Имам само 16 години. Не знам од каде да почнам. Може да се каже дека јас немам родители. Ги мразам. Татко ми е едно бесчуствително и себично створење. Тој не сака и не почитува никој. Цел живот се по негово треба да биде, ако не се знае ќотек. Сеуште се ме боли од ќотекот што го изедов вчера. Ме маваше со боксови по глава и клоци по стомак. Зошто? Затоа што не беше по негово. Цели 16 години морав да го трпам како секој ден се дере на нас, се нешто не му се свиѓа, викања и навредливи зборови и ќотек. Никогаш не сум ја добила таа татковска љубов, наместо љубов навреди и ќотек. Брат ми кој што сеуште е дете станува како татко ми. Гледа од татко ми и така прави. Мајка ми не ја сакам. Поради татко ми нас ни се дере, кога ќе ја прашам за ручек се дере како ненормална, а кога е за татко ми одма трча да направи најубавото јадење. Кога беше болна татко ми рече Спојлер свињо една цркни, умри гомно едно , а кога се разболе татко ми таа беше покрај него и го лечеше. Жена која го дозволува тоа за мене не е жена. Вчера после ќотекот што го изедов мн ми беше тешко, плачев и му се јавив на дечко ми, кога ќе го слушнам него подобро ми е. Му се јавив расплакана, го замолив да разговараме и ми рече не можам затоа што гледал фудбал. Ај разбирам да имал нешто работа, ама вака? И после на фб ми пишува. И му раскинав. Тој кој што не е со мене и во добро и во лошо не може да биде со мене. Уште малку ни е годишнина и наместо со мене да биде тој ке бидел со другар му. Ми го скрши срцето. Многу лошо се чуствам. Немам родители, немам другарки и дечкото кој најмногу го сакав. Кога ќе наполнам 18 години ќе си заминам од дома. Сама сум без никој. Што ќе правам понатаму? Сакам да бидеме сите дома среќни. Што да правам сама? Сакам и на факултет да одам, ама пари? А и плус имам здраствени проблеми а на моите не им е гајле. Кај сум болна татко ми ќотек ми мава наместо лекови да ми купи. Кај и да е ќе полудан. Многу ќе ми значат вашите совети.
Мое мислење е дека овој човек треба да го пријавиш за семејно насилство. Не треба да трпиш и премолчуваш вакви нешта. И не нервирај се многу, мисли позитивно, биди храбра. Тука сме ние да те сослушаме и советуваме.
Најди баρем неκоја дρугаρκа на κоја ќе можеш да и се довеρиш може таκа ќе ти биди полесно. Аκо не го пρијавуваш за семејно насилство баρем слушај го татκо ти баρем дуρи не наполниш 18год. за да не јадиш ќотеκ:/. Потоа аκо имаш неκој блисκи ρоднини ρасκажи му можеби и тие ќе ти помогнат. Едит: Аκо дечκо ти навистина те саκал немало сите тие ρаботи да ти ги напρави а со тоа и не те заслужува!
За жал ситуацијата која ја опишуваш е се повеќе пристуна.Семејното насилство драстично се зголемува од немање доволно пари.Јас мислам дека случајот треба да го споделиш со личност поголема од тебе,личност на која многу веруваш и личност за која знаеш дека ќе ти помогне.Лошото е тоа што ти страдаш од последиците на мајка ти.Таа го прифатила таков и децата се жртви.Имаш 16год,негде си во средина од пубертетот и насилството кое го трпиш подоцна многу ќе ти влијае во животот.Во моментот кога треба да се развиваш и да создаваш пријателства,ти патиш од непромисленоста на родителите. Личности како дечкото воопшто не ти се потребни. Мој совет,разговарај со повозрасна личност,среди го животот и стави точка на такво малтретирање. Само биди упорна.
Дефинитивно треба да го пријавиш за насилство. А за другарките и дечкото не му ја мисли многу,другарки и дечко ке најдеш,други мајка и татко неможеш.Но секако не смееш да дозволиш ова да се повтори,зтоа пријави го.