Си легнувам на кревет, пуштам музика и по неколку минути заборавам на се.. Или излегувам да пешачам и сл.
Плачам,слушам музика и се држам подалеку од луѓе,размислувам на длабоко и широко со денови.После неколку дена се будам како нова,посилна и со нова поука во животот.
Слушам музика,не разговарам ,спијам долго ,молчам..Земам да јадам касно ноќта премногу,или чистам по дома..
Застанувам, размислувам, се преиспитувам каде и што јас згрешив, наоѓам начин да се 'испразнам' некако и си велам ехее чекај допрва уште што те чека, та за ова, и продолжувам со нови сили во животните предизвици. Си повторувам дека она што не ме убива ме јача, и она - not why me but try me!
Јас кога сум разочарана си седам дома, не сакам да се гледам со никого,не сакам да зборам, си јадам и некогаш плачам некогаш не. И така чекам да ми помине болното, моментално ме напаѓаат некој депресии Паника ме фаќат на моменти
Пробувам да размислувам, и на крај јас сум виновна за све. И легнувам, и коа ке станам си давам лажна надеж дека ке биде се во ред. ( иако знам дека нема да биде)
Се разочарувам, и седам разочарана едно 6-12 саати. После легнувам да спијам, станувам наутро, и се чувствувам како ништо да не се случило
Се дистанцирам во последно време, ако некој ме разочара. Нема зошто да им давам прилика за некое следно разочарување.
Се повлекувам, подобро меѓу празни ѕидови отколку меѓу празни луѓе кои ќе се хранат со мојата болката...
Изгледа јас сум единствена што воглавно се форсира одма да продолжи како ништо да не се случило, станувам поактивна, пробувам да си докажам сама на себе дека не ме допира ништо од тоа, а ако не успеам, крајна опција за исфрлање на стресот- џогирање.
Разочараноста ,како чувство на незадоволство кое го следи неуспехот на очекувања или надежи, е субјективен одговор поврзан со антиципирани награди и времето во кое се опоравува од разочараноста може да варира меѓу луѓето бидејќи на некому му се потребни само неколку минути, додека кај други дури и неколку денови. Во врска со ова прашање, разочарувањето може да се јави и во врска со одредени луѓе за кои сме имале формирано мислење и желби кои сме ги посакале или сме биле сигурни дека истите ќе се остварат. Секој човек на различен начин реагира на овој вид на психолошки стрес. Јас лично, многу ретко се разочарувам, особено од други луѓе бидејќи не сум емоционално приврзана за никого ниту пак очекувам нешто од некого. Но кога станува збор за моите желби, иако секогаш настојувам да го добијам она што го сакам, понекогаш работите не одат секогаш по планот. Но дури и да се наоѓам во ова сценарио, времето во кое сум разочарана е многу кратко (помалку од пет минути) каде се обидувам на рационален и логичен начин да ја увидам ситуацијата, можностите, шансите како и целокупната голема слика. Тогаш станувам уште помотивирана и поупорна да го остварам во реалност она што го сакам и сум подготвена се да направам за тоа, без разлика на каков начин.
Ќе се изплачам ден два и после тоа си го продолжувам животот. И обавезно излегувам за да не паѓам во црни мисли