@Anyshka Да ви се убацам во муабет ако може Јас го имам депилаторов некои си 5-6 години. Јас сум многу задоволна од него. Ги вади од корен влакната, и пократките, освен нели ако се ептен неподникнати,кратки тогаш секој депилатор ги "кине" ( барем тоа е моето искуство). Моја препорака за него
Мене сега ми се кратки, пробав вчера, ми ги извади ситните, а и јас немам многу влакна затоа го купив, не е како со восок, ама па од восок капилари ми пукаат и како што немам многу влакна џабе само, кожава да ја корнам со восок хаха.
Мене најдобрата работа ми е што не одам на депилација, нозе/раце оти ме нервира толку време да седам таму. На препони само одам кај едно девојче инаку другото дома се депилирам во било кое време. А и штом немаш многу влакна, ќе ри врши работа многу. Со здравје да си го користиш
Исто и јас само на препони одам на козметичар, раце, нозе сама, неможам толку време да губам, а и на рацеве кожава ја депилирам хаха, не ми се ни познаваат, и светли ми се. Кога беше короната и препони сама со восок.
Многу пати се размислувам за вакво, дали е болно многу? И дали многу големи треба да се влакната? Јас ич не сакам подникната па затоа сум со бикче најчесто.
Има тема за ова разлистај ја, има многу одговори на истово прашање. Депилатор | Фемина Форум (femina.mk) А како што ќе прочиташ и таму, за секој е различно и зависи од повеќе работи.
Мене не ме болеше, со бикче многу се згуснуваат, јас незнам колку години не сум употребила бикче, освен под пазуви дека таму има млечни жлезди.
Мене не ме боли. Ама јас се депилирам со депилатор околу 20 години веќе. На почетокот додека се навикнав малку ме пецкаше повеќе, ама сега немам гајле.
И со восок боли на почетокот, откако ќе се изретчат не боли, мене на препони не ме боли со восок, ама изретчени ми се, скоро и да немам влакна што се депилирам неколку години, на почетокот дека од брич згуснати и крв ми течеше Исто и со депилатор на нозе ме пецкаше, сега немам гајле.