Се обидувам да останам позитивна, да се насочам кон нешто друго. Лошото расположение и лошите мисли се отров за душата.
Разочарувањата се составен дел од животот. Не постои особа која никогаш нема доживеано разочарување. Па како на такви и им пристапувам. Се разочарувам, може да сум наљутена, и/или тажна, малку си покукам, го исфрлам тоа од себе и за кратко си се помирам со ситуацијата. Колку пати сум кажала на себе дека треба помалку да очекувам па помалку ќе се разочарувам. Ама едно е кажаното, не секогаш истово успева. Секогаш се најде нова ситуација која ја немаш доживеано, поминато, или дури и слични ситуации на кои повторно паѓам на тестови, ама со текот на времето подобра сум. Не дека не се разочарувам или дека целосно ќе успеам во тоа, туку полесно прифаќам дека нештата не се во мојата контрола и не можам да влијаам на нечив избор.
Се мотивирам за уште повеќе! Одам понатаму, одвнатре умирам, однадвор цветам! Посилна сум после секое разочарување(а мноогу сум ги имала) !!!
Кога ке се осетам разочарана јас се смеам..да...да, се смеам и те како слатко и гласно...се смеам на себе што сум заборавила на себе да се сакам, несвесно сум се пропуштила сама себе да се почитувам..за среќа,кратко ми трае таа насмевка, не ме држи многу разочарувањето
Одам и си купувам пиво и кикирики. И обавезно некој метал рокам низ дома. Откако ќе излезе црнилото на разочараноста од мене се префрлам на некоја поинтересна музика и си денсам.
Se poglednuvam vo ogledalo i vednash se raspolozhuvam, dobivam volja i elan, ne znam. Vo shkolskite denovi legnuvav da spijam i samo otkako kje se razbudev mi beshe podobro. Od koga otkriv deka ogledaloto pomaga, toa mi e dovolno.
Кога се разочаруваме во главата ни се вртат измешани мисли и од сите тие измешани мисли ја повлекуваме таа мисла која е најблиска за нас од друга страна бараме излез од ова непријатно чуство и знаеме дека кога се ова ќе го надминеме ќе ја осетиме вистинската среќа што ќе ни донесе насмевка во лице сладок вкус во животот бевескрајни убавини затоа треба да сме благодарни и на проблемите што ни овозможуваат да сфатиме колку сме силни и моќни и со се ова чуство да осетиме кои не прават среќни
Шетам од соба во соба, гледам некои без врска видеа, си туфкам, си пуфкам.. И тагата не ми поминува дури не преспијам. Следното утро си велам: Денес е нов ден, започни се' одново.
Пробувам да решам тоа што ми предизвикало така да се чувствувам...ако тоа не успее едноставно продолжувам понатаму нели не е крај на светот
Се занимавам со себе. Си правам маски за лице, ја средувам косата, ги лакирам ноктите, се шминкам итн. Колку и да е чудно, правам работи што се тотално небитни во тој момент и ги тргам мислите па полесно преминувам преку тоа.
Ако се разочарам од други луѓе, се јадосувам зошто сум дозволила премногу да очекувам, од истите. Али ако се разочарам од себе... Не знам,еве, не знам...Уште сеа паники ме фаќаат
Јас си се затварам у себе и си разрешавам ситуацијата у моја глава... среќа после многу брзо се оладувам од тие кои ме разочарале.
Пуштам рап, најдам солидна песна за моменталната состојба, и тешам се дека не сум единствена која поминува низ истото. Подоцна пуштам некоја забавна песна и пеам пред огледало, и земам дневникот и пишувам.
Размислувам каде згрешив,како дозволив да се разочарам Едноставно анализирам,за причината,и дали тоа можеше да се избегне