1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што понатаму?

Дискусија во 'Разделби' започната од Ishana, 30 септември 2010.

  1. Ishana

    Ishana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки! :)
    Ќе бидам кратка, т.е. ќе се потрудам, пошто би можело ова на милион страници да ги пишувам...На кратко, имавме спектакуларен начин на запознавање, нешто несекојдневно, интересно. Тип се коси со сите мои вкусови до сега, е сосема различен од сите претходни со кои сум била, мислам секогаш сум сакала црни, темни/зелени очи и бла бла а тој е плав со сини очи и онаков дигнат тип, до горна граница на арогантност...по запознавањето, јас го ставив на фб за пријател, па напраивме муабет на кратко и веднаш ми побара мсн. муабетот продолжуваше до бескрај, додека не сфатив дека морам секој ден да зборувам со него бидејќи инаку се чувствував неисполнето...Си имам и јас грешки во врска со нас, не велам не, многу пати ме викна да излеземе а јас си барав милиони причини да не одам (во тој период имаше девојка, па бил постар од мене 6 години, па не сме си одговарале). и така на секојдневен муабет и повремено чисто другарско гледање, стигнавме до две години. во меѓувреме имаше периоди кога јас си правев филмчиња дека треба да сум со него и слични работи, и за мала грешка јас се лутев, се повлекував и не правевме муабет по месец, и по некое време пак истото. За време на тој месец, јас ќе оладев и ќе си речев дека е време за напред и дека нема потреба да се врзувам толку за некој со кого не сум имала ништо особено. Но, нели судбината си игра со нас секогаш и баш во тие моменти коа јас бев тргната напред, со други момци, тој се појавуваше и се тоа почнуваше од ново...
    Пред некој месец-два имавме една случка која верувам не смени и двајцата...всушност на некој начин си признавме дека се сакаме, и тој ми рече да дојде до кај мене да се видиме, но јас не знам зошто не сакав...многу сум чудна знам! не си дозволувам да сум среќна...
    Тој сега повторно е со девојката..а јас не знам што да направам од тага, бес и депресија...затворена сум дома секој ден со надеж дека ќе се јави...никогаш не сме се скарале за нешто, па не сме ни сега, но понекогаш се губиме еден со друг на одредено време...девојкиииии што да правам? да играм на карта игнорирање-додека он не се врати сам-бидејќи секогаш тој го правел првиот чекор? или да го побарам и да пробам нешто големо со него?!
     
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Абе срцка, касно палиш!
    Тоа ти се вика гордост, што не ти дозволило да му речеш да! Без ризик, нема шизик! Ако сакаш да си среќна, мора да научиш да правиш отстапки! Нема месено-обесено! Тој бил храбар, правел први чекори, и не е должен цел живот да го прави тоа, а ти во овој случај тоа и го очекуваш! Немој да играш на карта, демек недостапна, со тоа му даваш до знаење дека си незаинтересирана....што мислам дека тоа и не ти одговара! Значи во некој случаи размисли со ладна глава, пред да донесеш одлука, чукни се 10 пати, и немој да избрзуваш и во преден план да ја ставаш гордоста, затоа што ќе си останеш со празни раце на крај! Позззззз :*

    п.с Немораше да отвараш нова тема....за совет можеш да побараш во љубовни проблемии совети!
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Многу незрело од твоја страна. Изгледа се водиш по изреката игнорирај го за да трча по тебе, ама требало да знаеш до каде е границата. Колку и да му се допаѓаш сигурно нема цел живот да се влече по тебе ко да си задња на свету. Нормално е дека ќе побара друга...
    Сега... разбистри си ја главата и ако одлучиш дека сакаш да си со него, крени во акција. Мислам дека нема да ти треба многу за да го вратиш. :) Батали и девојка и се, твојата среќа е најбитна. Ете така, ти посакувам среќа :*
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Девојките ти кажаа скоро се, а еве и јас ќе ти кажам дека тебе ти била работава ем иска ем и стиска.Си претерала со таа твоја недостапност и игнорирање...Очигледно е штом ве имало па ве немало и тоа се повторувало дека има шанси за вас, судбината ви дала повеќе шанси.Јас од моја гледна точка можам да кажам дека има нешто посебно меѓу вас и треба да се избориш за тоа да го зачувате. Сега спушти ја гордоста биди достапна и побарај го.И само отворено и директно со него кажи му како се чувствуваш и зашто така си се однесувала. И кога ќе ти рече и овој пат да дојде прифати, немој да си ја прокоцкаш и оваа шанса.Така е...откако ќе изгубиме некого тогаш сваќаме колку ни значел и ни треба. :) Па кажи ни што ќе се случи. ;)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    А што бидна со тој 15 години постариот? Не е веќе интересен или?
     
  6. Ishana

    Ishana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Знам дека грешката е во мене...неоспорливо е тоа. Сепак фала за советите :*

    инаку @RainBow со тој тип моментално ништо, веројатно ми беше само фаза да се лекувам од овој, можеби понатаму...