Последниот пат една недела збор не ми излегуваше од уста. После почнав постепено да се навикнува. Сега на се гледам со поинакви очи. Најверојатно и тоа е позитивното, се учиш на грешките.
Чмаам и размислувам, па спијам... па пак чмаам и размислувам, па спијам... И така дури не смислам нешто. Еурека!
Седам така, лежам и молчам изолирана од светот, муабет не ми се прави. Па по 3-4 саати ме фаќа некоја енергија и земам чистам низ дома, одам трчам, вежбам, само да не мислам на ништо.
Прво се изолирам,најчесто во мојата соба како демек ке спијам..ќе си легнам ,ќе се покријам преку глава да не се слуша кога ќе плачам(нејќам мојте да ме слушат да се нервират и они) ..па си пуштам на слушалките утепувачки песни во кои што ќе се пронајдам баш...и се препуштам и плачам,плачам се додека не се изморам...потоа малку се смирам ,размислувам за убави работи и оп,одеднаш ајде втор бран на солзи доаѓаат....и така скоро цела недела...ама после сум како нова Размислам си дека се ќе биде добро,и дека се се случува со причина и дека не вреде да се уништувам за некои работи..... и така се до нареден пат.
Ретко се разочарувам, а тајната на тоа е дека повеќе ништо од никого не очекувам. Ако некој сака да биди во мојот живот, ќе најди начин и ќе биди. Ако не, кој го врти. Работите се онакви какви што треба да бидат, сите на крајот го сваќаме тоа.
Размислувам, анализирам извлекувам поука и продолжувам понатаму. Понекогаш знам да споделам што сум извлекла како заклучок со исклучиво блиска и особа од доверба доколу на почеток сум кажала на таа особа што ме разочарало.
Најпрво ќе се повлечам во својата соба,убаво ќе се изнаплачам, ќе си пуштам музика,легнувам да спијам, станувам наутро, и се чувствувам како ништо да не се случило
Плачам, многу плачам. Бегам од сите и нејќам никој да видам ни слушнам. Пуштам некоја агресивна музика. Ме нервираат тешења и лажна позитива и затоа не зборам со никој. Дури и коа ќе ме приметат дека не сум ок, лажам нешо као уморна сум или имав работа и затоа ме немало или не изгледам добро. Спијам откако ќе се исплачам убаво... Коа ќе станам малку полесно ми е... И така си давам време да си се нервирам и да си тажам за разочарувањето колку шо ми треба дур не се осетам добро. И обично после тоа се осеќам појака и многу силна светот да го освојам.
se deram na licnosta sto me razocarala kolku sto glas me drzi,se ke i plesnam v oci i ona sto porano sum premolcela i ja brisam zasekogas od mojot zivot (zboruvam za raboti koi se poseriozni ) za sitnici ne se razocaruvam
Искрено доколку се разочарам од сама себе ми треба кратко време да го надминам тоа (најчесто со вежбање и музика). Доколку се рљзочарам од некој друг, кој ме повредил свесно, на начин на кој знае дека ќе ме заболи, го игнорирам скроз.
Пушам многу цигари. Плачам, се нервирам и се обвинувам. Порано излегував и се возев се додека не ми помине. Слушав некоја музика за да не ме убие тишината. Сега не можам тоа да го правам, па си го гушкам син ми и си велам дека ќе биде подобро некогаш.
Се изолирам, размислувам, анализирам, продолжувам понатаму и игнорирам. Најважно ми е да извлечам поука, заклучок.
Смислувам како да го разочарам јас тој што ме разочарал мене Си плачам малце така. Малце поише. Лупам по нешто дали по кревет дали од ѕид. Гризам ќебе. После тоа седнувам и смислувам што да праам. Прво ми доаѓаат убиствени мисли. Музика слушам депресии гледам. Плачам. Али овој пат само плачам. После тоа размислувам смирено. И од кога ќе смислам се ќезам онака од 8ца до 8ца и си викам "убав бил животот".
Прво си враќам филм назад што, како е било.. Па кога сфатам дека тоа е тоа, дека малце ме разочарале ставам црта оп стоп. Јас сум тешка личност признавам, на човек помагам онолку колку што заслужува. Не ме разочарале многу баш поради таа особина што кај мене скоро за секој и за се има црта освен за син ми . Последно ме разочара една личност, и тоа многуу, го вадев од кал што се вика, подршка кога никој немаше, ме шутна како камен ама за се има прв пат нели. Колку и да се изненадив, не се трескам јас, малце ме здоболе ама за таа личност кажав крај од мене нема ни ронка да добие, а знам дека пак ќе ме побара, ќе најде начин и ке ме најде пак ама овој пат е крај. Пријател ти е оној кој и во добро и лошо е со тебе и до тебе, а не само додека му е лошо и има корист, штом виде малку светлина толку е, епа такви не ми требаат, јас имав сонце и без нив.
Станувам страшно бесна, а по одреден период рамнодушна и во последниот случај на разочарување кој го доживеав, ги прекинав односите со таа личност во многу краток период, иако беше екстремно тешко со оглед на тоа што се познававме 17год, а бевме екстремно блиски 7 години.