Се загледувам во прозорот,подзамижувам со очите и делувам многу мудро,а во умот правам ретроспектива. не толку мудра,дури и припроста
Па кога ќе се разочарам сета лутина ја исплачувам и ќе пуштам некоја песна како на пример: Brian Crain-Moonrise и ќе си земам лист,молив,боички и се зафаќам за работа за да ги тргнам мислите
Се затварам сама во соба и си плачам. Ми текнува на сите лоши работи што ми се случиле во последно време. Си пуштам музика и така седам сама некое време. После час-два кога малку ќе ја исфрлам болката и ќе си средам мислите, сфаќам дека не е се така црно како што изгледа. Ги бришам солзите, се средувам малце и изглегувам од соба со насмевка и нови сили против нови предизвици.
Прво си мислам дека само мене ми се случуваат лоши работи, си мислам дека сум најголемиот баксуз што може да постои. Па ако работата е премногу трагична знам и да си поплачам малку (голема плачка сум). И така, после некој саат веќе се смирувам, пуштам музика, ќе каснам нешто, ќе излезам малце низ двор, ќе се слушнам со дечко ми и сфаќам дека сум теле кое за глупости се нервира и дека има МНОГУ полоши работи во светот, а јас се однесувам како некоја разлигавена прчла која се однесува како најсебичното суштество на светот. Одма си се тешам со тоа дека сум благодарна на Бог што сум жива, здрава, имам родители, сестра и дечко кои неизмерно ме сакаат и дека тоа е најбитното нешто во животот, а се друго може да се среди.
Одам во природа сама. Било да е покрај река, езеро или на планина важно да сум сама. Тогаш уживам во природата и некако тоа ме смирува да не мислам на разочарувањето. Ако имам услови и вежбам јога во природа. Уште повеке ме смирува. кога ке се вратам дома си вртам филм како се е минливо и како не треба да се нервирам, како е Господ најголем и слични некои такви утешителни мисли.
Излагам на чист воздух така подобро е иначе све што е предмене можа да раскрша (ми идит таква сила ама се воздржува)
Плачам, плачам и плачам... И најчесто пред мене ќе се најде мајка ми па ќе и се изнавикам нејзе. Потоа ми е жал што секогаш мора на неа да и ја истурам сета лутина. Но мајка како мајка, ми ги простува сите грешки и ме сака неизмерно, исто како и јас нејзе...
Најпрво ја истурам целата нервоза на жртвата што ќе се најде пред мене После се затварам во соба и плачам слушајки некои песни..
Па ништо посебно, се затварам у соба, пуштам ЕКВ, Мизар или Архангел и медитирам. Или пак, ставам слушалки со истиот избор на музика и трчам.