Тогаш сакам мир и тишина,да се исплачам, да размислам убаво што понатака и по некое време поминува.Но има моменти кога сите замисли и планови на секое поле по ред пукаат пукаат по шавови ,како договорени, коа имаш чувство дека се се руши ,а ти не си во состојба да делуваш да ги споиш и закрпиш,размислувам да си купам кози и да одам у планина,у пм и стресен живот кој го живееме,во борба по пари ,моќ, љубов.
Кога ми е тешко, си го погледнувам холивудското лице во огледало, и веднаш се чувствувам подобро. Исто така, вежбам, излегувам на трчање, и толку треба да се прочистат мислите.
Edvaj zboruvam so nekogo, najcesto si legnuvam, sakam da se isplacam i potoa malku mi olesnuva, pa si se doteram od glava do peti (vo megjuvreme si pustam muzika) si izleguvam i sum kako nova.
Па се нервирам и наоколу делувам со монолозите и повремените дијалози со околните како Калимеро-нема преавда и на крај ме фаќа таква несоница што поарно ич да не заспијам дека и во сон сум звучела како Калимеро-нема правда. Е а кога ќе се пре пре морам,спијам како јагне,па сум рестартирана,џоа нова особа по добро квалитетно (с)пиење до следниот пат на дружба со текстот на Калимеро-нема правда.
Се заклучувам во соба,и се обидувам да заспијам,некогаш ми успева,а некогаш ми е уште полошо,оти ќе почнам да барам вина во себе,ќе се навредувам и омаловажувам себеси уште повеќе...
jas sum tolku preokupirana koga ke imam problemi.. sakam da zaplacam da se olesnam no nemozam. ne spijam so noki... i se nadevam deka so vreme i so mnogu molitvi problemot ke se resi...
Некогаш знам добро да се изнаплачам, некогаш возам велосипед за да ја потрошам вишокот негативна енергија, а добро ми доаѓа и туш. Секогаш помислувам дека е само период кој знам дека ќе помине, дека мора да се исконтролирам себеси. Не сакам да размислувам за проблемот со полна глава глупости, ме измачува.
Разочарувањата се дел од животот. Кога преживувам помалку убави моменти се обидувам да бидам трпелива и смирена.Самоконтролата е техника што секогаш ја применувам. Најчесто сакам да молчам и да слушам музика. Таквите моменти ме потсетуваат на убави денови.Избегнувам изолација од луѓе и настани зашто тоа е почеток на повлекување и затворање во себе. Прошетките и контактите со стари познаници ме релаксираат и ми ги оттргнуваат мислите од проблемот.Со добра волја и истрајност го пребродувам периодот и продолжувам понатаму. Не секогаш е лесно, но без психо-емотивна сила обидите се залудни. Од секоја научена животна лекција искуството има позитивна и негативна страна.
последното разочарување многу тешко го поднесов...добив спазам на желудец...на лекар мислеа дека градната болка ми е инфаркт.... Очигледно човек не се јакне со тек на времето, не станува имун на проблемите како што велат некои....можеби морето солзи пресушува, но затоа од сушата пука душа
Еднаш се имам разочарано во животот и уште си го памтам. Од тогаш станав затворена личност, не сакам да се врзувам за луѓе. Не очекувам ништо добро од никого и не им верувам на луѓето - баш поради таа причина да не се разочарам повторно. Кога некој ќе ми направи добро сум благодарна, но и покрај тоа не си ја отварам душата целосно и не се зближувам - резервирана сум. Имам една другарка од средно бевме неразделни, не е тука во Мк но, само неа можам се да и кажам. Без разлика што не е до мене секојдневно се слушаме, кога ќе и кажам нешто што ме мачи ми олеснува. Покрај мајка ми, таа е втора личност на која што и верувам.
Па увек ми иде да ископам бунар и да се фрлам, али у глобала само продужуем даље на следното разочарување..
..3 дена плачам на 4 тиот ден терам ко ништо да не било на 5 тиот ден оној шо ме разочарал иде да да се извинува..терам у к*рац и тоа е тоа...