Се каравте? Се сакавте? Си готвевте? Го изненадивте и со што..незнам споделете ) Јас вчера го однесов да му купам костени на пример Вие?
Ние вчера бевме на вечера во еден ресторан кој лично многу ми е пријатен , така некако е уреден убаво и богато , оди средно гласна музика , претежно балади , евергрини а понекогаш и италијанска музика . Поседовме добри 3 часа , јадевме многу и ни остана многу Си се сликнавме неколку пати , си направивме муабет и уживавме . Потоа си се видовме на само и излезе дека многу сме си фалеле , па срушивме некое рекордче , 5 пати гхмм ... ако ме разбирате што сакам да кажам После заспавме на несакајќи , среќа што се разбудив на време за да стигнам дома во пристојно време . И така се на се , еден од најубавите вечери , се чувствував и сакано и прекрасно и изморено , повеќе од тоа не можам да посакам
Бевме излезени во кафе-бар.Муабетевме и се смеевме.Повеќе јас и тоа на негова сметка . За моја среќа не е тип што се лути,а мене тоа ми одговара
Вчера... хммм бевме во црква, дома и вечерта на име... Потоа ја си легнав да гледам филм, а он со цимерите играше playstation.
Се расправавме цел ден. Вечерта излеговме во дискотека и од таму дома кај него се глупиравме. Убаво беше
Ма какво мижење, па нив највеќе ги интересираат таквите теми, хормона до плафона знаеш. Он топик, синоќа бевме на слава и си поминавме преубаво.
си уживкавме гледајќи филм, после тоа си легнавме и 2ипол саати гушкање и си зборувавме за нас... преубаво ми беше,може затоа сабајле станав радосна,среќна пресреќна од што си го сакам мажето хехехе
Цел ден низ дома околу бебето, го користиме времето кога е слободен и не е на пат за да го поминеме заедно тројцата. Вечерта малку гушкање и си легнавме
Бевме на вечера, па во кино, па си отидовме дома си спикавме заедно, си доручкувавме и ме донесе дома