Најдобро по мое мислам е да останеме малку сами додека ни помине нервозата.. малку ќе се растеретиш ќе се исплачиш.. Јас секогаш кога сум разочарана барам да ме остават сама барем некое време па со добра музика и малку солзии и ќе ми помине се ! ..
плачам со добро парче чоколадо, а кога ке заврши чоколадото се фрлам на добра партија спиење, и до 15 -16 часа, и после сум како нова
заваиси од што сум се разочарала. Во принцип плачам едно добро 24 саата се сожалувам и после како нова хахха
Уфф.. Вчера бев мн разочарана и истуркав се пред мене Баке адн Роллс 1 пакетче го посеав по земја, медени срцинја исто така, 1 финџал скршив и завесата е турнав.....СВЕЕ ЛОМЕНЈЕ:... али така бев изнервиранаааааа PREMNOGU.. сеа коа ке ми текне..Санки филм да беше..
Кога сум разочарана прво сама сакам да сум,додека не ми помини нервозата дека тој со е до мене тешко него ќе е ,а потоа му кукам на дечкото 2,3 саати дека само него не му досадвам со моето кукање,кутриот шо не трпи од мене и после сум ко нова
секогаш гледам на поубавата страна. Се дешава да се разочарам и да ми трае максимум еден ден (тогаш демек више кревам раце од се) па следниот сум како да не било, или било ама знам дека ќе помине
Се трескам од земја, и ништо, ама баш ништо не може да ме расположи. Дури ни чоколадо или сладолед. Кога сум разочарана, не сум многу друштвена, не сакам да ги споделувам проблемите и вообичаено сум намќореста. Се дистанцирам кога сум таква, затоа што знам дека ширам негативна енергија, а не сакам никому да му се отворам. Знам по малку и да си поплачам од нервоза, ама за среќа тој филм брзо ми проаѓа. Ден два сум во бедови, ама после ми цутат цветови. Самата си наоѓам задоволство во мали работи.
моментално сум разочарана од љубовта-што се вели до даска, и факт е дека тоа ми е најболната точка во животот, ама ете жива сум па не и дозволувам на негативната енергијада ме надвладее-се фокусирам на други нешта -и овој пат гледам да нема толку солзи како претходно што имало, иако емотивна сум по природа , си признавам
Најпрво се прашувам зошто баш мене ова ми се случува?Потоа едноставно одам да пазарувам,јадам што сакам,поканувам позитивни личности кои ме засмејуваат до солзи,но несмеам да дозволам да паднам во депресија бидејки животот има успони и падови
Се затворам во мојата соба и седнувам на мојот сакан кревет кој се и сешто има видено и чуено се покривам со нешто и седам. Седам, седам, седам.. Мислите ми лутаат насекаде, најмногу на тоа што ме разочарало. Одкако ќе се изнаседам долго време, земам книга, пуштам некоја бавна и смрувачка музика во позадина, легнувам и читам. Се внесувам скроз во книгата, читам се додека не ме фати дремка (после 2 саати) ја оставам книгата и заспивам. Другото утро сум како нова.
Најглупото чувство кое за жал досега многу пати го имам искусено. За најразлични работи и од многу личности. Искрено, не знам што правам. Се чувствувам потиштено, осеќам мачнина и горчина во себе, понекогаш и плачам ама сепак тоа не решава ништо. И да, многу во тие моменти сакам да спијам или да лежам, да размислувам или поточно да не размислувам за тие работи. Да се препуштам на некои поинакви мисли ама ретко кога ми успева.
се затворам во соба се пружам на кревет гледам во плафонот и молчам...едноставно сакам да сум сама и се да е тивко...
Незнам... јас обично се помирувам (за минутка) и велам ОК за да ја свртам личност што ме разочарала кон мислење дека не ми значи ништо што ме разочарала. А после и се одмаздувам. Најчесто така. А одмаздата да брзо ја испланирувам па после треба да почекам малку време за да заборави па да(и) му\ја (ја) плеснам в лице. И да кажам: Ете ти зошто ме разочара. Ама зависеи: Колкаво тој\таа ми нанел(а) и јас толкаво. На пр. ако ме разочара, некоја нова пријателка која во последен миг се откажала да се запознаеме, би направила нешто, со што би и ги тргнала сите нејзини пријатили (да се знае која сум) Инаку краток одговор на прашањето: Кога се разочарувам се одмаздувам