ете вака си седам дома поточно од соба до тоалет слушам жалопојки и се борам сама со себе ..наогјам кривица во себе па во него па тупам глава... и едноставно чекам само да си легнам вечер да помине уште еден ден
Глеам филм на којшто претпоставувам дека ќе се изнаплачам и ќе се лажам себеси едно недела дена дека само ради филмот сум плачела.
Најпрво убаво ќе се изнаплачам, по можност скишно, а потоа еден период сум повлечена дома. Ама најпосле ќе се изнашетам, ќе се наспијам и продолжувам понатаму.
Задолжително си се повлекувам во својата соба, многу јадам, премногу плачам, се карам со кој ќе стасам, се кријам од цел свет, и гледам некој добар и тажен филм.
Јас кога ќе се разочарам се затварам во мојата соба едно 2-3 саати максимум,ке се изнаплачам убаво,се карам со којј стасам,се нервирам и слушам тажни песни.. Потоа исто како се да било во ред,ке испаднам на кафе со другарките и така..
Сакам да бидам сама некое време, во соба да не излегувам и не сакам тогаш долгометражни телефонски разговори со никого. И најбитното пуштам обавезно хорор филм, не знам зошто.
Се навикнав,...... ко индиска серија со 356289567350124 епизоди Помалку драма, тоа е се.... иначе исто боли
Најчесто плачам,особено ако сум се разочарала од некој кој ми бил посебно драг и на кого сум му верувала.Се затварам во себе и не разговарам со никого,додека не ми помине. А ако слушам музика,слушам весели песни кои ќе ме расположат,никако нешто тажно,зошто така повеќе се нервирам и ми е потешко.
Прво ќе се исплачам убаво, ќе пуштам такви песни за вени сечење, кога ќе се стабилизирам малку вежбам за да ја исфрлам негативната енергија и стресот, па излегувам да прошетам
Се карам сама со себе и тоа со денови Обично ми трае три дена карањето и ке се помирам. Со саати ќутам и сум отсутна со паметот.
Јас многу ретко се разочарувам. Со текот на времето научив дека разочарувањата се производ на нереалните согледувања кон одредени работи, а се и составен дел од животот. Можеме да ги амортизираме ако ја сфатиме причината и бидеме подготвени следниот пат.
Често имам превисоки, преамбициозни очекувања (кои ми велат дека се резултат на хороскопскиот знак- девица макар што не верувам многу во таквите работи) и како резултат на тоа често се чувствувам разочарано. Дали од луѓето, од нивното некоректно однесување, дали од самата себеси, својот изгледа, карактер итн итн... Кога ќе се разочарам обавезно се дистанцирам. Бидејќи сум избувлива по природа и доколку сум во нечија близина знам дека несакајќи ќе му се издерам на личноста поради тоа што јас не сум океј. Затоа в соба, ако ми се плачи ќе плачам, најчесто директно во такви моменти си пуштам серија тоа ми е најдобриот начин да се дистанцирам од моменталната реалност и да се заинтересирам за нешто друго.. И така во главно за брзо ми поминува.
Се обидувам да ја пронајдам позитивната страна на ситуацијата и да извлечам поука..sometimes you win sometimes you learn
Едноставно се повлекувам малку во себе, ја проучувам добро ситуацијата која ме повредила и гледам да извлечам поука од сето тоа за да не бидам повторно разочарана и повредена
Што правам кога ке се разочарам? Зависи од кого сум се разочарала и колку!!! Ако сум се разочарала самата од себе „жива“ се јадам !!! Се нервирам, неможам да си простам како сум можела да направам или кажам такво нешто !!! Ако ме разочарал мм или децата им зборувам, зборувам, зборувам... Ги давам со зборови... се додека не сватат каква глупост направиле!!! Ако ме разочарал било кој друг, зависно од разочарувањето или простувам или ставам „точка“ која нема шанси да се избрише!!!