1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ручавме денес? (за деца од 1-3 години)

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 13 јуни 2012.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    7.150
    Пол:
    Женски
    Д: тост со абц и кашкавал и кисело млеко
    У: банана, плазма, интегрално колаче со какао
    Р: печени компири и цвекло и ќофтиња
    У: крекери
    В: пита со јајца и урда и грчки јогурт
     
  2. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    13+++
    Denes
    D: amarant so krusa,banana,jabolka i sok od portokal
    U1: pisii so sirence i jogurt i smokicki
    U2: Po edna napolitanka
    R:worried:arma od blitva so kiselo mlekce
    U: sutlijas
    V: tost so kaskvala i pavlaka
    Utre: Ran dorucek vo gradinka
    U: gradinka
    Ran rucek: gradinka
    E sega zaprv pat ke se za rucekvo gradinka pa ke vidime kolku ke jadat
    U: od denes od pojadokot
    R: spageti so sos
    U: sutlijas
    V: karamelino
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски

    Вчера
    Д: јајце со спанаќ и павлака;
    У: банана и киндер јајце;
    Р: салата од краставица и турлитава со телешко мевце;
    У: смоки;
    В: пица со кашкавал и печурки

    Денес
    Д: овесни снегулки со овошје, путер од кикирики и чиа;
    У: банана лепче со путер од кикирики;
    Р: салата од зелка, пилешка супа и копанчиња со ориз, пченка и грашок;
    У: чоколадна крофна;
    В: супа и јогурт :drunk:
     
    На Лаура82, sani99, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.287
    Мами за банана лепче ќе ми пишеш рецепт ?
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    По рецептот на мајката Ката го правам https://www.instagram.com/p/B3MGaVznE40/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
    Наместо 220гр брашно, ставам 200гр и уште 20гр какао. И горе пред печење му ставам малини, боровинки, аронија, тоа што имам низ дома.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Мајки дајте ми идеи за ручек манџи за со лажица јадење, веќе едно те исто вртам.
     
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.343
    Допаѓања:
    32.676
    Пол:
    Женски
    Моево пак ништо без лажица не јаде, ама има 14 месеци.
    Освен пасиран ручек, почна да јаде компир манџа, грашок со месо, зелка со ориз исто манџичка, јаде манџа со макарони и мелено месо...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.174
    Допаѓања:
    56.635
    Пол:
    Женски
    Рибна чорба?
    На мојот му е омиленото нешто. Со кокосово млеко од конзерва ја правам, чудно звучи додека не пробаш ама превкусна е.

    Друго што сака е супа со мини ќофтенца од телешко и ориз, на крајот се додава павлака, лимон и јајце и доаѓа ко крем супа.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    19.364
    Пол:
    Женски
    1.5 год

    Д: Тост со абц и кашкавал и јогурт (1/4 :?:)
    У: Шмукалче
    Р: Шпагети болоњезе
    У: Штанглица ( прејак збор :rofl: ) од ДМ со боровинки и банана
    В: Печени јуфки со урда

    Е вака ама ми е ќеф ко ќе можам да се пофалам у темава 8)
     
    На Knizhevnik11, zverkica, Speechless и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    4.431
    Па тие се едни те исти манџи :D.
    Грашак, леќа (црвена, зелена), боранија, грав, компир манџа, зелка манџа, еве и спанаќ како манџа можеш да го спремиш. Има кај ката во хајлајтс една со наут, батат и леќа. Или супи и тие се за со лажица, основен зеленчук за супа + житарка(просо/хељда/фиде) + пилешко или брокула или карфиол или тиква.

    Кога треба ручек да правам ништо не ми текнува, а овде одма 10 манџи набројав. (facepalm)

    @LivingGlam риба и кокосово или лошо разбрав? Ова мене ме интересира, ај рецепт :D
     
    На IRBBB, LiquidLuna и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Е тие се истите шо ги вртиме, зелка и боранија маж ми не јади, па нив преретко ги готвам, компир и грашок ги комбинирам во една манџа оти мене така ми е повкусно, зелена леќа син ми не јади. И пак 4 манџи дојдоа и супа шо веќе снушена ми е :drunk:

