Молчам. Долго време ништо не зборувам на никого, берам во себе, а потоа не можам да престанам да плачам.
Исто како јас да сум го пишувала.Молчам,не зборувам,сакам сама да останам,ќе се затворам во себе. Ќе ми потечат неколку солзи и потоа како река не запираат.
му кажувам на огледалото.......иии не сум луда тоа ми е начин да се опуштам и знам дека се што ке казам ке остане тука
Многу зависи. Ако сум бесна викам, се дерам и после легнувам покрај ѕид и плачам. Некогаш сум многу смирена, го берам тоа во себе, или ќе одам во тоалет пред огледало, само се гледам, ништо не зборам, неможам, знаете, размислувам и се гледам или одам во мојата соба, пред врата седам, в темница и си седам со себе си си размислувам. Си прам интроспекција (самонабљудување) зошто ме интересира зошто сум се разочарала, дали премногу сум очекувала, каде сум згрешила и сл. И ништо од ова ако не поможи, си имам една книга шо само неколку страни да прочитам ме прај убо да се чувствувам и си ја читам.
Кога че се разочарам, обично мислам на случувањата кои се случиле, и со никој не зборувам, оти во тој момент сите ме нервират или пак че земам че читам нешто или че слушам музика за да ме смири
Јас лично,пуштам весели песни и лудувам.Исто така што почесто се смеам,иако е лажно сум читала дека кога ке се насмевнеш на било каков начин ти се подобрува расположението,бидејќи има некои центри на насмевка бла бла штознам таму ... друго што правам е да легнам да плачам и да размислувам.Дека ке биде подобро она ова... и така
Размислувам што довело до тоа разочарување.. ако вината е во мене, гледам да се поправам, ако не е, тогаш ништо. Се трудам да не се замарам и да не очекувам многу од други луѓе, туку повеќе од себе. Мислам дека тоа е клучот кон помали разочарувања.
Во секое лошо има добро,но и во секое добро има лошо.Ги анализирам моите постапки и ако можам нешто да сторам ќе се потрудам да ја променам ситуацијата,А доколку сум немоќна,ништо.Се обидувам да не се оптоварувам за да не бидам помалку тажна.Свесна сум дека луѓето многу повредуваат,па затоа им верувам со доза на резерва.Мислам дека и не треба многу да очекуваме од некои луѓе за да се заштитиме себе си.
Ако станува збор за некој демек пријател најчесто јадам г... за него т.е кажувам за него сегде, му се смеам..зависи немам јас милост
или читам книга...или се гледам в ѕид ко теле во шарена врата..или гледам нешто шо ме интересира или пак ќе читам некое книџуле
Секогаш кога сум разочарана сакам да сум сама во тие моменти. Сакам да слушам тажни песни и да исплачам се. Следниот ден ми е многу полесно.
Кога сум разочарана, се повлекувам во тишина и не разговарам со никого, но тоа трае само еден ден. Другиот ден станувам со нова надеж