нешто за љубовни проблми па некој совет, а кога ќе видам некое мислење ншто благе везе нема со дискусијата тогаш косата ми се дига :@
     
    На AL.MA.EL, galapce, Goticarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.