На почеток се повлекувам во себе, плачам многу, не излегувам, но тоа не трае многу, ден-два....незнам ни јас самата, ама од внатре ми доаѓа некоја сила, некој глас......ми вели да не се предавам, дека заслужувам подобро........ порано не беше така, едноставно кога некој ќе ме скршеше, и така останував....сама со својата тага...поминуваа недели, месеци а јас сеуште не се освестував! Сега можам да кажам дека сум силна млада жена, ретко плачам, се воздржувам, многу сум реална, успешна на неколку полиња, имам семејство што ме сака и ги сакам! Едноставно доволни ми се тие, силата преку нив ја црпам!......Можеби кога ќе помислам ми недостига мојата сродна душа...и да основам свое семејство! Но надежта е тука...не се предавам ни јас ни мојот сон!
Прво се нервирам многу многуу многу.... Ама па потоа ќе ми текне дека не треба да се предавам за "ситници" туку да се борам за она што го сакам.И така некако ќе успеам да се смирам! Ама некако нервозата не е целосно исфрлена од мене и се претвора во солзи.Зависи колку е тежок проблемот..ако е многу сериозно солзите во дволитарско шише ќе ги собирам ако е ситница можам на прсти да ги избројам.Ама плачам(без некој да ме види).И кога ќе заврши овој процес сум како нова.Кој заслужил одмазда ќе си ја добие и така
Обично пијам чај од коприва. Размислувајќи на темава, дојдов до заклучок дека нема од што да се разочарам. Човек кој реално нека големи очекувања од некого, нема резон да остане затрупан со замислата за совршена доверба. Верувам во Бог, не верувам во својата сенка. Бог не може да ме разочара, а верувам и во себе дека најголемото разочарување ќе ми биде ако некогаш се разочарам сама од себе.
Плачам,пушам по сто цигариња ,звонам по телефон на другарки барам некој да ме сослуша,барам друштво и најдобро ми е кога ке излезам од дома и да бидам опкружена со луѓе така најлесно го надминувам разочарувањето.
Понекогаш плачам зошто така најмногу ми олеснува.Задолжително е јадењето благо во неограничени количини,слушање музика која ме расположува,а и кафето со другарките знае навистина да помогне
Прво сум бесна. Ама она мноооогу бесна. Автоматски влегувам во филм дека кој е тој идиот/ка со мене така да се однесува, дека со мене не смее да се чепка, дека ќе види таа/тој убаво и тука еден тон страшни, одмаздољубиви сценарија. Еден од наредните 2-3 дена максимум, а најчесто уште истата вечер, онака бесна се пицнувам, се дотерувам до немајкаде, со 2 тона лажна самодоверба (читај скриен очај зад одлична маска) излегувам со ТОЛКАВА НАСМЕВКА и си поминувам ''прејако". Оваа фаза максимално ми траела одприлика една недела. Тогаш следи некој си скроз банален и безначаен момент на кој буквално се кршам. И или ќе си најдам безвезна причнина за која ќе се убијам од плачење или па ќе си се приберам негде на само каде пак ќе се убијам од плачење. Во позадина можи да течи онака некоја патетична музика за да ми оди во прилог на зркањето. После тоа со помирна глава имам период на размислување - зошто, како, што придонело до тоа, кој е крив, колку е крив, како да се поставам, едноставно ретроспектива на случката. Понатаму гледам да се држам до тоа што сум решила колку и да ми е тешко да го спроведам, и ми успева искрено. Знаат да ме фатат трагични моменти но веднаш му одам контра со глупава музика од типот на Градинарот или Одада на Радоста, Билјана сајла немаше уствари цел репертоар на Дуо-Трио. Некогаш успешно, а некогаш немам појма како ама од нив по некој си таен пат ќе завршам на Балашевич и тука пак можи да има уште една тура на емотивно празнење - плачки, мрсучлиња и потечени очи. Сепак оставам на времето да си го направи своето. А и секое разочарување е искуство плус. Попаметен си после тоа. Учиш порано да реагираш на некои работи и пореално да ги гледаш. Fool me once, shame on you, fool me twice, shame on me.
Првиот инстинкт ми е - плачење Но не секогаш плачам... Многу пати викам - леле како можеше или слично, зависи во која ситуација. Секогаш се преиспитувам себеси, да не сум ЈАС таа што направила нешто погрешно или не сум направила доволно. Случката ја поделувам со одбрани блиски луѓе, кои имаат утешни зборови и ме прават да се чувствувам добро..
Си најдувам некоја занимација.... Во зависност од што сум разочарана.. Ако е тоа нешто од школо тогаш се мотивирам повеќе и сум повлечена за кратко време,но подоцна правам БУМ !
Имам високи очекувања само за поединци. И ако тие неколку луѓе во кои сум верувала и сум ја вложила сета надеж на светот ме изневерат или не биле искрени со мене на почетокот, разочарањето ми преминува во гнев и одбивност. Затоа многу сакам искрени луѓе, без некои си игрички и да ми се водат по некои си правила на џунглата, бре мајката, денес на никој не може да му се верува, посилниот го јаде послабиот итн итн. абе кажи си кој си шо си, дека си човек по душа, не тигар ли, зајче ли... Многу лошо примам разочарувања, се надевам дека со тек на време ќе се решам од овој проблем.
Па кога ќе се разочарам...во една личност сите ми се криви.....си се затворам в соба пред лаптоп легната си слушам музика плачам (зависи за која личност се работи) после на никој не му верувам одредено време
Во повеќето ситуации обвинувам себе си, задето не сум била по паметна, да го спречам лошото. После тоа благодарам, задето сум се научила на уште нешто, наредниот пат да сум по претпазлива.
многу ми е лосо се лутам и нервирам....обидувајки да сватам дека јас сум сакала да исполнам се за он да не се разоцара а него не муе е гајле дека јас сум разоцарана и повредена