Многу често знаев да одам покрај Врадар со моја Киттен и да шетам или да седам таму, пртежно земам да сликам, пуштам гласно музика, гледам да бидам меѓу луѓе, чистам како луда, планинарам, знам дека одев често на терени и барав нон стоп обврски во лабараторија. Ама многу ми помогнаа прошетките. Шетав се движев енормно многу, со слушалки на уво и напред..
Порано пуштав гласна музика, заклучена в соба и скокав играв пеев и бесот/ гневот се намалуваше Сега некои работи не ми дозволуваат да го правам ова, па затоа слушам на слушалки гласна музика или си читам космополитен и ме расположува. ако не се работи за сериозно разочарување, решавам да го игнорирам некое време, зашто знам дека ’утре’ проблемот нема да изгледа така лошо како ’денес’.
Дното е секогаш најдобро место за да се почне се одново. Правам промени-стил, коса, некако со тоа се обидувам да излезам од своја кожа, тоа ме прави да се чувствувам како повторно да сум се родила, се подготвувам за нова рунда со животот. Собирам сили, се обидувам да сум што позафатена. Не дозволувам другите да знаат дека не ми е добро. За секој проблем разговарам само со некој што знам дека ќе ме сфати и ќе ми даде поддршка, без да ми суди. Целиот ден ми е испланиран, и повеќето време го поминувам сама. Кога имам слободно време, се шетам, слушајќи музика. Во такви моменти потребна ми е тишина. Полека си ја враќам рамнотежата... nothing is eternal...
Легнувам да спијам мислам дека со спањето си ја решавам депресијата у која ке паднам откако ке се разочарам а уствари не ко станам е исто се ...
Ооооох ги мразам моментите кога сум разочарана и изнервирана бидејќи тогаш сите околу мене ме мразат.Немам контрола викам,мавам секој пред мене ниту крив ниту дужен,се мавам,кубам коси,навредувам со зборови што всушност не ги мислам итн... и после некое време кога ќе се потсмирам дури тогаш можам да разговарам со луѓето во кои сум била во конфликт.Многу се плашам за своето такво однесување при разочарување и депресија,знам дека така ќе изгубам многу луѓе во мојот живот.Но што да правам кога многу се нервирам за тие што ги сакам и губам контрола.....
Се нервирам,немам контрола,навредувам кој треба и кој не треба,не можам да се смирам. И тоа се' додека не си објаснам себе си дека можам повеќе и дека нема да се разочарам повторно. А од кога ќе сфатам,продолжувам со прејако темпо,again
Најпрвин мора да акнам нешто то шо е најблиску до мене, да исфрлам нешто, после по некое време се акам од плачење и вријам во мене и имам сила тогаш да истепам некој. По некое време сум во ред и идам даље.
Трескам врати кога излегувам, одам кај мене во соба и прекривачот и ќебето на креветот настрадуваат. Они си го кркаат на крај.. Се тоа што имам во мене го исфрлам врз нив. Ги тегнам ги влечам.. Почнувам да плачам и се разочарувам и од животот и од се. Си мислам нека иде во пм се.. Ебати животот..
Ништо.... постојано сум разочарана од нешто, така да можам да кажам дека секојдневно живеам со разочарувањата,па можеби токму заради тоа и не ме погодуваат многу...така полесно се преживуваат...сигурно...
Се лутам во себе. Умеам да скријам од некого ако сум тажна, изнервирана. Ќе почнам безвучно ад викам да се дерам се додека не ме заболат крајниците.Потоа се затворам сама-плачам, плачам и кога ќе се испразнам се враќам и и враќам Мило за драго!!
дремам на интернет и тражам нешто а ни јас самата незнам што.. трескам врати... се дерам по сите ... подобро да нема никој до мене зошто и тој ќе си го добие макар што не е крив...
Плачам во перница 5 минути, следните пет пуштам музика, една цигара и нес и гласот на Т. и П. И за пола саат ми поминува, не сум депресивец по природа, се фаќам во акција и ондак то.
плачам цел ден и цела ноќ глупости но таква сум ... многу ја нервирав мајка ми зошто за било што јас плачев сега се откачи од мене и само вели колку ни е весело дома немаме плачки
Многу лесно се разочарувам и тогаш сум неподнослива.Ноќно време плачам,а дење се карам со сите,не дај Боже да си до мене во тие моменти,само моите си знаат како им е,пуштам тажна музика и уште толку се разочарувам.
Па порано прилично се доведував до депресија бре! Ако некој накриво ме погледнеше или ми кажеше нешто, тоа беше ко да ме убил . Многу придавав значење на се и на сите. Но, изгледа сум навикнала или научила дека луѓето секогаш ќе те разочаруваат, па поприлично не се замарам повеќе. Така да, више не ме боли увото за никој, посебно за луѓе што немаат ... Ма, кога ќе размислам, више луѓето не ме интересираат. Од разочарана, преразочарана сум, па и више ни разочареноста не допира до мене