Сте сонувале нешто лошо и ненадејно сте се разбудиле? Не сте можеле да презаспиете? Сигурна сум дека сите сме го доживеале ова ужасно чувство, чувство на паника и страв. Сме се вртеле низ креветот долго време, па дури и со саати. Како да се смириме по лош сон? Како повторно мирно да заспиеме? Ајде ве молам совет од искуство. Што после лош сон? Дури и коментари од типот "броење овци" би помогнале. Би додала уште нешто: Како да помогнеме на лице после кошмар? * инспирирано од долгите и тешки пропатени ноќи
@poi па ништо посебно. Си кажуваш, "во ред е, само лош сон беше", миеш лице, зглобови на раце и пак си легнуваш. Нема потреба да си ствараш дополнителен стрес. Сепак, сон е и не е реалност.
Некоја минута ми треба да се соземам, не станувам воопшто, па продолжувам да спијам. Ретко се случува да имам лош сон.
Колку и да е лош сонот, сепак е само сон. Грдото чувство може да потрае и цел ден, но поминува и се заборава. Можеби е корисно да се применуваат техники за релаксирање пред спиење... да не се размислува за проблемите непосредно пред спиење, затоа што денот е попаметен од ноќта
Јас често сонувам лоши соништа, и тоа долги, испреплетени, вивидни.. Некогаш е нешто ко извадено од хорор филм, а понекогаш сонувам личности што ги размислувам и ме болат во животот, па и тоа го карактеризирам ко лош сон. Е сега, јас мислам дека речиси никогаш не се будам од лоши сонови, пробувам ама не можам и сабајлето кога ќе станам може да се осетам баш ужасно, уплашено, депресивно и тоа чувство може да ми трае и цел ден. Еднаш само скокнав од сон во ниедно време кога сонував дека мајка ми е умрена, срцето ми лупаше сто на саат ама одма презаспав зошто бев преморена. Она што правам јас е размислувам што допринело да сонувам такво нешто, анализирам што би можело да значи, пошто нели потсвеста ни пушта некои метафори и на крај ќе си здивнам дека е само сон, здрава и жива сум, се е океј и си продолжувам со денот.
Ауу ако сум во ПМС се будам со паничен напад од сонот и веднаш рипам од кревет и толку од спиење, додека да се смирам ми треба саат време некогаш и повеќе, тахикардијата не ми се смирува веднаш. Ужасно ми смета сонувањето во такви денови затоа што сум напната и ситница може да ме испаничи. Додека во нормални денови, се будам на минута, две, пцујам во себе на сонот и пак си презаспивам, наутро не се ни сеќавам што сум сонувала, и се прашувам оти постојано не ми се нормални деновите, да се заштитам од паничните напади, грозни се до бесвест. Кога сум смирена и најлош сон го поминувам без паника, свртувам да мислам на нешто убаво, да гушкам дете и маж
Моите сонови се малку забегани и навикнат сум, и многу често во сонот сфаќам дека сонувам и продолжувам свесно да носам одлуки. Само се прашувам, дали е паметно човек додека доживува кошмар да го разбудиш, или пак подобро да го оставиш самиот да го надмине и да се разбуди? Незнам шо е пострашно за тој што сонува?
Често сонувам лоши сонови, посебно последниот сон беше многу лош и два дена размислував на тој лош сон, но сепак тоа е само сон не е реалност фала му на бога
Не знам ја се плашам многу од сонови, чак мислам дека све тоа ќе се деси...И како за беља не можам да заспијам од самата помисла на сонот што го сонував..и кажувам само нека биде све во ред и подобро..
Последниов период имам кошмари и парализа во сон, тоа е страшно се плашам веќе да легнам да спијам. Во секој сон ја сонувам баба ми, буквално. Последно што ми се случи пред некоја ден мајка ми сакајќи да ми ја изгасне ламбата што свети до мене почнав да ја мавам, не знам како тоа се случи, како станав, само памтам дека почнав да ја мавам да мавтам со рацете и да вриштам како во хорор филм, додека не се освестив за каратко и не сфатив дека е тоа мајка ми. Никогаш во животот не сум била толку преплашена, не можев ни уста да отворам од што бев преплашена.
Не придавам големо значење на соновите. Често и ги заборавам, некогаш одма продолжувам да спијам, а ако ги памтам знам да си се насмеам на бујната фантазија што сум ја имала.
Вчера повторно имав кошмари и цел ден сум нервозна. Влијаат на мене, ми го отежнуваат животот,ми го расипуваат расположението. Гушкање, бацување и такви работи после тешок кошмар ич не ми се потребни. Сакам мир, се иритирам кога некој ме чепка во такви моменти. И малиов кога ме гушка не ми се подобрува расположението после кошмарна ноќ.Со еден збор се губи квалитетот на нормално функционирање и на животот. (ретко кога немам кошмари)
И јас имам многу често кошмари. Не можам да се сетам за претходно, ама последниве 5-6 години ми се случуваат скоро секогаш кога ќе заспијам... дури и да е дремка од 15 минути... Мислам дека е поради внатрешни конфликти...
И кога е претопла просторијата во која спиеме ( најчесто лето) Мнолгу му помагаат ладни простории на човек кој пати од кошмари.
Сум заприметила дека и да ми е ладно и да ми е жешко обавезно сонувам кошмар. Ако ми е погодена температурата не секогаш.