Форумџика на годината 2020

Што правите кога ќе се разочарате ?

Дискусија во 'Психологија' започната од Cvet1, 11 јануари 2011.

  1. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Здраво
    Јас сум тазе на форумов и би сакала да знам како се справувате со моментите кога ќе се разочарате ?
    поздрав
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.940
    Допаѓања:
    5.008
    Sto pravite koga ke se razocarate?

    Мислам дека има ваква слична тема во Кафе муабети. Дали некогаш сте се разочарале, па би можеле таму да дискутираме за тоа. А и би требало насловот да го напишеш на кирилица и воопшто кога пишуваш треба на кирилица. Ама тазе ни си тука, ќе се навикнеш и ќе научиш. Еве јас да ти посакам едно топло добредојде и да ти биде пријатно на нашава Фемина. Поздрав. :*
     
    На renatadoll и Cvet1 им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.157
    Sto pravite koga ke se razocarate?

    Ме фаќа тешка депресија и на сите им се лутам. Во тие моменти подобро да не зборам со некои непознати бидејќи ќе мислат дека сум најлошата личност на планетава.
     
    На katerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Не се разочарувам лесно :D
    Но кога ке се разочарам најдобро е денот да го поминам сама - за доброто на другите :rofl:
    Инаку ке се карам и расправам за се и сешто :|
    Тешко оној кој ке ми прозбори тој ден :lol:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Обично во такви моменти сакам да останам сама, не ми треба никакво друштво. Останувам сама со себе, да размислам за се, и да се исплачам ако треба. Во такви моменти не ми е потребен никој, затоа што ми е тешко да се доверам некому, тешко ми е да објаснувам што се случило и зошто сум разочарана.
     
    На princess92 и SummerGirl12 им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.688
    Пол:
    Женски
    Па најчесто си пуштам музика. И некогаш ненормално брзо ми го менува расположението. И наеднаш се развеселувам, ама по кратко време, пак сум нерасположена, па пак се расположувам, и се така во круг. Или некогаш едноставно, ќе си легнам да спијам. х)
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    најчесто се изолирам од се и сама размислувам за случувањата :)
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Ставам крај, финито, бришам, викам, фрлам, драма квин...после се смирувам па си тажам, венеам, размислувам, преиспитувам...на крај вистински заборавам и продолжувам за едно искуство побогата и (си велам) попаметна...
     
    На karanfilce, glorijaMKD, renatadoll и 2 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.618
    Јас секој ден се повеќе сум разочаран,и некако отрпнав,туку нема кој да те развесели.
     
    На inlovergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Ко ќе се разочарам,плачам викам се нервирам,а потоа не чекам да ми избројат до десет,станувам и пак се борам одново! 8) За се има решение :)
     
  11. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    601
    Кога ке се разочарам знам да заплачам , да се нервирам но во одреден момент си велам, не ова не е крајот има нешто повеке таму некаде. Се смирувам и одам напред . :)
     
    На Anngellla и katerin им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.133
    Плачам ,слушам музика, претежно песни во кои се пронаоѓам себе си или во која е опеана ситуацијата во која се наоѓам ,кукам по форумов се извинувам затоа што знам понекогаш да пренесам негативна енергија :$ ,се повлекувам,си останувам сама со себе ,не дозволувам да ми ги гледаат солзите и да мојата тага и болка ја претворам во муза т.е пишувам проза или поезија сеедно за по извесен период да ги избришам солзите и кога ми е најтешко пеам и тоа еден добар хит од Владо Јаневски Што и да е ќе помине посебно делот каде вели болката не значи да се предадеш затоа не плачи секое лошо за добро е што и да е ќе помине ...и оттука пронаоѓам сили за повторно да се борам и да не се предадам сепак ова е живот и никој не ветил дека сее со него совршено и дека нема да има падови и разочарувања на крајот е битно да се извлече поука од искуството што сме го имале и според мене оној кој најмногу страдал во животот ,оној кој доживеал најголеми разочарувања станува посилен и помудар
     
  13. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Плачам,и тоа многу,депресивна сум,една недела ,некогаш и повеќе,си слушам линкин парк и се опуштам со нив,многу помага музиката мајкеми :^)
     
    На HoneyHoney му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се разочарам многу размислувам што да правам , не зборувам многу ,и мнооогу се инаетам се инаетам, а и слушам добра музика :angel:
     
  15. Lilablau

    Lilablau Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    19
    Обично одам со моето куче да трчеме покрај реката, па кога се враќам дома дури и заборавам што се десило :)
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Ништо ќе поплачам малце ако е некое големо разочарување, ако е помало ќе си речам не ни вредело ова што сум се разочарала толку и ќе се потрудам кон нешто друго да се фокусирам :)
     
  17. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Зависи од тежината на разочарувањето... понекогаш плачам, понекогаш излегувам за да не мислам на тоа, понекогаш и шопинг помага и најчесто се трудам да се сетам за кои работи сепак ме бива за да ми помине побрзо :)
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    Пффф, одма се фрлам на нешто чоколадно, па после одиме и на нешто соленко (ама за грицкање), ако се работи за грижи акумулирани подолго време си пуштам и музика....па ќе си поплачам 20тина минути и целиот проблем е решен ;)
     
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.627
    Чистам, не знам како ме расположува тоа но некако чистејки заборавам дека сум била разочарана.
    Читам книга, најчесто лове стори :)
    Спијам, ама ова последново некако не ми оди од рака, заталкувам со мислите и не можам да заспијам.
     
    На katerin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.218
    Чистењето и средувањето е физичката работа, а умствената работа, молитвата.
    За пет минути сум како нова :) .