1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што правите кога ќе се разочарате ?

Дискусија во 'Психологија' започната од Cvet1, 11 јануари 2011.

  1. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Прилично сум емотивна и мора да се пролее солза без разлика какво е разочарувањето. Размислувам за тоа и пробувам да сфатам како се случило, дали и каде сум згрешила. Тоа е една од особините што најмногу ги мразам кај себе..
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Си плачам и тоа многу
     
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Во моментов сум многу разочарана и вријам од бес, многу тешко ми паѓа кога во одреден момент не можам на некого нешто да му возвратам ако ме повреди или можеби не знам да се икажам убаво за да ме разбере особата што сакам да кажам и тогаш сум бесна вријам и се блокирам од нервоза. Инаку кога сум нервозна знам и да се расплачам од бес и да скршам нешто и ред други работи.
     
  4. Queen-S

    Queen-S Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Си плачам,си јадам благо и си мислам крај на свет е,и оп-ќе дојде некој што ќе ми даде волја за продолжување понатаму,со објаснувањата дека во животот нема само среќни моменти туку има и такви моменти,на разочараност. . .
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ќе ми капне по некоја солза,потоа си слушам тажни песни на Јутјуб и читам некои тажни приказни :)
     
  6. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    И јас :) Само што не слушам само тажни песни, сепак мора и некои други за да ми се подобри расположението :)
     
  7. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    112
    Зависи од што сум се разочарала. :D
    Ако е од дечко ми .. прво пуштам некоја жалопојка ќе пуштам некоја солза, ќе ми олесни.
    После тоа ќе се дотерам, се цакум пакум, и у бољи живот! :lol:
    Ако сум разочарана од нешто друго, претежно јадам благо, гледам некои филмчиња што би ме расположиле ... чистам по дома како мрдната, менувам расположение на секои 2минути и така! :)
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Ја земам перницата се поклопувам и плачам. Потоа земам да се најадам како свиња, па слушам музика, нешто што ќе ме смири и го пишувам нивото на разочарувањето во дневникот. :)
     
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Потиснувам во себе и плачам на само, зошто кога ќе дознаат и блиските околу мене дека сум разочарана ме напнуваат за да ми помогнат и тоа ми прави да се чувствувам уште полошо. Сама секогаш го поднесувам разочарувањето и полесно ми е, колку помалку луѓе знаат тоа подобро.
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Плачам.
    Урлам, викам, бесна сум.
    Потоа следува една фаза која што ја мразам највеќе, барам вина во себе за она што се случило. Каде сум погрешила, точно каде.. Враќам филмови, во главата водам повторни конверзации со изменети зборови, па што ќе беше ако кажев вака, постапев онака... Ситничар невиден.
    Се закопувам со песни.

    Никогаш не се затворам во себе, не дозволувам да потонам до тој степен.
    Најверојатно за инает повеќе се смеам, тогаш имам зголемено право за да бидам среќна.

    И онака се` поминува, зависи како ќе успееш да се справиш со нештото..
     
  11. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јадам чоколадо :D
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Живот иде даље, ајде нови проблемчиња и предизвици. И трчам како луда да се испразнам, еден добар туш и оп како нова.
     
  13. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    ја разгледувам ситуацијата во која сум паднала,се разбира малку мие тешко но не е тука крајот,тоа ме теши продолжувам понатаму и секако вниманам да не дојде повторно до истата грешка ;)
     
  14. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Кога ке се разочарам си велам,ее па не е крај,можеше и полошо.Никако не сум негативна.Значи што и да се случи се случило,зошто да плачеме по минатото?Траба да гледаме само напред! :)
     
  15. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Благооооо.... :$

    или пак плачам!!Никогаш не паѓам во депресија,тоа е најбитно! :*
     
  16. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Благооо ! :)
    Плачам, плачам...и продолжувам понатаму! Мора да се живее!
     
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Се почесто и почесто се разочарувам од луѓето од мојата средина, од блиските, од самата себе...
    Како да се справам со тоа? Кажете некоја мотивација, песна или било што кое би помогнало да не сум толку тажна и разочарана. Чувствувам како да сум помеѓу високи планини, а над мене надвиснале црни облаци. Не знам што ми е, но никако не можам да се насмеам од срце, да почувствувам среќа, а најмногу ми е страв што ја губам довербата во другите, но и во самата себе.

    Се сте нашле во ваква ситуација?Што ви помогнало да се извлечите од тоа?
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ретко се разочарувам. Едно, не очекувам премногу од луѓето и свесна за повеќето ограничувања на нивната природа (која не ме исклучува и мене како човек секако), второ, за да се разочараш треба претходно превисоко да валоризираш некого, јас луѓето ги ценам (оние кои го оправдале ова) ама никогаш до степен на идолопоклонство или култ на личноста и трето, сум приврзаник на помали и позатворени групи (другарството е важно,но со лажни другарчиња е потажно е моето мото), па ми се стеснува можноста за разочарување...

    Кога веќе ќе се случи, ќе потагувам извесен период, па ќе влезам во гневна фаза, па откако ќе мине бурата, ќе размислам трезвено до најситните детали, ќе извлечам поука и продолжувам понатаму, не како да не било, туку свесна што и како било. И сето ова погореспоменато пропратено со доста музика, храна и физичка активност, ова искрено во различен сооднос...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    кога ке се разочарам се повлекувам во себе,плачам,нервозна сум и ми треба долг период за да ја прифатам ситуацијата
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Ох, што правам... Првин плачам многу, да ми олесне колку-толку.
    А потоа, се враќам наназад едно 100 пати за да сфатам дали во мене била грешката што така се случиле работите. И кога ќе увидам дека навистина не е моја вина, се обидувам да продолжам понатаму, иако морам да признаам, не секогаш успевам во тоа 100 %.
    Зависно од ситуацијата, порано многу повеќе се разочарував и од луѓето околу мене и од самиот живот. Со тек на време сфатив дека не е се така розово како што мислев, и едноставно се помирив со тоа.