Кога ќе се разочарам се повлекувам во себе на кратко, а потоа сфаќам дека морам да продолжам понатаму.. Нема да се жалам дека често мене ме разочаруваат, бидејки ни јас не сум цвеќе за мирисање, веројатно и јас сум изневерила нечии очекувања. Ако ни е за утеха, разочарување можа да доживеат само амбициозни луге кои имаат големи очекувањаи верба во себе.
Последно разочарување ми беше пред 7-8 години, не го доживеав тоа искуство претрагично, пошто имав со кого да го споделам и да се тешам. Денес немам многу блиски, се бројат на една рака (буквално само 3 броја ми ѕвонат на мобилен, непознат ако ѕвони е некоја анкета или оние од ајкос). Интровертноста која многу ми се зголеми после Ковид периодот ме чува од разочарувања и повредувања. Колку помалку блиски луѓе и очекувања, толку помала веројатност од разочарувања.