    Пиши рецептчиња кога ќе можиш.
    Рибна чорба немам пробано никогаш. :tmi:
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.174
    Допаѓања:
    56.635
    Пол:
    Женски
    За рибната користам црвена речна пастрмка.
    Треба прво да ја свариш некои 10-15 минути, ама не предолго зашто многу ќе се распаѓа во чорбата. Не ја оставај во жешката вода, одма извади ја да олади и да ја исчистиш.
    И ја чистиш мноооогу внимателно, посебно од ковчињата на грбот. Тоа е целата мака уствари, после е прелесно.
    Ситно сецкаш кромидче, пиперка, морков, пашканат, обавезно 3 или повеќе чешниња лукче... што имаш дома тоа. Ова направи го додека ти се вари рибата.
    Пропржуваш зелеленчукот на маслиново, па ја ставаш исчистената риба заедно да се пропржат. Ставаш зачини - сол, пипер, куркума, бибер, босилек... што обожавате тоа.
    Сега ставаш конзерва кокосово (од Стокомак земам, најубаво ми е и не знам колку е точна декларацијата ама нема глупости од состојки) и дотураш вода. Да ти се наполни тенџерчето ко за чорба, ама не премногу зашто погуста е поубава.
    Вариш 10тина минути.
    Ставаш една рака или мало филџанче ориз, претходно накиснат по можност. Сега може и ситно сецкан магдонос. Уште 15тина минути, и готова е.
    Лимон ако сакате во чинијата може.
    Навистина е преубава и син ми знам дека е најаден кога има ваква чорбичка. Е специфична, ама и повеќето возрасни што ја пробале ја обожаваат. За нас порано ставав и шкампи на крајот со оризот.

    За супата со ќофтенца еве рецепт
    https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Тема-mесо-во-сос.24946/page-242#post-3358464
    Може да пропржиш кромид, морков и зеленчук на почеток па да туриш зовриена вода, можда е повкусно така. Кога немам телешки буљон ставам зеленчукова коцка од ДМ. Ако имаш замрзнати ќофтенца прелесно и пребрзо е.
     
    Последна измена: 23 мај 2023
    На Mucika и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    7.150
    Пол:
    Женски
    Д: палента со јајце, сирење и кисело млеко
    У: плазма, банана, јаболко, чоколадирани јагоди
    Р: киноа со цвекло, брокула, пченка и грашок
    У: крекери
    В: овесни со чиа, јогурт, банана, малина, аронија
     
    На joy1 и Лаура82 им се допаѓа ова.
  14. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Sea u gradinka site mandzi ke gi projade. I mojata nejke viluska se na lazica e.
    Pokraj standard boranija leka grav grasok i filot.od puneta piperka,sarma ja jade so lazica. Musaka ke i go isecam kompirot na sitno i toa so lazica. Oriz isto-ne mi saka pilesko pa pocesto so pecurki go praam
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Многу сака манџи, ако не е ручекот манџа или барем супа да има, не ми јади, протестира. Затоа барав идеи, оти се едно исто вртам ми се чини- манџа со компир и грашок, боранија, зелка, сарма, мусака, леќа, грав, спанаќ со јогурт мешан и пак одново.
    Ми се снушија веќе и манџи и сѐ, ребренца свински ми се јадат. :angel:
     
    На mjay.yyy, zverkica и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Pa napraj si ti rebrence za tebe de i mandza prilog:D
     
    На mjay.yyy, Tiny Love и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    33.445
    Пол:
    Женски
    Прилог манџа, тоа е тоа :lol:
    Не ми се готват два ручеци, изгледа ќе треба да почнам да правам малку повеќе и да има и за следен ден да јаде манџа.
    Пр сабајлево стана, имав направено проја мафини, касна пола мафин со чаша јогурт и ми рече ти јади вакво, јас МАНДА сакам. И за доручек леќа јадеше. Ќе се отрујам, леќа. :drunk:
     
    На Knizhevnik11, zverkica, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    4.431
    Направи повеќе и замрзнувај :$
    Ние некогаш сакаме бургерче, па она јаде одмрзната манџичка :D
     
    На IRBBB и Tiny Love им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.343
    Допаѓања:
    32.676
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно друго прашање.
    Што со дете кое ептен малку пие вода?
    14 месеци, сменив 127337191 видови шишиња, шолји,чаши и не знам какви реквизити. Повеќе од 100-150 мл ( некогаш и толку не се) нема шанси да испие.
    Цица(ама активно и долго) три пати преку ден и уште толку можеби ноќе.
    А нудам обавезно цело време, не и не.
    Дајте некоја финта или трик.
     
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    150ml i cicanje mislam ok deka e