Вашата омилена фризура може многу лесно да ги открие основните карактеристики на вашата личност. Проверете дали експертите кои се занимааат со анализа на карактерот имаат право кога станува збор за вас. Коњско опавче - Ако често го носите значи дека сте силна и стабилна личност, сакате брз и страстен секс, и секогаш ја преземате иницијативата. Лежерна пунџа - Сакате да бидете во центарот на вниманието, уживате во флерт и не дозволувате никој да ве спречи ако сте наумиле нешто. Плетенки - Без разлика што изгледате нежно и романтично, сакате да држите се под контрола, строги сте и понекогаш груби во комуникацијата. Права коса - Вие сте чувствителни и нежни, можете да се сочувствувате со другите, но и покрај се сте многу енергични и имате карактер. Кратка коса - Креативни сте и нежни, многу внимавате на својот изглед и важно ви е мислењето на другите. Дива кадрава коса - Многу е тешко некој да ве скроти, не поднесувате кога некој ве држи и не ви дава одврзани раце, голем хедонист сте и ретко може да ве изненади некој. Брановидна коса - Полни сте со самодоверба, добро организирана, но не премногу стрплива личност. Горди сте на вашиот сексапил и верувате дека убавиот изглед е влезница за успехот. Чести промени - Не го прифаќате авторитетот, големи бунтовници сте, секогаш знаете што сакате и никогаш не се откажувате од вашата цел, длабоко во себе сте многу сентиментални, но сепак тоа добро го криете
И што сега, сите што имаат брановидна коса се полни со самодоверба, добро организирани, не премногу стрпливи, веруваат дека убавиот изглед е влезница за успехот и горди се на својот сексипил..??! Па не ми е се погодено , имам карактеристики и од другите коси ( а мене брановидна ми е )
Со оглед на тоа што неколку типа на фризури носам,зависи од расположение и атмосфера,карактеристиките што се наведени одговараат
Брановидна коса - Полни сте со самодоверба, добро организирана, но не премногу стрплива личност. Горди сте на вашиот сексапил и верувате дека убавиот изглед е влезница за успехот. Па погодено е нешто од нешто
Чести промени Но сепак не би рекла дека сум гоооолем бунтовник... ги имам пробано сите фризури.. кратка,машка фризура;потоа ја чував, имав долга, рамна без шишки;ја ошишав на степени, и направив рамни шишки;потоа направив шишки на страна;ги чував шишките да ми нараснат,а потоа се ошишав кратко,нешто слично на печурка,само со заострени врвови од напред,како што сум сега..
Права коса - Вие сте чувствителни и нежни, можете да се сочувствувате со другите, но и покрај се сте многу енергични и имате карактер. Точно е се.Имам права,долга коса и најчесто ја носам пуштена.Ама сите мислат дека ја пеглам зашто ептен права ми е
Чести промени - Не го прифаќате авторитетот, големи бунтовници сте, секогаш знаете што сакате и никогаш не се откажувате од вашата цел, длабоко во себе сте многу сентиментални, но сепак тоа добро го криете Ауууу не да ми е погодено. Посебно тоа дека сентименталноста добро ја кријам. Иначе многу често менувам фризура, така да ми се случувало некој што ме гледа поретко да не ме препознае, посебно кога ќе ме видат со дечко ми, изгледа како на секои 2-3 месеци да менува нови женски Ете сега решив дека ќе ја пораснам долга, ама кој ме знае до кога ќе издржам
Дива кадрава коса - Многу е тешко некој да ве скроти, не поднесувате кога некој ве држи и не ви дава одврзани раце, голем хедонист сте и ретко може да ве изненади некој. Погодиле се бе...Не ми се верува
Интересно Брановидна коса - Полни сте со самодоверба, добро организирана, но не премногу стрплива личност. Горди сте на вашиот сексапил и верувате дека убавиот изглед е влезница за успехот. Може да се рече дека е погодено, макар што практикувам и плетенки
Права коса - Вие сте чувствителни и нежни, можете да се сочувствувате со другите, но и покрај се сте многу енергични и имате карактер. Се е точно.
Права коса - Вие сте чувствителни и нежни, можете да се сочувствувате со другите, но и покрај се сте многу енергични и имате карактер. Toчно е, точно е
Дива кадрава коса - Многу е тешко некој да ве скроти, не поднесувате кога некој ве држи и не ви дава одврзани раце, голем хедонист сте и ретко може да ве изненади некој. Дива во однос на коренот на влакното ми е и те како, мека ми е косата , ама влакното многу цврсто , одвај ја расчешлувам, а ова горенаведеново е точно. :up:
Коњско опавче - Ако често го носите значи дека сте силна и стабилна личност, сакате брз и страстен секс, и секогаш ја преземате иницијативата. Па поприлично точно
Имам шишки и тоа е знак дека имам високо чело хаха Не знам колку е точно ова али ако видеш бушава коса нормално дека ќе карактеризира на нешто диво. А ова за честите промени ми изгледа многу логично и точно.Имам разговарано за психолог во врска со честите промени на фризурата. Оние кои се полни со фустрации и комплеки многу често ја скратуват косата и го менат обликот, не се задоволни од себе и бараат промена, барем мене така ми изгледа.
имам виткана коса но секогаш ја исправувам колку ова се важи незнам, но цитираното ме опишува токму мене. а доколу се водам по својата природна коса пак има гооолема вистина, confused.... нешто измеѓу едното и другото сум.
Дива кадрава коса - Многу е тешко некој да ве скроти, не поднесувате кога некој ве држи и не ви дава одврзани раце, голем хедонист сте и ретко може да ве изненади некој. точнооо
Лежерна пунџа - Сакате да бидете во центарот на вниманието, уживате во флерт и не дозволувате никој да ве спречи ако сте наумиле нешто. Така е. Or... Брановидна коса - Полни сте со самодоверба, добро организирана, но не премногу стрплива личност. Горди сте на вашиот сексапил и верувате дека убавиот изглед е влезница за успехот.
Nајчесто ја носам соберена во опавче и ептен ми е погодено, а во зависност од разполозението ја носам и права природно ми е права ко прас а често ја виткам и тоа ептен ко зрачам од самодоверба се е погодено браво за постот