насмев на лице, се е океј, а во себе врескам ко луда! А, на карај од тоа мое внатрешно врескање, ме моли глава!
Кога сум сама да, плачам. Ама кога не сум, е тогаш се смеам. Најчесто кога ќе се разочарам од нешто се фаќам за друго нешто, се занимавам со ситници, така да си го губам времето без врска, да ми помине денот. Никогаш не дозволувам некој да види дека со мене нешто не е во ред. Си собирам се во себе, ама кога некој ден ќе пукнам... е тогаш бегајте подалеку
Ако станува збор за разочарување во присуство на други, се смеам. Не буквално на глас, но воопшто не покажувам разочарување. Иситот миг кога ќе останам сама - плачам. Е сега зависи и од што сум се разочарала. Понекогаш стојам загледана во една точка долго време... Абе зависи од ситуација и од работата што ме разочарала..Различно е секогаш.
I get awesome. Не, стварно, кога ќе се разочарам за кратко се нервирам или се исплачувам убаво, а потоа добивам некоја желба да направам нешто продуктивно со мојот живот. Не паѓам во депресии и слично. Почнувам да пишувам или да читам нешто, да истражувам, или правам физички вежби... а се случувало и да се дотерам и да се нашминкам за да не заборавам дека сум всушност женска. А тие што ме разочаруваат, за гревче, си мислат лошо ми прават.
хмм..во последно време што плачка сум станата чудо...се нервирам дека,па пијам бедоксин,па ме фака желудник на нервна база,па одам да си купам облека или било што,онака површински да се исполнам..гуска
Бидејчи сум личност која за многу кратко време стекнува доверба и имам премногу очекувања од некого кога ќе се разочарам сум не дај Боже...плачам,ми се чини дека е крај на светот,дека никогаш нема да сум среќна,дека само мене ми се случуваат такви работи,слушам тажни песни ( за уште толку да се изнаплачам) на сите им кажувам колку ми е тешко. Ама затоа после неколку дена сум како нова.Ќе си излезам со другарките,ќе шмекнам некое убаво момче и ќе заборавам на се...па нека плаче тој што ме разочарал,зашто да плачам јас!
Ако се разочараш од некоја личност или од самиот себе? Ако е од самиот себе ќе ми биди тоа како поука да знам каков сум и да не се возвишувам премногу другпат и да се надевам многу во моите способности. Ако е од некоја личност ќе си спомнам дека никој не е совршен освен Бог, дека сите имаат слабости и ќе се обидам да му простам, но се рабира зависи за што станува збор, нешто можеби и ќе промрнам во односот кон него. Кажи малку поконкретно за што станува збор? поздрав
Најчесто се разочарувам кога нема да успеам во нешто и тогаш чувствувам празнина во мене, но набрзо ја снемува бидејќи веднаш имам налив на самодоверба и дека се ќе биде во ред или дека ќе успеам во вториот обид, исто така се разочарувам кога ме разочарува некој на кој 100 % сум му верувала, е тогаш се чувствувам како цел свет да се срушил врз мене, но тоа ми е само поука дека не треба многу да му се верува на луѓето денес(само на одредена група на луѓе).
Ако не можам да сторам ништо во врска со тоа , тешко ми е да се соочам со пораз па плачам малце и после дигам глава горе како ништо да не било
Си пуштам музика и одам на стаза да се истрчам дупло од тоа што го трчам во нормален ден. Муабет многу,многу нема,барем не од моја страна а ако се започне од другата страна,знам да исечам со јазик-моите зборови кога сум разочарана се тешки и не се препознавам кога ги изговарам.Не навредувам,само кажувам вистина.
Собирам во себе, и кога веќе ќе се прелие чашата, плачам, викам, знам и да скршам нешто пуштам музика, пишам дневник, сакам да седам сама.
Заспивам и сакам да заборавам се ама се знае тоа не е возможно така да слушам музика не се расплакувам пробувам да задржам во себе знам да бидам силна и да издржам се.
Кога ќе се разочарам физички сум присутна,но паметот ми лета на Марс или ако се разочарам за нешто што навистина многу ми значело ќе му ја здувнам да плачам околу 5 мин. и потоа сум старата јас, насмеана и весела како и секогаш
плачам плачам, плачам дури не се исцедам да исфрлам све што е во мене ќе ми треба ден два дури да се присоберам потоа сум скоро како нова продолжвам напред А ШТО ДРУГО НИ ПрЕоСтАНУВА НА НАС ХРАБРИТЕ