Ќе испијам две три чаши вино и ме носи во таква состојба да не ми е гајле за ништо па макар и светот да се руши. Пуштам филм/подкаст или стоицизам видеа и утре дента сум нов човек.
Прво се здрвувам, кнедла у грло, солзи у очи кои ги контролирам да не ги пуштам пред луѓе, кортизолот до небо, си патам тивко. Коа конечно ќе сум сама, плачам, липам долго време дур не се смирам. Потоа сум ко воз да ме смачкал.
Се изолирам, себе си, во комфорт на својата тишина, оладувам едноставно и премногу ја анализирам околината, често големата емпатија што ја поседувам доведуваше до разочарување.
Се затварам во себе комплетно, се изолирам од сите, не ми се зборува, не ми се дружи. Не плачам, што е многу лошо, се собирам во мене. Се прашувам кога еден ден ќе пукнам.
Исто, во ПМС за глупости знам да се расплачам а под стрес кога сум нема шанси. Собирам во себе и стискам заби. Во моменти кога сум плакала отпосле уште толку ми се засилува стресот наместо да се намалува и да ми олеснува со плачење. Затоа не сакам и не плачам, после секое плачење добивам гратис паничен напад. Јас сум една од ретките кај која плачење не помага.
- се повлекувам и замрзнувам ако ситуацијата ми предизвикува стрес - го анализирам секој детал од секој можен агол до преморување и опседнатост - плачам - избегнувам да зборувам на темата иако тоа ми помага - пишувам во дневник - барам дистракции