Тешко ми е. Навистина викаат, дека ако не прв пат, ќе има втор пат. Никогаш не престанувај, продолжи напред. Се трудам да се водам според тоа, меѓутоа има моменти како разочарување по разочарување, знае ептен да те погоди. Така да, искрено ме погодува депресија. Се трудам после тоа, да се вратам онака со нови интереси, хоби.. нели се во зависност од што е разочарувањето. Ова е за пример, ако е од одредена работа. Едноставно гледам да се фокусирам на себеси, од секое поле. Додуша често гледам се мотивиам себеси, дали е било со некој од овие рандом слики кој се наоѓаат по нет, или некој филм. И имам верба во себеси, дека има и подобри денови.
Катарза правам прво преку плачење,зошто тоа ме ослободува а потоа вербализирање,значи муабет со блиска личност за да се согледа ситуацијата од друг аспект И главата горе,ќе биде подобро,самодоверба до плафон
Се потсетувам себе си дека не треба да имам преголеми очекувања, посебно кога очекувам нешто од некој. Што поголеми очекувања, тоа и поголеми разочарувања..
порано плачев многу....а сега приметувам дека не плачам, туку јадам благо лелеле подобро да плачам отколку да јадам слатко благо
Ќе останам насмеана и понатаму, а всушност ќе плачам многу, на секаков начин, па макар и со последните сили ќе се обидувам да преминам преку поразот...
Зборувам малку за причината за разочарувањето само со една личност... А потоа почнувам да зборувам за се и сешто (од философија и наука до теории на заговори и „мудрување“ на религиозни теми) со пријатели, изгледа со цел да го оптоварам умот малку, за да се ресетира со една цел нормално - да се врати во моментот, сегашноста и иднината се врзани, а не минатото и иднината.
Се дерам како ненормална (кој ме слушнал знае) после плачам како ненормална и нормално себеси се обвинувам дека ништо неможам да направам и затоа се разочарувам.Ама после пола саат ке ги избришам солзите ке отидам во кујна ке направам нешто мн вкусно за јадење ке си се најадам и си викам-продолжувам напред,што било-било,почнувам повторно за да успеам.
ништо не прам само сакам да си седам и ништоо да не прам не сум расположена за ништо само изнервирана