јадам, плачам, чистам... Па пак јадам и плачам, па може палачинки да си направам, па јадам... и така цел ден. Е кога ќе ми пукне стомакот престанувам со јадење, но не и со плачење. Ќе преспијам, и ко нова! (после не јадам цела недела, пазам, сум складирала доволно)
Ke оставам да бидам разочарана... И потоа ке дојде бесот и ке го претепам креветот. Потоа поминува и повторно сум охрабрена. Во просек овој процес трае петнаесетина минути. Во просек.
Кога сум разочарана значи кога ке ме фати точно ова чувство прво сакам да си запалам цигара, да ја пуштам мојата омилена музика и да почнам да си плачам, онака за да ми олесни. Второ посегнувам по храна, која ке ми даде моментално некакво задоволство, ке одам во продавница и ке изнакупам се што ми се јаде најчесто омилениот чипс и благо. Не сакам никој да ме види таква, кога сум во мојата соба. Не сакам никој да ме замара, ама баш никој, ниту мајка ми. Со денови нема да контактирам со никој и ке се затворам во себе размислувајки што понатаму. Трето откако ке помине оваа фаза, преминувам на фазата, на некакво си освестување така да го наречам, и почнувам да се тешам самата со себе, дека јас сум храбра, дека можам, дека ке се борам и ке успеам, без разлика што се случило... и после неколку дена некако го пребродувам тоа тешко чувство во мене, со надеж дека се ке помине и ке биде подобро, и веке го барам своето друштво во потрага по забава и исполнетост.
Палам цигарче и се прашувам зошто секогаш мора баш јас! и така по цел ден ги мразам сите. Ретко може да се десе да заплачам, ама кога ке заплачам значи дека е веке премината границата дека си имам премногу собрано восебе.
Плачам ко мало бебе... Си се гушкам самата и си пуштам некоја соодветна песна да ме доутепа... И се надевам на подобро... Секогаш се надевам, па затоа кратко ми трае разочарувањето
Не обрнувам многу внимание на разочарањата,тие за мене се поттик да го направам следнот чекор многу подобро и поуспешно.
Се затворам во соба си ја пуштам плеј листата сад сонгс искључиво кога сум тажна ги слушам тие песни и почнувам да плачам.. Секогаш вината ја барам во мене па така се анализирам каде сум погрешила и да не сум виновна ќе пронајдам нешто и си викам следниот пат нема така.. Но тоа трае само еден ден ете некогаш два најмногу потоа сум како нова Во таа ситуација им кажувам на сите дома да ме остават на мира дека не ми се разговара со никој и недај боже некој да ме напорва го утепав
Ништо посебно и помпезно, ако многу сум разочарана и нештото ме погоди, можно е да пуштам некоја солза. Но во принцип сум човек кој многу тешко се расплакува, па треба нешто ептен да ме дирне за да ми капне некоја ценета солзичка. Секогаш се трудам да ја најдам ведрата страна во сето тоа, за да макар во моментот ми биде полесно. Потоа се изолирам, размислувам како да се извлечам од дадената ситуација а пак да имам некава сатисфакција или барем научена лекција. Све у свему, не се припотресувам многу, да запаѓам во депресии и слично, мојата траума од разочарување трае неколку часа, потоа полесно можам да ги сварам работите, откако детално ќе ја испитам ситуацијата. После се, ми треба само добро да се наспијам и сум како нова, спремна за нови предизвици. Имам само една мана, многу често имам потреба од нечија подршка, што ужасно ме нервира, ама сакам колку-толку да сум секогаш стабилна и на некој начин заштитена и обезбедена.
Плачам, се трескам, некое време се додека не сфаќам дека не ми е ни прво ни последно разочарување, и дека сепак постојат убави работи на светов. А кон работата/личноста која ме разочарала станувам индиферентна, практично ја оплакувам и ја праќам во неповрат.
Инстантно здивувам ,основен симптом на секое разочарување.Звучи чудно ,но јас на таков начин ги доживувам раочарувањата ,повеќе како нервоза отколку како трескање од земја. Ја фаќам вратата што поскоро ,бидејќи седењето дома може само дополнително да ме фрли во очај. Во случај да не сум во можност да ја напуштам просторијата ,тепам перници ,потпирачи на кревети и се друго што може да биде натепано без да ме повреди мене.
Најчесто плачам и сум претерано нервозна сите ми сметаат ,знам да излезам негде сама и да се шетам така некое време да се издувам и да се смирам .
се нервирам и некое апче може да се напијам оти главата ме боли ама после си викам будала сум била, се е глупост и само глупост
Се изолирам, не контактирам со никој. Времетраењето зависи од големината на разочарувањето. Кај мене може да трае и подолго време. Во такви периоди сум најчесто и многу исцрпена па затоа и многу спијам. И на крај ми останува да се надевам дека еден ден ќе биде подобро.
Ако личноста што ме разочарала ми значи многу плачам , се нервирам а по неколку дена се враќам во нормала и ја бришам од животот. Нека ми тропа секој ден на врата ако сака штом јас сум сватила дека по нејзина вина е нема враќање. А за тие пролазните во животот не се нервирам многу , што вика мајка ми : тури им пепел на таквите.
Ми треба време додека помине тоа чувство...А, потоа ја анализирам ситуацијата зошто сум се разочарала, вреди ли, што може да се поправи....Се` зависи од самата ситуација...
Подобро да го истурите на некој и дома да направите неред отколку да го носис на душата и да плачеш во себе како јас се затварам во соба и ке се исплачам тихо.
ќе изедам едно чоколадо,ќе седнам на компјутер и ќе си пуштам некои весели песни и ќе се обидам за да заборавам се