мислам на позитивната страна од тоа што може да произлезе, мислам за текот на животот што следува ,како ќе биде подобро слушам весела музика и водам долги разговори со другарките
Прво мислам на се` лошо што ми се случува / опкружува, потоа зимам чоколадо, слушам музика и полека се враќам во нормала.
Многу често се разочарувам , и се затварам себе си , се лутам на секого , не ми се збори со никој , ми се плаче .... сакам да сум сама , а кога нема со кој да споделис мака уште ти е потешко
Прво убаво си се исплакувам. Правам нешто што ме релаксира. Средувам нешто по дома, купувам,гледам серија/филм,читам книга,слушам музика, си правам третмани. После тоа се средувам и одам кај баба на муабет. Најубаво ме разбира ,најкорисни совети ми дели и знам дека кажаното дефинитивно останува кај неа. После два три саати муабет сум како нова. И веќе смислувам решение како разочарувањето да го претворам во нешто корисно и добро за мене.
Кога сум разочарана сакам да бидам сама и да размислувам зошто сум разочарана, од кого, што ме довело до тоа и сл, си ја разгледувам ситуацијата
Се изолирам, не сакам да комуницирам со никого... Размислувам за тоа што ми се случило се додека не дојдам до заклучок дека од секое лошо има и полошо.
Долго размислувам и спијам. Ако останам будна, можно е да се искарам со личностите кои ме опкружуваат, а и така уште повеќе ќе мислам на проблемот или личноста заради кој/а сум се разочарала. Секогаш веднаш заспивам. Другиот ден сум како нова
Си пуштам музика. Најчесто песнава: http://www.youtube.com/watch?v=ErvgV4P6Fzc All we need is just a little patience Одма се расположувам ко ќе ја слушнам. Или спијам.
Ќе се разочарам и одма се споредувам на пример со луѓе што нивното разочарување не може во никој случај да се спореди со моето....Секогаш има полошо. И така некако си се тешам и продолжувам понатаму
кога ќе се разочарам зависи од личноста и причината поради која ме разочарала ако е некоја банална причина не се замарам и продолжувам напред но доколку е поголема 2-3 чашки вино со најдобрата другарка и заедно ќе бараме решение
јас искрено кога ке се разоЧарам поЧнувам да плаЧам и и си викам зашто баш мене ова ми се слуЧува кога нешто разоЧарано ми се дешава, верујте дека подобро ке биде кога ке се исплаЧете )
Ќе се изнаплачам убаво, ќе си пуштам музика, прво некои балади што ми идат со плачењето, па ќе си почнам полека Skillet, Eminem и Lil Wayne и толку. Памет за друг пат.